Контакт

Daily news

За да успеете, мора да бидете луди

Објавено пред

Луѓето мора да размислуваат поинаку и невообичаено за да направат нешто ново, а еве што лудите луѓе ги прави толку успешни.

dobivaj vesti na viber

Сигурно веќе сте слушнале дека за успех мора да бидете помалку луди и сигурно тогаш, како што тоа и сега го правите, сте превртеле со очите, но тоа навистина е така. Лудоста и успехот се синоними.Како доказ за таа теза, да се вратиме малку во минатото. Во текот на историјата сите лица кои откриле и направиле нешто ново, во еден момент нели биле наречени луди?Било да се работи за љубов, кариера, уметност, врски, активизам или поезија, лудаците ги поместија границите и тоа ги направило славни и успешни. Луѓето мора да размислуваат поинаку и невообичаено за да можат да направат нешто ново, а еве што лудите луѓе ги прави толку успешни.

1. Лудакот не е загрижен што мислат за него другите луѓе

Лудите луѓе одамна го сфатиле она што некои од нас никако не можат да го запамтат: што поскоро ќе престанете да мислите што другите мислат за вас, толку побрзо ќе напредувате и ќе бидете среќни.

Кога не ве гушат очекувањата на масите по прашањето што е нормално, станувате се послободни и покреативни.

2. Лудите луѓе не размислуваат конвенционално

Многу луѓе размислуваат на начин кој им го задава општеството. Меѓутоа, некои луѓе не размислуваат така, туку имаат широки видици и не се загрижени за тоа што е нормално и општоприфатливо. Тоа се луди луѓе.

3. Лудите луѓе не се запознати со правилата, или едноставно не се грижат за нив

Правилата ги создале луѓе кои немаат фантазија за да ги контролираат брилијантните, креативни умови. Како можете да уживате во спонтаноста на нова љубов ако цело време се кочите со времето, протоколите, а тоа не одговара ни на вас ни на вашиот партнер? Како можете да создавате кога цело време следите туѓи упатства и се плашите да размислувате над она што веќе постои?

4. Кога ќе кажете не, луд човек слуша – те предизвикувам

Обидете се на луд човек да кажете не и тој ќе го прифати како предизвик да ви докаже дека не сте во право. Вечна е желбата за преживување, непредавање, пронаоѓање на друг начин и самодовербата да застанете на нозе откако сте паднале, а токму тоа е потребно за да станете успешен.

5. Лудаците се доволно луди да веруваат во себе

Современиот свет е преполн со таленти па животот стана еден голем натпревар. Кога ќе сфатиме колку светот е огромен и колку луѓе се борат за иста работа, исто лице, ист дом од соништата, посакуваме да кренеме раце и да се откажеме.

Сепак, постојат луѓе кои успеваат и ги остваруваат своите соништа. Не се работи за тоа дека тие луѓе се поталентирани, попаметни или подобри од вас. Се работи за тоа дека тие веруваат дека се доволно силни и посебни да го добијат тоа што го сакаат.

6. Лудите луѓе не ги кочи стравот од неуспех

Константниот страв од неуспех најчесто е основна кочница која не ни дозволува да ризикуваме и напредуваме. Кога ни е скршено срцето, не гледаме дека некогаш ќе зајакнеме па од страв од повторен слом се решаваме да се заштитиме од нова љубов. Лудите луѓе не се плашат дека ќе паднат. Тие одат под површината на која ние само лебдиме во страв дека она што е под неа ќе не повреди. Можеби така се штитиме од лошото, но за жал се штитиме и од доброто.

7. Лудаците не бараат дозвола

Лудите луѓе никогаш не прашуваат за дозвола. Нивното животно мото е: Попрво би молел за простување отколку за било каква дозвола.

Тие тоа едноставно го прават. Можеби ќе завршат во затвор, можеби ќе добијат Оскар. Во секој случај, стравот дека ќе паднат во неволја не ги спречува да направат нешто револуционерно.

8. Лудите луѓе се светликави лица попрскани со ѕвездена прашина

Децата често се обидуваат да сфатат што ги прави ѕвезди филмските ѕвезди, поврзувајќи го тоа со ѕвездите на небото и нивниот сјај. Кога ќе пораснат, сфаќаат дека тоа што ги прави успешни и познати е нивната личност. Нивниот успех е директен резултат на фактот дека не се вклопуваат.

9. Лудите луѓе имаат интегритет

Секој лидер на општествена револуција е наречен лудак. Лудите луѓе не можат да бидат замолчени кога се работи за вистината.

10. Лудакот го води страста, а не парите

Кога парите се крајна цел, лицето не може далеку да стигне. Може ќе остварите финансиски успех, но ќе изгорите. Парите не се доволни да ве одржат. Страста ќе ве доведе до поголем и подобар успех отколку што тоа го може желбата за пари.

11. Лудите луѓе доволно се луди да веруваат сами на себе

Лудаците веруваат во шесто сетило, во срцето, инстинктот… Сите го имаме тоа внатрешно чувство, но ретко кој од нас го следи. Тоа го правиме погрешно. Лудите луѓе веруваат сами на себе, го следат тоа чувство и затоа се успешни./крај/мф



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија41 минута

Ванковска: Преспанскиот и Бугарскиот договор се колонизаторски договори

Професорката Билјана Ванковска и претседателски кандидат на Левица во Фејсбук статус истакнува дека има разочарани млади луѓе кои мислат дека...

Свет56 минути

Масовен руски напад врз Харков: Бомби паѓаа цела ноќ, две лица загинаа

Во текот на ноќта руските војници гранатираа 17 населени места во областа Херсон, при што загинаа две лица, а четворица...

Свет1 час

Две тела пронајдени во автомобил под урнатиот мост во Балтимор, паднале од височина од 50 метри во водата

Полицијата во американската сојузна држава Мериленд објави дека две тела биле пронајдени во автомобил во реката Патапско каде мостот Френсис...

Македонија1 час

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф Еисин, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Целосен молк од страна на Пендаровски, Ковачевски и СДС за улогата и начинот на ангажирање на спорниот странски консултат, Асаф...

Регион2 часа

Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите

И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување...

Свет2 часа

Путин: Обвинувањата дека Русија ќе ја нападне Европа по Украина се целосна глупост

Рускиот претседател Владимир Путин ги осуди обвинувањата на Западот дека Русија планира да се бори против Европа. Ги нарече „целосна...

Свет2 часа

Маж во Илиноис уби четири лица и избоде петмина, нападот траел 20 минути

Четири лица загинаа, а пет се повредени во напад во Рокфорд, Илиноис, додека 22-годишен осомничен е уапсен. Полицијата, исто така,...

Македонија16 часа

Турската демократска партија се приклучува на Европскиот фронт, Ахмети: Овој сојуз е историски

По потпишувањето на коалицијата за Европскиот фронт со ДПА на Мендух Тачи, Народното движење на Скендер Реџепи Зејд, ПДЕ на...

Македонија18 часа

Тошковски: Ќе сторам сè МВР да гарантира организирање на безбедни избори

Денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошковски присуствуваше на панел дискусија „Зајакнување на соработката помеѓу институциите за проценка на изборните...

Македонија19 часа

Дисциплински постапки за петмина полицајци за пукањето пред тетовската болница

Поднесени се две две кривични пријави од СВР Тетово против М. Т., полициски службеник во Полициската станица за граничен надзор...

Македонија20 часа

ГРОМ, Интегра и ПЦЕР се здружија: коалицијата „Храбро за Македонија“ нема да поддржи уставни промени ниту пред ниту по изборите

Политичките партии Граѓанската опција за Македонија (ГРОМ), Интегра и Партијата за целосна еманципација на Ромите (ПЦЕР) денес се здружија во...

Македонија20 часа

„Вреди“: Албанците нема да му простат на Бујар Османи за случајот Монструм

Претходно кога објаснувавме кој е Бујар Османи, дојде време да се откриваат неговите корупциски скандали, но и политичките ставови што...

Македонија22 часа

Мицкоски: Имаме принципиелен договор за настап на парламентарните избори врз кој ќе функционираме како идна влада

Ние имаме принципиелни разговори и преговори и принципиелен заеднички договор за настап на следните парламентарни избори и очекуваме понатаму, врз...

Свет1 ден

Бајден: Да ja ​​заштитиме Украина од месарот Путин

Американскиот претседател Џозеф Бајден уште еднаш го навреди рускиот претседател Владимир Путин говорејќи пред гласачите во американската сојузна држава Северна...

Регион1 ден

Вучиќ: Следуваат тешки денови за Србија, не ми е лесно да кажам какви вести добивме

Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа изјави дека пред Србија претстојат тешки денови, пренесува „Нова.рс“. Вучиќ најави дека во наредните денови...

Македонија1 ден

СДСМ: Скопје е запустен град, граѓаните се изневерени, ДПМНЕ нема план за иднината

Платформа од минатиот век се новите лажни ветувања на ДПМНЕ по примерот на Скопје. Откако ги изневерија граѓаните на Скопје,...

Регион1 ден

Трае потрагата по исчезнатото двегодишно девојче во Србија

Трае потрагата по двегодишното девојче, кое исчезна вчера околу 13.45 часот во приградската населба Бањско Поле, недалеку од Бор во...

Свет1 ден

Израел во текот на ноќта жестоко го бомбардира јужниот дел на Газа: „Луѓето умираат само за да добијат конзерва туна“

Израел во текот на ноќта интензивно го бомбардираше јужниот дел на Појасот Газа, и покрај меѓународниот притисок за итен прекин...

Свет1 ден

„Не веруваме дека ќе ги пронајдеме живи“: Запрена потрагата по исчезнатите лица по уривањето на мостот во Балтимор

Спасувачките екипи ја прекинаа потрагата по шест лица исчезнати по уривањето на мостот во Балтимор, бидејќи се претпоставува дека се...

Македонија1 ден

Османи со дипломатскиот кор за четвртата годишнина од членството на Македонија во НАТО

Со цел одбележување на 4-та годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска...