Контакт

Daily news

ВМРО-ДПМНЕ: Обвиненијата на СЈО се пример за политички конструирани случаи

Објавено пред

СЈО е партиско претставништво на СДС и има за цел спроведување на нарачаните хајки против врвот на ВМРО-ДПМНЕ. Предметите кои СЈО ги покренува се правно неиздржани, без правни основи и докази, истите се засноваат на политички конструкции и се водат исклучиво против функционери на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

Според него, целта на монтираните случаи на СЈО е луѓето неосновано да се оцрнат, а партијата да се доведе во неповолна ситуација за претстојните локални избори. Мерките кои СЈО ги бара се правно неаргументирани, а истите служат само како материјал за медиумите на СДС за оцрнување на ВМРО-ДПМНЕ во очите на јавноста.

„Случајот ‘Триста’ е подеднакво апсурден како и другите кои го поткренува СЈО. Никој од осомничените не се стекнал ниту со еден денар материјална корист, а СДС лажеше дека се краделе милијарди. Впрочем, возилата уште се во сопственост на МВР и државата, а дел од тие кои беа набавени сега се во возниот парк на СЈО и ги управуваат нивните вработени.

Случајот „Триста“, кој се однесува на набавка на возила за потребите на МВР исто како и сите други случаи на СЈО е политичка конструкција без основни докази. Имено, возилата набавени од страна на МВР се набавени во целосно јавна и транспарентна постапка. Набавката е поделена на ЛОТ-ови за потребата на оперативниот дел на Бирото за јавна безбедност.

Целта била возилата да се различни по боја, производител и кубикажа за да не се познава дека се полициски. Единствениот грев кој го гледа СЈО е дека требало да биде избрана само најниската понуда, што практично би значело избор на исти возила кои би биле впечатливи и по чие излегување на улица секој би знаел или би можел да претпостави дека се полициски.

Сите случаи кои СЈО ги поткрена почнувајќи од „ТНТ“, „ТЕНК“, „Траекторија“ и другите монтирани случаи немаат правна аргументација, а барањата на мерките за претпазливост се исто така не аргументирани и без основа. Предметите и обвиненијата на СЈО се типичен пример за политички конструирани случаи кои ниту еден суд нема да ги прифати.

Целата хајка која СЈО/СДС ја водат против ВМРО-ДПМНЕ е со цел власта да може порелаксирано да ги исполни дадените ветувања за смена на името на државата, името на јазикот, името на нацијата и воопшто идентитетот.

Жалбите на СЈО пред апелација се само обид да се изврши притисок врз судот да не ја поништи одлуката на првостепениот суд.

ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија и нејзините функционери било како носители на партиска функција или во времето додека извршувале државна функција работеле и работат согласно закон.

Хајката која СЈО ја води за потребите на СДС нема никаква врска со правото, тука станува збор за чист политички креиран случај“, изјави Дарко Костовски.

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија16 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија17 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија18 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија18 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија20 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет22 часа

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион23 часа

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија23 часа

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион24 часа

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет24 часа

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет24 часа

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...

Свет2 дена

Бајден за уривањето на мостот во Балтимор: Бројот на исчезнатите може да се промени, владата ќе ги плати трошоците за поправка

Американскиот претседател Џо Бајден изјави дека судбината на исчезнатите во несреќата може да се промени и дека владата ќе ги...

Европа2 дена

(Видео) За масакрот во Москва уапсени татко и два сина: „Им помагаа на терористите“

Уапсени се уште тројца осомничени во врска со терористичкиот напад во петокот во Москва, во кој загинаа 139 лица. Браќата...

Македонија2 дена

(Видео) Над 5.000 деца се на листи на чекање, пет минути работа е да ги изгласате измените, им порача Велковски на пратениците од СДСМ и ДУИ  

На неколку дена пред распуштање на Собранието предлог законските измени на Законот за заштита на децата, кој беше предложен од...

Свет2 дена

(Видео) Откриено зошто бродот удрил во мостот, сè помали шансите да се најдат преживеани во несреќата кај Балтимор

Контејнерскиот брод „Дали“ останал без погон додека го напуштал пристаништето, а екипажот на бродот ги предупредил претставниците на Мериленд за...

Македонија2 дена

Термин за итна постапка за пасош се добива за еден ден, вели Тошковски

Термин за итна постапка за фотографирање за пасош во Скопје се добива за еден ден, соопшти утрово техничкиот министер за...

Македонија2 дена

Бојмацалиев: 2017/2023 Одделот за криминалистичка полиција заплени дрога во вредност 426 милиони евра

Дополнителниот заменик-министер за внатрешни работи, Митко Бојмацалиев, го посети Одделот за криминалистичка полиција, каде што оствари средба со раководството на...

Свет2 дена

Руските истражители ги испрашуваат семејствата на осомничените за терористичкиот напад во Москва: Русите итно отпатувале во Таџикистан

Руските истражители во Таџикистан ги испрашуваат семејствата на осомничените за нападот во концертната сала „Крокус сити хол“ во близина на...