Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Дали скандинавскиот модел на оданочување е применлив во Македонија?!

Објавено пред

Во економската програма, СДСМ најави воведување прогресивен данок, наспроти досегашниот рамен данок, што беше политика на претходната власт. Владата на ВМРО-ДПМНЕ категорично беше против прогресивното оданочување бидејќи не отстапуваше од замислата земјата да се прикаже како рај за ниски даноци и тврдеше дека не сакаат им зададат удар врз џебот на граѓаните и компаниите. Идејата за прогресивно оданочување СДСМ ја презентираше уште во 2015 со проектот „Визијата за Македонија“ кога најави дека планира воведување персонален данок на доход со две стапки, 10% и 18%. Побогатите наместо 10% како досега, да плаќаат 18%. Економистите со поделени ставови, професорот Ванчо Узунов смета дека прогресивното оданочување е добар потег за разбивање на јазот помеѓу богатите и сиромашните.(10.47-12.23)

dobivaj vesti na viber

„Доколку јас како граѓанин земам плата, плус земам хонорари, плус имам акции и ми се исплаќа дивиденда или, пак, изнајмувам дуќан, сите овие приходи кога ќе се соберат прават сума над 1000 евра. За парите над оваа квота ќе треба да платам повисок данок, и тоа е в ред затоа што јас пак останувам побогат во однос на другите. Но, со тек на време овој данок е предвидено да ја врати средната класа. Многу е логично и нема потреба да се плашиме од него, доколку сме способни можеме да заработиме во нормални пазарни услови. Но, кога ќе го платам, ќе отворам четири очи каде власта ги троши моите пари, нема да дозволам нетранспарентност, скриени игри и лаги. За разлика од прогресивниот, рамен данок е феудален данок, уште од турско, кога сите плаќале десеток на султанот“, смета Узунов.

Дел од експертите, пак, предупредуваат дека менувањето на даночната политика е сензитивно прашање и чекорите кон воведување нови начини на оданочување треба да бидат одмерени и во склад со економските текови во државата. Прогресивното оданочување, како што објаснува професорот Маријан Петрески, е карактеристично за развиените западно-европски држави, а најкарактеристичен е во Скандинавија каде што има неколку стапки. Но, според Петрески, помеѓу економиите на Македонија и скандинавските држави нема место за споредба.(10.50-12.10)

„Доколку е крајно решение да се воведе овој начин на оданочување потребно е да се процени кога е моментот, во која фаза од развојот. Тука мислам да се размисли, дека е добро економијата да забревта, по цена ете условно речено да се зголеми нееднаквоста меѓу населението и кога има висок раст, висок БДП и тогаш да се воведе. Сметам дека една од анализите треба да се темели токму на овој факт. Се алудира во јавноста на прогресивните даноци во скандинавските земји, но сметам дека е сосема депласирана таа споредба. Тие се на друго ниво на економски развој, висок БДП, висока стапка на извоз и речиси да не постои сиромаштија. Затоа, доколку целиме да ја стигнеме Шведска, треба добро да го осмислиме патот по кој ќе се движиме“

Узунов смета дека прогресивното оданочување нема да влијае врз бизнисот и инвестициите во државата затоа што со него се оданочува приходот на поединецот, а не добивката на компанијата.(6.45-7.35)

„Постојат два вида директни даноци, едниот е данок на добивка, другиот е персонален данок. Данокот на добивка го плаќаат правните лица и тој ќе си остане ист, односно 10% од добивката што ја остваруваат, како и досега. Ако фирмите откако ќе го платат овој данок имаат профит и решат да го реинвестираат, тогаш акционерите не добиваат ништо, приказната завршува тука. Но, доколку добивката ја поделат како дивиденда, таа веќе влегува во пријавата за персонален данок на доход и претставува основа за пресметка за оданочување.“

Од друга страна, Петрески смета дека прогресивниот даночен систем може да предизвика бумеранг-ефект во економијата. Како пример го наведе ИТ секторот, каде што платите и приходите се повисоки. Според него, ова би можело да предизвика уште поголем одлив на мозоци, со тоа би стагнирал и овој сектор.(12.25

„Во таа анализа на доходите треба да се види кои се тие најбогати слоеви и како би се зафаќало од нив. Дали тие нивни доходи се резултат на рамниот данок или на нешто друго. Но, за потсетување, СДСМ во ‘Вистината за Македонија’ објави дека одредени луѓе се богателе не поради даноците туку влијаеле други фактори. Треба се внимава и на границата на прагот на оданочување затоа што мора да се води сметка за бихевиоралниот одговор на луѓето што ќе бидат оданочени. Во ИТ-секторот и здравството вработените примаат највисоки плати, односно над 1000 евра. Повисокото оданочување на тие луѓе може да резултира со нов одлив, односно иселување од државата. Затоа што од овие сектори може многу лесно да најдат работа во Германија и други западно-европски држави“, додава професорот Петрески.

Од балканските држави рамен данок имаат Бугарија, Романија и Србија. Додека Словенија и Хрватска имаат прогресивни даноци. Во Европа рамни даноци плаќаат Унгарија, Литванија, Естонија и Летонија.

Инаку, рамниот данок во Македонија беше воведен во 2008 година кога даночните стапки на данокот на доход и персонален данок од 24%, 18% и 15% беа израмнети на 10%.

Габриела Д. Мишевска



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија1 час

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија2 часа

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија3 часа

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија5 часа

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ6 часа

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија6 часа

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија6 часа

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...

Македонија9 часа

Ванковска: Преспанскиот и бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет9 часа

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет9 часа

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско, каде што мостот...

Македонија10 часа

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион10 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет10 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет10 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија1 ден

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија1 ден

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија1 ден

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија1 ден

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија1 ден

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија1 ден

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...