Daily news
Натерајте ги децата да ги следат правилатата
Верувале или не, на вашето дете ќе му биде подобро ако сте малку построги во воспитувањето.
„Утрата беа катастрофа во нашата куќа. Да го натерам мојот шест годишен син навреме да се подготви и да излезе беше невозможно“ – раскажува загрижена мајка, која откако вовела ново правило, за нејзино изненадување, тоа функционирало беспрекорно.
Децата на оваа возраст ги сакаат правила , бидејќи тие се жедни да го дознаат она што се очекува од нив.
Направете го тоа тимска работа
Се разбира, за некои правила – како оние кои вклучуваат безбедност – не се преговара. Но можете да му дозволите на вашето дете да има збор за помалку „важни“ прашања, како на пример, за кои задолженија ќе биде одговорно, па дури и за тоа кога ќе оди на спиење. Со тоа што ќе му дадете на детето „значење“ во донесувањето на правилата, му давате чувство на контрола, што значи дека постои поголема веројатност детето посериозно да ги следи правилата кои сте ги договориле.
Направете разлики
Тоа може да биде тешко за дете кое на работите што сака да ги разбере гледа црно и бело, поради што, пак, може да направи нешто што не му е дозволено. Објаснете му на детето дека секое семејство има различни правила и исто како родителите на неговите пријатеи кои ги создаваат правилата во нивната куќа, вие создавате во вашата. Ако е можно, дајте му на вашето дете едноставно објаснување за тоа зошто имате одредено правило. На пример, ако не му дозволувате на детето да го гледа филмот што неговото другарче го гледало, можете да кажете: „Не ми се допаѓа начинот на кој луѓето во тој филм разговараат едни со други. Во нашето семејство, ние гледаме филмови каде што луѓето се љубезни и зборуваат убаво еден со друг“.
Гледајте нанапред
Во авантурите надвор од домот, поверојатно е дека вашето дете ќе ги следи правилата кои му се свежо врежани во неговиот ум. Значи, пред да влезат во предизвикувачки ситуацији, разгледајте ги со него најважните три приоритети. Многу е полесно за деца на оваа возраст да направат нешто отколку да не направат ништо. На пример, додека одите со автомобилот кон црква, наместо да го предупредувате детето да не зборува гласно, потсетете го да зборува тивко за време на црковната службата. Ако еднаш сте разговарале за основните правила со детето и заедно сте ги повториле, тоа ќе ги зголеми шансите детето да се држи до нив, кога ќе дојде време.
Предупрете ги за последиците
Кога вашето дете крши правило, предупредете го. Но, ако го повторува истото однесување, ќе мора да се делува. Ако детето сфати, не дозволувате договорените правилата да се кршат, постои мала веројатност една грешка да се повторува често.
Меѓутоа, ако вашето дете се чини дека постојано се бори со граници – дома или на друго место , сфатете ја посериозно ситуацијата.
Кај децата, поголемиот дел од времето се сведува токму на кршење правила, бидејќи сметаат дека не добиваат доволно признание за она што го направиле добро, па се обидуваат на погрешен начин да привлечат внимание. Да се сврти работата поинаку, дајте им на децата некои едноставни правила кои што знаете дека можат да ги исполнат. Потоа, пофалете ги кога тоа ќе го направат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.