Контакт

Daily news

Комората на стечајни управници одбележа 10-годишен јубилеј

Објавено пред

Комората на стечајни управници на Република Македонија одбележа јубилеј –  10 години од своето основање. По тој повод, денес во хотелот Холидеј Ин, местото каде што пред десет години е основана Комората, се одржа Свечена академија.

dobivaj vesti na viber

Пред гостите на академијата свои обраќања имаа претседателот на Комората на  стечајни управници на Република Македонија Ацо Петров,  заменик министерот за економија Кире Наумов, претставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија, Јаромир Левичек и тим лидерот на Проектот за зајакнување на административните капацитети за имплементација на законската рамка за стечај и ликвидација на трговските друштва Красин Димитров.

Поздравувајќи ги членовите на Комората, честитајќи им го јубилејот, заменик министерот за економија Кире Наумов, посака и натамошна успешна соработка со Министерството за економија, која произлегува од постојната законска регулатива.

Според Наумов, усогласувањето со европската легислатива бара и континуирано проширување на знаењата на стечајните управници за подобрувања во дејствувањето. Тековните податоци говорат за околу 1.000 активни стечајни постапки, со  тоа што уште околу 8.000 трговски друштва се на проверка во УЈП, а зависно од утврдената состојба, се очекува дека за добар дел од нив ќе биде предложено отворање стечај. Ваквиот обем на работа, според Наумов, претставува сериозен предизвик за постојните 56 лиценцирани стечајни управници. Поради тоа, Министерството за економија, на барање на Комората, дефинираше две обуки кои ќе бидат реализирани есенва, а од кои се очекува за професијата стечаен управник да се заинтересираат млади луѓе. Ова истовремено претставува можност и постојните стечајни управници да ги прошират своите знаења со специјалистичка обука за реструктуирања на трговските друштва.

Посочувајќи ја потребата од реструктуирањето на инсолвентните фирми, претставникот на делегацијата на ЕУ во Македонија Јаромир Левичек , истакна дека според податоците презентирани пред две години од страна на Věra JOUROVÁ, ЕУ комесар за правда, потрошувачи и родова еднаквост, во ЕУ 200,000 фирми банкротираат на годишно ниво – тоа е 600 дневно! што резултира во директно губење на 1,7 милиони  работни места секоја година. Околу четвртина од овие стечаи се однесуваат на бизнисите кои работат прекугранично.

Со вакви поразителни цифри, истакна Левичек, ЕУ се труди да ја модернизира правната рамка за инсолвентност. Новиот пристап се фокусира на реструктурирање на фирмите наместо нивна ликвидација. Овој пристап им дава и на бизнисите и на нивните вработени шанса да бидат спасени и повторно да влезат во продуктивната економија кога имаат финансиски потешкотии. Бизнисите ќе бидат спасени, а претприемачите и потрошувачите ќе добијат втора шанса.

Во своето излагање претседателот на Комората на стечајни управници Ацо Петров истакна дека динамичните промени создаваат простор и за нови насоки во дејствувањето на Комората. Со подобри решенија, вградени во европските добри практики, со подобри контролни механизми, би сакале и постапна промена на сфаќањата според кои стечајот самиот по себе се прифаќа како банкротство истакна Петров. Ќе поздравиме промени кон законска регулатива што ќе создаде претпоставки стечајот на биде брз и ефикасен, а паралелно со тоа и раното предупредување, санацијата и реорганизацијата да претставуваат можности за превентивно дејствување и на трговските друштва кај нас. Досега донесените директиви во овој домен, според Петров, а особено онаа која се однесува на санацијата и реструктуирањето, за нас претставува повик за активно ангажирање во оваа насока. Упатуваат на потребата од тековно, сеопфатно зајакнување како на органите за стечај, исто така и на должниците и на доверителите, во однос на нивните знаења, капацитетот и општото разбирање на стечајот.

Со Проектот што го реализираме во Министерството за економија, за зајакнување на административните капацитети за имплементација на законската рамка за стечај и ликвидација, со Комората на стечајни управници остваривме соработка во повеќе сегменти, истакна тим лидерот на Проектот, Красин Димитров. Стечајните управници учествуваа во советувањата за нормативните аспекти и основните начела на стечајните постапки, а потоа и во дебатите на тркалезните маси каде што низ конкретни примери од практиката е анализирана  примената на постојната законска регулатива. Освен тоа, есенва со Министерството за економија, а за потребите на Комората, ќе реализираме  две обуки со кои очекуваме дека за професијата стечајни управници ќе се заинтересираат млади луѓе, a постојните стечајни управници ќе ги прошират своите знаења со специјалистичка обука за  реструктуирања на трговските друштва.

По повод 10 годишниот јубилеј, како израз на благодарност за  придонесот во создавањето, развојот и поддршката на дејствувањето, на членовите на Комората, како и на институциите со кои е соработувано, беа врачени пригодни благодарници.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија14 минути

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија33 минути

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија33 минути

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија34 минути

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија2 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија2 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија3 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија5 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија7 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....

Македонија7 часа

Најдена димна бомба на гласачко место, летоци врз паркирани автомобили во Чаир и графити пријавени во МВР

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, информира за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места. „Досега МВР нема регистрирано...

Македонија7 часа

На 12,78 отсто се искачи одѕивот до 11 часот, најголем во Демир Капија – 23,99 отсто

До 11 часот на гласање излегле 229.473 граѓани и одѕивот од 3,85, колку што беше до девет часот, се искачи...

Македонија9 часа

Даштевски: Во првите два и пол часа пријавени се само технички проблеми, кабел или батерија, ги решаваме во од

Ситни техники проблеми околу биометриските уреди се пријавени во првите два и пол часа од гласањето. Претседателот на Државната изборна...

Македонија9 часа

3,85 отсто е одѕивот за гласање во првите два и пол часа, 12 приговори пристигнале во ДИК

Одѕивот на граѓаните во првите два и пол часа од гласањето за избор на претседател на државата на седмите претседателски...

Регион9 часа

Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет10 часа

Кина изрази противење на пакет-помошта од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Македонија11 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион11 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет11 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ11 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија11 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...