Контакт

Daily news

Анализа: Што сè влезе во војската на Асад – чудо што режимот во Дамаск издржа толку години!?

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

За време на граѓанската војна Башар Асад постојано се обидува да го  зајакне потенцијалот на лојалните режимски сили создавајќи  нови и нови надградби, од кои секоја има различен степен на зависност или независност од Дамаск.

 

И секоја од нив се потпира на поддршката на еден или друг задграничен или внатрешен спонзор.

 

Пред војната сириската армија вклучуваше 11 вооружени механизирани дивизии плус две дивизии со „специјални сили”, но притоа очигледно има вишок од оклопна техника и дефицит на лесни мобилни и добро подготвени единици.

 

Масовното напуштање стави крст на нивната потенцијалот, со исклучок на 4. механизирана дивизија, на 14-а и 15-а дивизја кои се ‘рбет, односно специјални сили, како и на „Републиканската гарда”.

Од дивизија се создадени 4 бригади, а врз основа на нивните штабови се изградени елементи на команди кои се потпираат врз територијален принцип.

 

Главен проблем е опременоста со персонал. Асад ја прифаќа стратегијата на своите противници, што им овозможува на сите лојални групи, партии и општествени движења да создаваат свои вооружени групи без управување со процесот од Дамаск.

 

Со создавање паравоени структури се зазедоа и партиски организации на партијата Баас, крупни бизнисмени (поврзани со режимот на Асад), дури и криминални заедници. Така уште во 2012 година бил делумно решен проблемот со комплетирањето на силите.

 

Овие нерегуларни формации со вкупна бројка од 40 илјади луѓе добиле општо име Чаби. Некои од единиците дејствувале на територијата на создавање, но формирани беа од страна на влијателни магнати чии сили можеле да бидат употребени во цела Сирија.

 

Генерално Чаби ја спасиле армијата од исцрпеност и дури во некои случаи се покажале поотпорни и поефикасни во урбани борби од ССА (Сириска арапска армија). Некои од овие единици добиле лоша слава поради злосторства против цивилното население.

 

На пример, во Алепо улогата на Чаби ја играле сунитскиот гангстерски клан „Бари”, кој се прославил со својата суровост. Истиот углед го имаат и христијанскиот криминален клан, кој ги контролира патиштата на шверцот во Ел Кусејра.

 

Во 2013 година Владата направи обиди да ги интегрира нерегуларните формации, како да биле создадени „Национални одбранбени сили” (НСО). Но, тука важно учествувале ирански воени советници.

 

Откако ССА дури со помош на НСО не била во можност да го скрши текот на војната, во земјата се појавуваат „шиитските џихадисти” – странски борци од различни шиитски организации од разни земји, кои од тој момент стануваат интегрален дел од вооружените сили на режимот – либанскиот  „Хезболах” и бројни други ирачки групи.

 

Во Сирија дејствуваат формации, потчинети непосредно на иранската команда „Ал Кудс”. Во камповите во Иран се повикани 18 илјади лица, од кои по 3-5 илјади се менуваат во Сирија во ротацијата. Овие единици имаат свои „подружници” меѓу сириските шиити.

 

Вкупната бројка на сите формации поврзани со Иран се проценува на 130 илјади лица – од кои 30 илјади се странски шиитски милитанти, а 100 илјади се сириски шиитски групи кои се наоѓаат под контрола на ирански воени советници и финансирани од Иран.

 

Постепено се формирала јасна „поделба на трудот” меѓу ССА и НСО каде армијата учествувала во поголема мера со тенкови и тешка механизирана опрема, а НСО – со пешадиски делови, понекогаш дури потпомогнати со армиски оклопни средства (БТР, БМП). Есента 2013 година се појавуваат „Силите на тигар”. Нивното формирање ја одразува вкупната слика на падот на редовните делови на ССА, нејзината целосна децентрализација и хаосот што владее кај силите на режимот.

 

Отпрвин повикани да станат уште една „елитна единица на армијата”, овие сили наоѓаат сериозни спонзори поврзани со разузнавањето на воздухопловните сили и ги извршуваат своите цели. Тие не само што не специјални сили на т.н. 14-та и 15-та дивизии, кои подоцна и слабеат со повлекувањето на повеќето подготвените борци. “Силите на тигар” и нејзините бригади „Силите на гепард” и „Силите на пантер” ги преземале најдобрите офицери од 4-а механизирана и 11-а резервна дивизија.

Конечно, “Силите на тигар” станаа целосно автономна „фракција” на сириските провладини сили, кои имаат свои резерни делови дури со руските Т-90 и други единици, обезбедувајќи им поголема независност.

“Сокол на пустината”, пак, е производ на целосно приватен проект, макар и поврзуван со ССА. Сега речиси не се среќава во воените дејствија.

 

Така целосно издлабени приватните единици кои дејствуваат во земјата за целите на режимот се „Катаиб ал-Џабалауи” и „Леопард на Хомс”, формиран од Рами Маклуф. Уште при интервенција на Русија во конфликтот, со учество на руски воени советници во провинцијата Латакија започнува формирањето на 4-и волонтерска дивизија, во која служат ветерани.

 

Тие се алтернативни на службата во ССА, но освен граѓанските плати борците добиваат и дополнителни средства. Формирањето на куќиштето завршува уште во 2015 година. Многу интересно е создавањето и еволуцијата на 5.  волонтерски корпус. Во неговите редови се привлечени амнестирани востаници и дезертери, како и заскитани воени службени лица.

 

При влегувањето во куќиштето (армијата) тие ги добиваат предвоените плати и воени премии. Обучени се под раководство на руски воени советници.

 

Во април годинава тие покажуваат исклучителна храброст во борбите за Хама. Соодветно е да се потсети дека новиот тренд во развојот на вооружените сили на режимот е зајакнувањето на Републиканската гарда, која пројавува да има инерција да ги проголта воено најспособните делови на ССА.

 

Така, во Алепо новосоздадената 30-а дивизија на „Републиканската гарда” ги обедини во своите редови прекалените борбени  единици кои учествуваа во ослободувањето на градот.крај/мф/кс

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија52 минути

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија3 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија4 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија5 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија7 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ8 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија8 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија8 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија11 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет11 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет11 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија11 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион12 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет12 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет12 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...