Daily news
Како да им пријдете на хороскопските знаци во вежбалница
Овенот вежба напорно
Припадниците на овој хороскопски знак многу лесно ќе ги препознаете во вежбалница – облечени се во црвена боја или, пак, во тесна маица. Ако сакате да им пријдете, почекајте да завршат со тренинг, а потоа побарајте совет за тоа како да дојдете до форма. Со тоа ќе покажете дека ве воодушевуваат, а тоа тие го сакаат.
Бикот е одмерен
Овој хороскопски знак има одлична мускулатура и на тој начин лесно постигнуваат добри резултати во фитнес центрите. Бикот не сака да се наметнува со својата облека, појава или однесување. Тој секогаш носи своја крпа, а наместо долги тренинзи со среден интензитет избира брзи и напорни тренинзи. Пристапете им така што ќе им понудите помош околу придржување на теговите, а нема да одбијат и повик за јадење по вежбање.
Близнаците повеќе одат отколку што вежбаат
Немирните припадници на овој знак не можат подолго време да останат на исто место. Тие на секои 2 минути менуваат вежба – од лента за трчање на тегови, потоа на вежба за нозе итн. Лесно можете да ги забележите бидејќи постојатно зборуваат и се чини дека прават сѐ освен да вежбаат. Можете да им пријдете на тој начин што ќе покажете интерес за нив – прашајте ги со што се занимаваат или само почнете каков било разговор, а тие спонтано ќе го водат.
Ракот е во задните редови
Однадвор изгледаат прилично срамежливо и затворено, а во фитнес центрите не сакаат премногу да се истакнуваат. Но, тоа е само мамка бидејќи тие уживаат во „тивко“ вежбање и анализирање на другите луѓе. Пристапете им решително , но не и наметливо. Најдобро е да им кажете дека сте нови, а тие ќе ве воведат во сите правила. Разговорот продолжете го подоцна на кафе.
Лавот е ѕвезда
Аеробните вежби се како создадени за овој знак. Лавот обожава да ја истакне својата физичка моќ и кондиција кои ги стекнал со макотрпни тренинзи. Најчесто има слушалки на уши и слуша мотивациски песни. Иако изгледаат незаинтересирани за околината, тие се свесни дека другите ги посматраат. Пристапете им со комплименти, но и директно додворувајте им се бидејќи тие не сакаат премногу да кружите и ја ценат храброста.
Девиците се дисциплинирани вежбачи
Доаѓаат со комплетна опрема и задолжително носат шишенце со вода. Тешко е да ги мотивирате, но штом почнат да вежбаат продолжуваат тоа да го прават редовно. Oд вежбите најмногу ги сакаат групните вежби, без оглед дали станува збор за аеробик, зумба или јога. На девиците можете да им пријдете со разговор за вежбањето барајте да ви препорачаат некои активности и со почесто дружење продлабочете го познанството јасно давајќи им до знаење дека ви се допаѓаат.
Вагите се најзгодни
Тренерки и целокупна опрема по најновите трендови, најубава крпа и совршена фризура се одлики на овој хороскопски знак. Тие фитнес центарот го гледаат како еден вид излегување и не би сакале некој да ги види неподготвени. За време на тренингот размислуваат какви резултати ќе постигнат и се гледаат во огледало. Не им приоѓајте веднаш, туку некое време погледнувајте ги и случајно допрете се до нив – тие ги сакаат таквите игри.
Шкорпиите се силат
Тешко е да ги натерате да вежбаат во затворен простор бидејќи сакат да прават какви било активности во природа. Сепак, нивната здравствена состојба може да ги натера да вежбаат на затворено, а многу лесно ќе се поврзат со некој кој има одбивност кон вежбањето исто како и нив. На шкорпиите можете да им пријдете со таква приказна, кажете им „Што ми требаше сега ова?“ или „А наместо ова да одиме на пиво?“ Со тек на време може да им го понудите и својот кревет како место за вежбање.
Стрелецот е забавувач
Припадниците на овој знак е невозможно да не ги забележите во фитнес центрите. Тие се добри со сите, кажуваат шеги и се во одлична форма. Не обрнуваат премногу внимание на луѓето кои во вежбалница доаѓаат само колку да се покажат. Најдобро е да им пристапите со предизвик како на пример „Се обложувам дека можам да направам повеќе стомачни од тебе!“ Не заборавајте да се шегувате со нив.
Јарецот се крие
Овој знак може да биде многу посветен на тренингот и вежбањето, но мрази да среќава познати во фитнес салите. Обично се практично облечени, во материјали кои брзо се сушат, а на нозете ги носат најмодерните анатомски обувки. Пријдете им со конкретно прашање и потоа започнете да вежбате покрај нив. Тие се толку пристојни што ќе чувствуваат обврска да разговараат со вас.
Водолијата пробува нешто ново
Први се запишуваат на нови курсеви или испробуваат нови справи. Монотонијата е нешто што најмногу мразат во животот. Сакаат необична облека, често слушаат музика на слушалки и имаат најнови додатоци за мерење на пулсот. На водолијата можете да ѝ пријдете со актуелни теми за фитнес, а потоа преминете на што било друго бидејќи таа сакаа да дискутира.
Рибата е бунтовник
Го презираат фактот што се на тренинг, иако немаат проблем со вежбањето. Својот бунт го искажуваат со игнорирање на другите. Нив можете да им пристапите со наводна спортска повреда бидејќи тие сакаат да им помагаат на другите. Побарајте од нив да ви препорачаат добар спа центар во кој можете да одите заедно.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.