Контакт

Daily news

(ВИДЕО) Заев за разрешувањето на Зврлевски: Очекувам експертско решение за Републички јавен обвинител

Објавено пред

 

dobivaj vesti na viber

Македонскиот премиер Зоран Заев денеска на тетовско при посета на погодените подрачја од поплавите одговори на повеќе прашања

Со што ќе интеревнира централната и градска власт, кога се очекува да се расчисти овој нанос и да биде прооден патот?

-Втората комисија која е за инфраструктурата, треба да ги направи проценките на штетите на инфраструктурата и да ја употреби целата механизација што и стои на располагање од државен апскет. Општината веќе интервенира со своите механизации со сите свои ресурси кои и стојат на располагање. Мислам дека и Дирекцијата за заштита и спасување е исто така вградена и вклучена со целата своја механизација која што може да помогне од овој дел на Македонија. Целта е да се искористат сите потенцијали што постојат во општеството, и државни и општински, за да може да ги решаваме проблемите на граѓаните.

За колку време треба да се санира ова?

Штом комисиите утре веќе ќе бидат на терен, согласно одлуките на Владата, ние ќе можеме да ја дадеме уште посилната интервенција од страна на Владата. Навистина, Дирекцијата за заштита и спасување е веќе на терен, општината е на терен, сите се активни во тој дел, гледате и противпожарните станиц се на терен и државата со нејзино вклучување и верувам дека ден поскоро ќе се расчисти и ќе се враќа во нормала животот на граѓаните од Порој.

Од која фела ќе биде заменикот на Зврлевски и дали поддржувате некоја од специјалните обвинителки да биде на негово место?

Јас мислам дека ниту јас ниту кој било политичар треба да има вмешување на политички амбиции во делот на идниот државен обвинител. Целта е да почнат реформите од секој аспект, од кој како што знаете едни од најзначајните се реформите во правосудството. Првото значајно исчекорување во реформите во правосудството, тоа е експертското решеније коешто треба да биде поставено на местотот државен јавен обвинител, од тука ќе покажеме колку навистина сме подготвени како општество да ги отпочнеме реформите, со конечен ефект независно правосудство, независно судство, и независно државно обвинителство. Јас не алудирам ниту размислувам за вакви решенија, ги очекувам решенијата да излезат на површина, согласно процедурите којшто ќе се одвијат тие процедури отпочнуваат штом заврши постапката за разрешување на државниот јавен обвинител, господинот Марко Зврлевски, јас се уште се надевам дека ќе го убрза или ќе го олесни процесот со поднесување на оставката. Ние денеска ја отпочнавме процедурата со барање на мислење до Советот на јавни обвинители за разрешување на господинот Зврлевски, верувам дека и тој е да ја вратиме правната држава, да ја вратиме на тоа да важи законот еднакво за сите да се вкучиме сите и да помогнеме на отпочнатиот процес, штом ќе бидат отпочнати процесите за номинирање или постапката за избор на државен обвинител ќе ја отвориме дебатата на многу транспарентен начин, очекувам експертски решенија, очекувам мотивација на квалитетни луѓе којшто ќе се фатат со костец, а ќе имаат шанса да испишат и своја лична историја преку историјата за Република Македонија во функција на враќањето на правната држава.

За замениците министри?

Работните групи веќе работат.

Имаше денеска најавено и лидерска средба, ни кажаа дека е одложена дали ќе има? Зошто е најавена?

Еден дел од лидерската средба се случи по телефон, еден дел од лидерската средба ќе се случи утре, но ние сме само тие што ги даваме насоките пред се во форма на формирање на работните групи и комисиите којшто треба да носат одлуки, час покоро да се номинираат функционерите којшто ќе ја преземат одговорноста во соодветните институции за да можеме да се зафатиме веднаш со работа. Имаме одлична соработка, меѓусебното разбирање е на високо ниво помеѓу сите партиципиенти и партнери во владеачката коалиција и верувам дека ќе изнајдеме максимално квалитетни решенија за сите позиции, водејќи се од императивот дека стручноста на човекот, подготвеноста да биде сервис на граѓаните, ќе биде приматот при одлучувањето за сите позиции.

До каде е постапката за Чавков, за разрешување?

Постапката за Чавков ја очекуваме на некоја од следните седници, веројатно веќе на наредната  редовно ќе се одржуваат секој вторник во 12 часот да разгледаме во функција на промена на раководните кадри во МВР, мислам на Директорот на БЈБ и на Директорот на УБК.

За имињата на замениците министрти, до каде е процесот?

Почнаа разговорите јас дадов насоки на работните групи. Како премиер мене ми се важни овие позиции затоа што тие се дел од првиот тим на секој ресор, министерот, па заменик министерот, па после него е државниот секретар. Намерата не е заменикот да го заменува министерот, тогаш кога тој е надвор од државата, туку да опфати еден аспект од неговото функционирање во самото министерство и сите како тим да работат во изршувањето на задачите и исполнувањето на очекувањата на граѓаните. Насоките се дадени, квалитетни кадри очекуваме, не ми е важно која политичка партија или граѓанска група или експерт ќе биде на одредени места, важно ми е квалитетот на човекот што ќе биде даден. Согласно тоа очекувам силно одржување на првите луѓе во самите министерства во функција на побрзо решавање на проблемите на граѓаните.

Има информација дека во понделник ќе ја имате првата официјална посета во Брисел како премиер на Македонија, дали можете да ги потврдите овие информации?

Јас сум среќен веќе е потврдена информацијата веќе е заокружен секој сегмент на посетата, но тоа што се знае во функција на транспарентноста ќе го објаснам, веќе е потвредена посетата со комесраот Хан во моментот таа ни е најважна заради тоа што треба да го постигнеме договорот на првите реформиски приоритети со којшто ќе се зафати Владата согласно Прибе извештајот и итните реформски приоритети како и согласно извшетајот на Европската Унија, ние веќе тимовите сме подговтени со засукани ракаваи, подготвени да се втурнеме во процесот на работа се надевам дека ќе оствариме средби и со други високи претставници на Евопската Унија како што е Јункер, Туск, Могерини за да можеме генерално да ги сублимираме сите очекувања на високите институции на ЕУ за да работите којшто ќе се спроведат во РМ да бидат прецизни, точни, навремени, и согласно очекувањата на граѓаните, но секако и на ЕУ, така што еве првата официјална посета надвор од Македонија, моја на потпретседателот на Владата Бујар Османи, на Министерот за Надворешни Работи и некоклу други околку нас ќе бидеме во Брисел во ЕУ. Веднаш после тоа веројатно следува посета на една сосдните земји јас верувам дека ќе биде тоа Република Бугарија, зошто заради тоа што Република Бугарија ќе биде претседавач со ЕУ од први јанувари, а е целосно подготвена да и помогне на Македонија како свој сосед во интегративните процеси самите вакви најави значат засилена активност, сериозно мотивирана прво внатре во државата со помош на пријателите од ЕУ со помош на соседите на Р.Македонија да ја придвижиме силно Македонија кон полноправно членство во НАТО и ЕУ.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, праша Арсовска

Градоначалничката на град Скопје, Данела Арсовска, праша врз основа на кој проект е продолжена реконструкцијата на Универзалната сала, како и...

Македонија12 часа

Намален е бројот на ученици во училиштата во државата

Намален е бројот на ученици во основните и средните училишта, во учебната 2022/2023 година, укажуваат податоците во извештајот на Државниот...

Македонија12 часа

Со нова систематизација Синдикатот на „Македонска пошта“ сам ќе ги укине вработените што не доаѓаат на работа оти Владата и Управниот одбор молчат

Синдикатот на „Македонска пошта“, во соработка со вработените и со ангажирање експерти, ќе подготви нова систематизација, која ќе ја достави...

Македонија12 часа

„Немам партиска книшка, само крводарителска“ – приватните специјализанти реагираат на изјавата на Демири за политичка заднина на штрајкот

Штрајкот на приватните специјализанти продолжи и денес и како што најавуваат ќе трае додека не добијат на писмено од Владата...

Свет13 часа

Израел: Мораме да го запреме Иран пред да биде предоцна, воведете му санкции

Министерот за надворешни работи на Израел, Израел Кац, денеска ги повика земјите да воведат санкции за ракетната програма на Иран...

Свет13 часа

Иран: Следниот напад ќе биде во рок од неколку секунди

Се’ повеќе високи ирански претставници ги предупредуваат и Израел и Западот за последиците од можната израелска одмазда. Така, иранскиот воен...

Македонија14 часа

ВМРО-ДПМНЕ: Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски

Во ЕУ не се оди со политичари како Пендаровски. Во ЕУ се почитуваат основните човекови права и се унапредуваат, а...

Македонија14 часа

Стојаноска во Тетово: угостителите сезонски се селат во други држави, не се задоволни од актуелната власт

Вчерашниот ден Дафина Стојаноска – членка на ИК на ВМРО-ДПМНЕ го искористи и за средба со Здружението на угостители од...

Регион14 часа

Го искористи правото да не сведочи: заврши сослушувањето на мајката на осомничениот за убиството на Данка Илиќ

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ го искористи законското право да...

Свет15 часа

Полицијата нападот во црквата во Сиднеј го карактеризира како терористички чин, напаѓачот уапсен

Австралиската полиција го прогласи прободувањето со нож во црква во Сиднеј за верски мотивиран „терористички чин“. Момче (15) е уапсено...

Свет15 часа

Иран зад себе има незамислива сила, која е закана за целиот свет: група од најбруталните терористи подготвени да интервенираат

Иранскиот напад врз Израел го отвори патот за нова ескалација на Блискиот Исток. Директен конфликт меѓу овие две земји ќе...

Регион15 часа

Земјотрес ја погоди Грција

Земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала утрово ја погоди Грција. Епицентарот на земјотресот бил на Крит на...

Македонија1 ден

Силјановска -Давкова: Ќе се залагам АРМ секогаш да ги исполнува НАТО стандардите и да вклучва повеќе жени

„Претседателот е врховен командант на вооружените сили. А вооружените сили се бранителот на територијалната независност и интегритет на Македонија. Во...

Македонија1 ден

(Видео) „Ако го интересира Мицкоски кој од неговите најблиски соработници биле кај мене, ќе му кажам“, рече Пендаровски

Вечерва претседателскиот кандидат Стево Пендаровски беше меѓу жителите на Гази Баба и одговараше на нивните прашања. Граѓаните побараа одговор дали...

Македонија1 ден

Протестите на специјализантите имаат политичка заднина, колкав притисок и да прават, решение е можно по изборите, вели Демири

Министерот за здравство ги поддржува барањата за поголеми плати и платени придонеси на приватните специјализанти, но нема мерки што би...

Македонија1 ден

Демири: Ќе предложам невакцинирани да не може да се вработат во јавното здравство

Министерот за здравство во техничката Влада, Илир Демири, ќе побара законски измени со кои ќе биде забрането во јавното здравство...

Македонија1 ден

Деветвалентната ХПВ-вакцина, која спречува 80 отсто од аналниот карцином и 70 отсто од карциномот на грлото на матката, достапна кај нас од следниот месец

За еден месец сите вакцинални пунктови ќе ја добијат деветвалентната ХПВ-вакцина, која од оваа година, покрај девојчињата на возраст од...

Македонија1 ден

Припадници на затворската полиција се сомничат дека му овозможиле на осуденикот да побегне од Идризово – може да добијат и до 10 години затвор

Седумнаесет полицајци се приведени по повеќемесечна предистражна постапка за бегството на затвореникот од Идризово, кое се случи во октомври минатата година....

Македонија1 ден

Османи со порака до Израел: Воздржете се од возвраќање, спиралата на конфликти може да се влоши

Министерот за надворешни работи Бујар Османи порача до Израел да не возраќа на нападот на Иран бидејќи состојбата може да...

Uncategorized1 ден

Укината социјалната помош на 1.134 лица оти имале возило и за 18 месеци ја оштетиле државата за над 2,5 милиона евра

Министерството за труд изготвило 1.134 решенија за прекин на гарантирана минимална помош и социјална пензија на лица што 18 месеци...