Daily news
Каков маж е според пијалокот што го нарачува
Нашиот омилен пијалок, може многу да каже за нашиот карактер. Сигурно истото важи и за омиленото јадење, десерт, дури и омилената облека. Но еве што вели шанкерката Ајви Микс, која благодарение на долгогодишно искуство во еден од најголемите барови во Њујорк, во кој исто така е и косопственик, знае какви мажи, какви пијалоци нарачуваат и зошто.
Пиво
Кога еден маж влегува во бар и брза да си порача „Budweiser“, обично станува збор за традиционалист, кој не сака нови работи. Тој само сака да добие нешто веќе познато, што му се допаѓа. Овој човек доаѓа во барот да се опушти и да се чувствува удобно. Ако сте авантуристи и сакате промени, можеби овој тип не е за вас.
Чисто виски или бурбон
Генерално чистите пијачки се за авантуристи. Ако мажот си порачува чисто виски и тоа од одредена марка, тоа значи дека тој е големо момче и дефинитивно знае што прави. Најверојатно кај него е уредно и чисто, не за да се остави впечаток на жената, која ќе ја одведе таму, туку затоа што тоа е неговиот начин на живот.
Водка
Можеби сеуште не може да се раздели со студентските години и во станот има маса за пинг-понг, поради која неговите пријатели постојано доаѓаат на гости.
Текила
Зборуваме за чиста текила. Истото е како со вискито, овој маж знае што прави. Си порачува убава чиста текила и ја испива полека, уживајќи во неа.
Водка со сода или брусница
Обично се претпоставува дека тоа е женски пијалок, но тоа е глупава предрасуда. Можеби овој човек е склон кон нови откритија и чувствува потребата да ги промени предрасудите на останатите, па затоа не го отпишувајте, кога ќе видите дека држи вотка со брусница.
Маргарита
Објектот на вниманието ви е немирно настроен. Можеби целта не му е да се напие до безсознание, туку едноставно убаво да си помине и да се забавува. Веројатно тој е од оној тип мажи, кои секогаш се подготвени за забава и добро расположение.
Мартини
Обично овие мажи превземаат големи и сериозни чекори во нивниот живот. Тој знае што сака и го сака веднаш. Обврските ги прифаќа сериозно и на ист начин се однесува и со жените.
Шотови
Мора да бидете претпазливи со мажи, кои нарачуваат шотови, уште со влегувањето во барот. Најчесто тие излегуваат за да се напијат брзо и не им е грижа за ништо друго. Размислете дали сакате врска со таков човек.
Вино
Овој тип има многу заедничко со стереотипот за водка со сода или боровинки. Многу често мажите се водат по надворешниот изгледот на пијалок. Штом течноста е розева, значи е за жени. Штом е во убава чаша, значи не е мажествено. Виното е софистициран пијалок и обично го консумираат мажи со стил.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.