Контакт

Daily news

Делев: Мерките што ги презема Владата се антиреформски

Објавено пред

Мерките што ги презема Владата на црната тројка Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски и повеќе ќе предизвикаат штета отколку полза за граѓаните. Од овие мерки нема да имаат корист ниту домашните ниту странските инвеститори во државата. Овие мерки не го адресираат главниот проблем во државата. Овие мерки не го адресираат проблемот на невработеноста, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

dobivaj vesti na viber

– Според новите мерки, трудоинтензивните сектори кои вработуваат многу луѓе во Македонија нема да се субвенционираат, а тие сектори се текстилната, кожарската и автомобилската индустрија, како и градежништвото. Компаниите од секторот како „Џонсон Мети“, „Дрексел Мајер“, „Костал“, „Леар“, „Кромберт и Шуберт“ со нивните мерки не можат да добиваат државна помош и тие ќе одат во соседните држави каде што има мерки за овој сектор. Со новите мерки се врши дискриминација на компаниите што спаѓаат во трудоинтензивната област, односно оние што ангажираат нискоквалификувана работна сила, која, патем, е најголемиот дел од невработената група граѓани. Тоа значи дека фирмите што ангажираат по 1.000, 2.000, па и 6.000 работници и од кои егзистираат цели градови и региони нема да имаат никаква корист од мерките на Владата на црната економска тројка од проста причина што кога биле креирани мерките, се гледало да им се удоволи на нивните бизнис-потреби. Компаниите што ангажираат ваков кадар и кои нема да добијат субвенции логично дека ќе почнат да размислуваат да ја напуштат Македонија и да заминат во други земји од регионот каде што нема вакви дискриминирачки ограничувања. Така, наместо некој град во Македонија да добие фабрика од 2.500 вработувања, таа фабрика ќе ја добие некој град во Србија, Романија или Молдавија. Сега овие нискоквалификувани граѓани, кои и онака имаат најголем проблем да се вработат, уште потешко ќе се вработуваат, а и оние што се вработени може лесно да ги изгубат своите работни места. Ова сериозно ја загрозува вработеноста во државата. Ова сериозно може да влијае и врз пазарот на труд бидејќи со зголемување на невработените ќе се изгуби можноста работодавците да бидат што е можно поконкурентни и да ја зголемуваат понудата за плата за ангажирање работници. Корист од тоа ќе имаат работодавците, како фирмите на Заеви, нивниот бизнис-картел и транзициските бизнисмени, кои на тој начин ќе си ја зачуваат својата комотна позиција да ги држат платите ниски и да не се натпреваруваат со други инвеститори за ангажирање работници. Вака добиваат сигурна заштита на својот профит. Затоа на газдите од кланот Заеви или газда Кочо им пречат странските компании и гледаат да спречат нивно влегување или по можност да ги избркаат за да не мора да им ја покачуваат платата на своите вработени. Затоа креираа дискриминирачки мерки кои треба на повеќето фирми да им предизвикаат штета, а на своите сигурност и ниски трошоци за плати – истакна Христијан Делев од ВМРО-ДПМНЕ.

Тој потенцира дека на овој начин народот ќе се осиромашува на сметка на растот на нивното богатство и бизнис-империи.

– За да бидат сигурни дека некој и покрај влошените услови, сепак, сака да инвестира во Македонија, црната тројка смислила и уште една обесхрабрувачка мерка. Имено, Заев и Анѓушев предвиделе дека субвенциите ќе ги добиваат само ако компаниите ги зголемуваат приходите. Тоа значи дека ако западнат во криза и во првите две години кои се најтешки, патем речено со почнување нов бизнис, субвенциите ќе им се укинат со цел побрзо да заминат. Мерките што вчера ги објави Владата на СДС се први мерки по 11 години, мерки што не се базирани на никакви анализи, планови или економски теории за раст на економијата, овие мерки повеќе личат на почетнички труд за ученик од средно образование или сугестија на нивните консултанти од Србија. Овие мерки се и спротивни на сите меѓународни договори за слободна трговија. Директните субвенции на извозот може сериозно да предизвикаат контра заштитни мерки од земјите членки на ЕУ, ЦЕФТА, ЕФТА, како и СТО. Дополнително овие мерки на крајот се и неспроведливи, само лаички нафрлени, нема ниту збор како ќе се имплементираат. Во оваа Влада ниту има капацитет ниту знае дека за овие мерки, покрај усогласеноста со ЕУ-директивите, како почетна фаза од креирањето на овие мерки треба и да се создаде и структура што ќе личи на платежна агенција за да може овие апликативни мерки да се имплементираат. Еве, ова е бизнис-логиката на црната тројка Зоран Заев, Анѓушев и Тевдовски. Да се заштитат личните и партиските бизнис-интереси на сметка на работниците и инвеститорите што се охрабриле и инвестирале во одреден град во Македонија. Граѓаните веќе ја чувствуваат оваа штетна политика на својот грб и многу бргу, на локалните избори, ќе ја казнат бидејќи економијата оди во надолна линија, постои сериозна опасност од заминување на инвеститорите и зголемување на невработеноста. Тоа е штетно и мора што побргу да се стави крај на оваа штетна политика – рече Делев.

 

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија9 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија10 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија12 часа

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија14 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија16 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија17 часа

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет17 часа

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија17 часа

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет18 часа

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија18 часа

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет18 часа

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....

Македонија1 ден

Приватните спцецијализнати протестираа со куфери: „ Над 70 отсто од студентите по медицина активно учат германски“

Со куфери приватните специјализанти протестираа и денес пред Министерството за здравство. Претседателката на Здружението на лекари специјализанти, доктор Александра Георгиева,...

Македонија1 ден

Лекарите од токсикологија: Стигнавме до 8 админитративци и 3 секретари, а не сакаат да вработат биолози и болничар

Нико Беќаровски заедно со уште пет докторки од Стручниот колегиум на Клиниката за токсикологија јавно ја прозваа економската директорка на...

Македонија1 ден

Демири нема забелешки за работата на директорката на Токсикологија, Иљази, ќе го разреши медицинскиот директор Петровски

Министерот за здравство Илир Демири најави разрешување на медицинскиот директор на Клиниката за токсикологија, но не и за економската директорка....

Македонија1 ден

Лични документи може да се подигнат и в среда

Во пресрет на претстојните претседателски избори, што ќе се одржат в среда на 24 април 2024 година, Министерството за внатрешни...

Македонија2 дена

Шаќири подготвен да го повлече дописот за одработување на деновите за изборите во училиштата ако се најде друго решение

Министерот за образование, Јетон Шаќири, е подготвен да го повлече дописот што минатата недела го испрати до основните училишта за...

Економија2 дена

Од полноќ нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика донесе oдлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за...

Македонија2 дена

Вечерва ќе сопрат кампањите за избор на претседател, молкот почнува на полноќ

Со денешниот ден завршува изборната кампања за првиот круг од претседателските избори 2024 година, односно од полноќ почнува изборниот молк...

Македонија2 дена

„Ахмети, кревај рачна кочница на време, Мицкоски не е сам“, му порача Ангелов на лидерот на ДУИ

Директорот на Центарот за управување со кризи, лидер на Достоинство и дел од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ, Стојанче Ангелов денеска преку...

Македонија2 дена

Европскиот фронт: Мицкоски на тешкo дереџе, спасот го бара кај Левицата

„Мицкоски и ВМРО никако да да ја сокријат нервозата и паниката од ДУИ и од Европскиот фронт. На кое дереџе...