Daily news
Како се уредува домот според хороскопскиот знак?
Овен: функционалност
Во вашиот животен простор сè мора да биде средено и пристапно. Немате трпение да се заморувате со многу детали. Заради вашето постојано високо ниво на енергија се препорачува во уредувањето на домот да користите интензивни и посветли бои.
Бик: удобност
За вас креветот е најважниот дел од мебелот во вашиот дом. Неговиот квалитет е на прво место, па затоа најчесто избирате природни влакна кои создаваат релаксирачка атмосфера. За биковите идеални се земјените бои. Доколку не го користите стариот мебел, не го „затворајте“ просторот, туку подарете го некому.
Близнаци: комуникација
Комуникацијата е на прво место за овој хороскопски знак, па затоа им е неопходен модерен и мултифункционален мебел. Близнаците ги интересира квалитет, но и естетскиот изглед на нештата кои го исполнуваат домот.
Рак: семејство
Овој хороскопски знак треба да го исполни ѕидот во дневната соба или во ходникот со врамени семејни фотографии и некои значајни спомени од минатото. Бидејќи се чувствителни луѓе, таквите нешта им значат многу повеќе отколку најновите трендовски парчиња мебел за кој зборуваат сите.
Лав: луксуз
Како вистински претставник на својот хороскопски знак, лавовите секогаш си го дозволуваат најдоброто, односно секогаш ќе ги имаат најатрактивните парчиња мебел. За лавот се идеални топлите бои.
Девица: ред и функција
Девиците се најпознати по своите чувства за ред и дисциплина, што најдобро може да се забележи на нивните полици во домот. Се обидуваат да го искористат секој сантиметар, но никогаш не би чувале нешто што не им користи. Со добра организација и чувство за естетика, тие се вистински пример за тоа како со малку може да се направи многу.
Вага: декор
Естетиката ви е особено важна, па сакате животниот простор да го исполните со нешта кои го изразуваат вашиот стил. Избегнувајте распродажби и половни нешта. Вашиот дом наликува на уметничка галерија во која се изложени оригинали. Користете светли бои и стаклени површини.
Скорпија: приватност
Вашиот дом е рај за вас, па затоа е најдобро при неговото уредување да употребите тивки и темни бои. Приватноста ви е многу важна, па личните спомени ги чувате во фиока. Многу се врзувате за нештата, но повремено треба да правите селекција и да се ослободите од непотребните предмети во вашиот дом.
Стрелец: прилагоденост
Благодарејќи на вашата практичност, вашиот дом е лесно пренослив, па преселбите за вас се лесна задача. Понекогаш знаете да го наполните домот со предмети кои сведочат за возбудливи моменти во ваиот живот. Обидете се да го уредите домот така што ќе ви биде полесно за одржување.
Јарец: традиција
За вас традицијата е најважното нешто во животот. Својот дом треба да го уредите со одбрани предмети кои го рефлектираат вашето минато, вклучувајќи семејна историја. Практичноста е ваша одлика, па затоа пред да фрлите или подарите некое парче мебел размислувате кавква друга намена би можело да има тоа.
Водолија: еклектицизам
Познати сте по својата еклектична линија и не обрнувате многу внимание на правилата и насоките во дизајнот, туку својот животен простор го уредувате според својот вкус. Вас многу ви е дозволено, па се случува да комбинирате печати со различни модели, точки со линии, како и сè друго што содзава ваш уникатен стил.
Риби: едноставност
За рибата како воден знак најважни е бањата. Затоа бањата треба да биде колку е можно поудобна. Секогаш избираат станбен простор кој овозможува голема удобност, но сепак се ориентирате на едноставност која овозможува лесно одржување.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.