Контакт

Daily news

До работа преку социјалните мрежи

Објавено пред

Во нашиот регион работодавачите и новите вработени треба да го унапредат користењето на социјалните медиуми со цел врабботувања.

dobivaj vesti na viber

Иако пополнувањето на работните места и понатаму се врши преку конвенционални медиуми, како и преку посебни агенции и компании за вработување, социјалните мрежи, полека но сигурно го преземаат приматот во оваа област.

Според податоците на познатиот веб портал  Staff.com од октомври 2013 година, процентот на користење на Линкедин платформата со цел за вработување порасна од 78 отсто во 2010 година на 93 отсто во 2013 година.

Со други зборови, во просек од 10 работодавци дури девет користат социјални мрежи при една или повеќе активности при процес на вработување. Освен заштеда на пари, вработувајќи по пат на социјални медиуми, компаниите воедно штедат и време, бидејќи 20 отсто компании истакнале и помало трошење на време како предност за барање на кандидат по пат на социјалните мрежи.

Се чини дека е унапредена состојбата за прашањето на еден од најголемите проблеми за работодавците, а тоа е квалитетот на работната сила, т.е. кандидатот, бидејќи дури 42 отсто компании од горе наведената анкета истакнале дека е подобрен квалитетот на кандидатите при вработување преку социјалните мрежи.

Што се однесува до нововработените, 29 отсто од нив рекле дека користат веб алатки како главно средство за барање на работа. Со други зборови, речиси секое трето лице кое бара работа, тоа денес го прави по пат на Фејсбук, Линкедин или Твитер. Целиот наш регион е многу под наведените показатели, но трендот исто така е присутен и расте со голема брзина.

Значи, евидентно е дека улогата и важноста на социјалните медиуми во барање на работа растат од ден во ден, како за работодавците така и за кандидатите и поради тоа алатките како што се Фејсбук, Линкедин, Твитер и неколку други, денес претставуваат главен извор на информации кои ги користат речиси сите ХР служби и преку кои се разменуваат вредни деловни информации за нови прилики, проекти и отворени работни места.

Приватната страна на вработените

Социјалното регрутирање, кое е се уште нов поим и во фаза на дефинирање, опфаќа две различни категории на активности. Тука се активности во вработувањето, познати како sourcing и на кои целта е да се прошири базата на кандидати. Потоа, активности за користење на мрежа на контакти и социјални медиуми, за да се огласуваат огласите за работа каде влијателни корисници (influencers) и ново вработени можат да го споделат огласот за работа со сопствените контакти и така драстично да го зголемат бројот на прегледи на огласи во многу кус рок.

Многу консултантски компании бараат експерти за целиот регион, контактирајќи кандидати преку Линкедин, кој во БиХ доживува вистински процут во 2013 година.

Вредноста и важноста на социјалните медиуми за работодавците, исто така може да варира не само од една индустрија до друга, туку состојбата се разликува и за различните категории на вработени. Имено, компаниите кои имаат посебни програми за привлекување и задржување на таленти имаат од социјалните медиуми посебен придонес.
Причината што по пат на социјалните медиуми може полесно да се воспостави контакт, како и да се стекне слика и за приватната, т.е. човечката страна на нивните клучни млади кадри или тие кои сакаат да ги привлечат, а таквиот увид, секако пружа на работодавецот многу корисни информации.

Ваквите трендови доведоа и до раѓање на целосно нови занимања, како што се Social media recruiter  или Social media manager, за да се оптимизираат процесите и да се подобрат резултатите.

Ако не сте пристапиле многу сериозно на Линкедин во процес на барање на работа, тогаш крајно време е да го направите тоа. Линкедин е многу поделовен од Фејсбук и нуди можност за истакнување на деловни искуства, вршење на активности, остварени резултати, како и за препорака, деловни цели, одредени пребарувања и уште многу други предности во рамки на бесплатно членство и Линкедин профил.

Многу консултантски компании бараат експерти за целиот регион контактирајќи кандидати преку Линкедин. Корисниците на оваа платформа можат да пристапат и на бројни тематски групи и дискусии, па така можат да примаат информации или огласи за работа само од областа на маркетингот во Хрватска или за услужни дејности во Дубаи, т.е. на пример информации за фондовите на ЕУ ширум Европа, итн.

Фејсбук профил

Што се однесува до Фејсбук, во повеќе развиени економии многу компании сметаат дека Фејсбук е важен дел од процесот на вработување, а слична е состојбата и со сите големи компании во БиХ и во регионот, кои се повеќе го користат овој медиум за идентификација на кандидатите, како и за огласување и ширење на деловни информации, што секако опфаќа и огласи за работа.

Се очекува и понатамошен раст на важноста на Фејсбук при вработување и привлекување на таленти во блиска иднина. Една од конкретните предности која Фејсбук го прави популарен е и заштедата на пари која се прави, бидејќи 90 отсто компании го користат овој социјален медиум за вработување и наведуваат дека трошат помалку пари за целиот процес при вработување. На пример, тие не мора да плаќаат огласи во печатените медиуми, каде оглас на една позиција во неколку главни дневни весници може да чини и неколку илјади евра.

Според горе наведената студија, тројца од четворица ХР менаџери ги проверуваат фејсбук профилите на кандидатите за работа, а секој трет работодавец навел дека при отпуштање на лица, за таквата одлука придонела содржината, т.е. објавите на кандидатот на социјалните мрежи.

Ширум Балканот работниците се уште не се доволно свесни за овие факти и не придаваат доволна внимателност и уредност за своите ФБ профили, на пример мислејќи дека Фејсбук нема апсолутно никаква врска со нивниот деловен живот и работното време. Во теорија, поделба на овие сфери треба да постои, но во пракса не е така, бидејќи многу работодавци како што сме виделе, ги проверуваат или можат да ги проверат профилите на своите вработени. И секако, ако работите ПР во организација која се бори за човекови права, работодавецот нема да толерира расистички постови на такво лице, дури и на приватен профил, колку и да ја врши добро својата работа и да има право на сопствено мислење.

Предизвикот во оваа област е мерење на конкретни ефекти на акции на регрутирање по пат на социјалните медиуми. На грижите во таа област доаѓа крај, бидејќи веб порталот порталњњњ.социалрецруитментмонитор.цом донесува исклучително вреден аналитички алат, со кој се мери и категоризира активноста на регрутирање по пат на социјалните медиуми ширум светот за некои држави, работодавци и според различни социјални медиуми.

Во нашиот регион, а посебно во Босна и Херцеговина, работодавците и нововработените имаат уште многу можности и причини да го развијат користењето на социјалните медиуми со цел за вработување.

Она што е уште поважно, податоците се ажурираат секоја недела. СРМ помага на компаниите прецизно да ги измерат резултатите и да ја споредад листата со конкурентите. Резултатите се презентирани врз основ на внимателно одбрани критериуми за успешност, а тоа се:

– Популарноста (покажува колку работодавецот е популарен мерејќи лајкови, следења, прегледи или број на фанови на неговата активност за регрутирање по пат на социјалните медиуми).

– Активност (покажува колку е активен работодавецот и колку често дели текстуална или содржина во слики поврзана за вработувања по пат на социјалните медиуми)

– Интерактивност (покажува колку е социјален работодавецот и колку комуницира со фановите или следбениците).

Како и во секој тренд кој ќе направи прилична револуција при вработувањето, многу е мал бројот на компании кои имаат лидерски, човечки и финансиски ресурси во целост да се носат со ваквите промени и постојат многу области во кои регрутирањето по пат на социјалните медиуми мора да се подобри.

Недостигот на стратегија за социјалните медиуми е еден од примерите за компаниите. Секако, за постигнување на резултати не е важно само што објавува компанијата и на кој социјален медиум, туку и како ги формулира своите пораки, па и во кој период на дневната посетеност ги објавува своите информации.

Социјалните медиуми не мора да бидат сам центар на стратегија на вработувањето, но би било многу опасно за работата целосно да се игнорира овој тренд и да не се искористат сите негови предности. Во нашиот регион, а посебно во Босна и Херцеговина, работодавците и нововработените имаат уште многу можности и причини да го унапредат користењето на социјалните медиуми со цел да се вработат, како и тоа дека мора да им посветат многу поголемо внимание.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија2 минути

Ангелов за ДУИ: Со пушка дојдоа на власт, со пенкало да ги отераме на буништето на историјата

Колку и да е убедлива, победата нема да биде комплетна доколку ДУИ не биде срушена од власт, вели претседателот на...

Македонија39 минути

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

На 75 години денеска почина менаџерот Велибор Џаровски- Џаро по кусо боледување, потврди семејството. Тој важи за една од најпознатите...

Македонија48 минути

Пендаровски победи во три општини, а Таварари и Димитриевски само во општините во кои се градоначалници

Кандидатите за претседател Гордана Силјановска-Давкова и Бујар Османи освоија најмногу гласови на претседателските избори по број на општини. Според податоците...

Македонија1 час

ВМРО-ДПМНЕ: Народот избра промени, да излеземе уште помасовно на 8 мај

Огромната поддршка обврзува за промени и брзи резултати, да излеземе уште помасовно на 8-ми мај, а потоа следува економска трансформација...

Македонија2 часа

Силјановска убедливо пред Пендаровски во првиот круг со 40 наспроти 19,93 отсто од гласовите

Кандидатката за претседател поддржана од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, Гордана Силјановска, со убедливо водство влегува во вториот круг од претседателските избори,...

Македонија12 часа

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска, ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија13 часа

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија13 часа

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија13 часа

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија13 часа

Силјановска за убедливото водство: Напати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија14 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ посака среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија15 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија16 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија16 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија16 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија16 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија17 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија17 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија17 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија17 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...