Контакт

Daily news

Доделена десеттата годишна Национална награда за најдобри општествено одговорни практики

Објавено пред

Република Македонија заедно со другите земји е посветена на имплементацијата на целите за одржлив развој кои се тесно поврзани со корпоративната општествена одговорност. За тоа не постои законска обврска. Постои цивилизациска, хумана, човечка обврска, која е многу посилна од законската, изјави премиерот Зоран Заев во рамките на десеттата јубилејна традиционална годишна манифестација – Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија, кои се реализирани во текот на последната година.

dobivaj vesti na viber

„Суштината на целите за одржлив развој е елегантно доловена во една единствена реченица: ‘Никој да не биде изоставен’. Ова е нашиот водечки принцип во сè што правиме. Драго ни е што реформската програма на Владата е заснована врз истиот принцип“, рече Заев.

На манифестацијата се обрати и министерот за економија, Крешник Бектеши, кој пред присутните порача дека само со претпријатија што со своето транспарентно и етичко однесување покажуваат дека нивната цел не е само создавање профит, туку и зачувување на животната средина и унапредување на социјалното милје, со што придонесуваат за одржлив развој и просперитет во заедницата во која живеат и работат, ќе можеме да кажеме дека успеавме во намерата да имаме развиен концепт на општествена одговорност на претпријатијата, а од нашата држава да направиме подобро место за живеење.

Според амбасадорот на ЕУ, Самуел Жбогар, во услови на пазарна економија сосема е логично компаниите да се стремат кон профит, но за да постигнат одржлив развој, неопходно е истовремено да водат сметка за условите во средината во која функционираат.

„ЕУ го поддржува воведувањето на концептот на ООП во Република Македонија од 2007 година до денес, а овој концепт е составен сегмент од Стратегијата 2020 во делот на паметен, одржлив и инклузивен раст“, истакна Жбогар.

Претседателот на КТООП, Александар Николов, потсетувајќи се на првичната идеја за воведувањето на наградата пред 10 години, го изрази своето задоволство што компаните го препознаа и економскиот и општествениот потенцијал на општествено одговорните проекти.

Извршниот претседател на Бизнис-конфедерацијата како проектен партнер од Македонија, Миле Бошков, истакна дека концептот на општествена одговорност претставува можност за искористување на потенцијалите на најдобар можен начин, па со усогласени мерки и политики да се дојде до економски раст на државата.

На конкурсот за годинашнава награда беа пријавени 34 проекти од 25 претпријатија, од кои 10 мали и средни претпријатија, кои аплицираа со 10 проекти, а 15 големи претпријатија на конкурсот доставија 24 проекти. Притоа оваа година првпат аплицираа 8 претпријатија, односно 32 отсто од вкупниот број, што говори дека интересот на фирмите за учество во наградата од година на година се зголемува. А покрај стандардните категории, односот кон вработените, етичкото управување, односите на пазарот, односот кон животната средина и вложувањето во заедницата, и годинава третпат беше доделено признание за најинвентивна практика.
Општествено одговорните проекти на „Адора инженеринг“ („Со екодомови 15 години градиме зелени градови во Македонија“), „Алкалоид“ („Имплементација на систем за управување со таленти во ‘Алкалоид’“), Градежен институт – Македонија („ГИМ – најеколошка компанија“), „ЕВН Македонија“ („Изложбен центар – Матка“), „Окта“ („Јас внимавам“), „Раде Кончар – ТЕП“ („Холигноза“), „Рамстор Македонија“ (ISO 22000:2005), „Скопски легури“ („Од отпад до производ“) и „Фармахем“ („Заедно создаваме подобар свет“) годинава се закитија со Националната награда за најдобри општествено одговорни практики на претпријатијата во Македонија 2017, и тоа во вид на статуетки во петте категории.

Плакети, пак, добија проектите на „Оне.Вип“ („Колективен договор на ‘Оне.Вип’), „Рамстор“ („Дуќанот е наш“), „Даути комерц“ („Еднакви можности за сите“), „Орка холдинг“ („Нашите вработени – најважниот ресурс на компанијата“), ПУ Центар за ран детски развој „Бонбончиња“ – Битола („Во ‘Бонбочиња’ растат одговорни, воспитани и емпатични деца“), „ЕВН Македонија“ („Платформа за енергетска ефикасност – Енергетска математика – Нова генерација, како и да ја заштитиме природата од опасниот отпад“), Охридска банка („Осигурување на денарската трансакциска сметка и осигурување на денарскиот депозит), „Пакомак“ („Зелена планета“), Факултетот за арт и дизајн при ЕУРМ („Природата нѐ повикува“), Шпаркасе банка („Хуманитарна акција за поплавените подрачја“), „ИТД -Дистрибуција („Компјутерска соба“), Стопанска банка – Скопје („Сонуваме. Менуваме“) и „Адора инженеринг“ („Нов дом за безгрижна старост на Трајкови во Дедино“).

Признанието за најинвентивна практика го доби претпријатието „Скопски легури“ со проектот „Од отпад до производ“.

Во изминатиот 10-годишен период 173 македонски претпријатија пријавија 540 добри општествено одговорни практики, од кои наградени беа 252 добри практики од пет области на општествената одговорност, од кои 101 со статуетки, а 151 со плакети.

Добитници на јубилејните признанија за најнаградувани компани во групата мали и средни претпријатија се: „Раде Кончар – ТЕП“, „Фармахем“, „Донија“ – Прилеп, „Пакомак“, „Дуна компјутери“ и „Раде Кончар – Сервис“, а кај големите претпријатија со најмногу освоени награди за најдобри општествено одговорни практики во изминатите 10 години се: „ЕВН Македонија“, „Цементарница Усје“, „Фени индустри“ – Кавадарци, „Адора инженеринг“ и „Алкалоид“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија9 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија9 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија9 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија14 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија14 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија15 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија18 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија19 часа

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет20 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет20 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија21 час

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија21 час

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет21 час

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет21 час

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет21 час

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...