Daily news
Нарцисоизмот и супериорни индивиуи – работи кои не одат заедно
Нарцизам – сите имаме некаква идеја за тоа што претставува овој феномен и како нарцисоидните луѓе влијаат врз околината. Можеби сте имале искуство со нарцис или сте слушнале за такво нешто од пријателите и семејството, но едно е сигурно, а тоа е дека таквите личности можат да бидат мошне непријатни.
– Наризмот како форма на пореметување на личноста е ментално пореметување, при кое личноста има нереална слика за својата важност, длабока потреба да биде обожувана и недостиг на емпатија кон другите. Но позади маската на неверојатната самодоверба се наоѓа ниско ниво на себепочитување, кое е ранливо и на најмалиот облик на критицизам, велат експертите.
Нарцизмот може да биде генетски одреден, но најчесто се развива како последица на одреден вид на воспитување од страна на родителите.
Истражувачите сакале да откријат, кој вид на воспитување најчесто доведува до креирање на нарцисоидни личности, така што тие испитале 565 деца на возраст од седум до 11 години. Тие исто така ги интервјуирале и нивните родители (415 мајки и 290 татковци).
Резултатите од истражувањето покажале дека родителите кои премногу ги величаат своите деца, им велат дека се супериорни во однос на другите и дека заслужуваат специјален третман мошне е веројатно дека израснат нарцисоидни личности. Ова особено е вистинито за деца меѓу седум и 11 години.
Истражувачите во записникот на Националната академија на науките наведоа: „Кога децата од нивите родители се гледани како да се поспецијални и повредни од другите деца, тие можат да развијат став дека се супериорни индивидуи, став кој е зачеток на нарцизмот. Но кога децата од нивните родители се третираат со љубов и почит, тие може да развијат став дека се вредни индивидуи, став кој е основа на вистинското себепочитување“.
Секако дека е важно да се покаже љубовта, но не и да им се вреже ставот дека тие ја добиваат вашата љубов, бидејќи се подобри од другите. Исто така треба да се има превид дека нарцизмот може да се развие поради потребата на детето да ја прикрие својата несигурност.
Постојат начини како да им се помогне на децата да се чувствуваат добро поради самите себе си, без при тоа да се развиваат нарцисоидни тенденции:
– Научете ги децата да се поврзуваат, а не да имперсионираат. Кажувајте им на вашите деца дека вие поминувате време со нив затоа што ги сакате, е не поради работите, кои можат да ги прават. Вашето дете ова ќе го проектира во натамошните односи со луѓето
– Учете ги на емпатија. Децата треба да научат дека нивното однесување може да повреди други луѓе. Со тоа што ќе ги учите децата да бидат свесни за емоциите на другите луѓе, вие им давате социјални вештини, кои ќе ги имаат во текот на целиот живот.
– Охрабрувајте го пријателството. Важно е да им дозволите на своите деца да градат пријателства. Пријателите ќе им ја кажуваат вистината и ќе ги научат дека не мора да бидат совршени за да бидат сакани.
– Бидете нежни. Во суштина повеќето нарциси, особено нарсицисоидните деца имаат ниско ниво на самодоверба. Дисциплината е важна, но спроведувајте ја со почит и гружа. Потсетете ги дека е во ред да прават грешки, но оти е важно и да се покајат и извинат. Тие знаат дека направиле нешто како што не треба. Научете ги да го сторат како што треба./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.