Контакт

Daily news

Останаа уште шест билети за Русија 2018, започнува распределбата

Објавено пред

Уште шест слободни места остнаа за Светското првенство во Русија, за кои конкурираат 12 репрезентаации. Списокот на учесници ќе биде комплетиран во наредните седум дена кога ќе се одиграат баражите, четири европски и два интерконтинетални.

dobivaj vesti na viber

Во европските квалификации ќе играат Северна Ирска-Швајцарија, Хрватска-Грција, Шведска-Италија и Данска-Република Ирска, а во интерконтинеталните Хондурас-Австралија и Нов Зеланд-Перу.

Северна Ирска во 1982 година последен пат беше учесник на едно светско првенство, но по минатогодишното учество на ЕП во Франција, оптимизмот во Белфаст е на високо ниво.

Северна Ирска квалификациите ги заврши на второто место, зад Германија, а пред Чешка и Норвешка.

Швајцарија во квалификациите имаше девет победи, но во последното коло поразот од Португалија ја однесе во баражот.

Инаку, последен пат во официјалн натпревар овие две репрезентации се сретнале во далечната 1964 година.

Два натпревара во кои ќе бидат вперени очите на дисциплинците од УЕФА ќе одиграат Хрватска и Грција. Веднаш по извлекувањето на бараж-двојките Хрватите и Грците договорија на дуелите да нема гостински навивачи. Во минатото, независно дали станува збор за репрезентативно или клупско соочување, редовно се случувале инциденти.

Финишот на квалификациите двете репрезентации го одиграа лошо, Хрватите ја загубија првата позиција од Исланд и во последниот натпревар во Украина изборија бараж, а Грците, кои на последните осум квалификациски натпревари забележаа само две победи, до баражот стигнаа благодарение на киксот на Босна и Херцеговина против Кипар.

Грците на првиот меч ќе бидат без својот најдобар дефанзивец Костас Манолас кого ФИФА го суспендира од еден натпревар. Грците возвратија дека во казната прсти замешал Звонимир Бобан, кој сега е втор човек на ФИФА.

Дербито во баражот ќе го одиграат Шведска и Италија. Швеѓаните ги пропуштија мундијалите во Јужна Африка (2010) и Бразил (2014), а селекторот на оваа репрезентација смета дека и пласманот во баражот е голем успех.

Шведска во квалификациите беше пред Холандија и Бугарија, а зад Франција.

Италија, во групата во која беше и Македонија, заврши зад Шпанија. Италијанците се четикратни светски шампиони, последен пат во 2006 година, а од 1958 година не пропуштиле ниту еден мундијал. Сепак, по титулата пред 11 години, Италијанците на последните две светски првенства не успеаја да ја минат групата.

Република Ирска и Данска е двојката што барем на хартија треба да понуди најмногу неизвесност. И едните и другите имаат свои адути, Ирците не се поразени на последните шест гостувања, а Данците како домаќини не загубиле на последните осум натпревари.

Она што треба да ги загрижи Ирците е лошиот ефект во баражите. Досега играле осум пати во дополнителните квалификации и само три пати успеале да ги минат.

Многу оган се очекува и во интерконтиненталните квалификации. Австралија не успеа да избори директен пласман и ќе мора патот до Русија да го бара преку Хондурас.

„Кенгурите“, поради освоеното трето место во својата калификациска група, мораа да играат бараж против Сирија, кој го добија со вкупни 3:2.

Двете селекции играа на последното СП во Бразил, со таа разлика што за Австрлија тоа беше трето во низа, а Хундурас пред мундијалот во Бразил последното учество го имаше во Шпанија во 1982 година.

Хондурас никогаш не играл дополнителни квалификации, а Австрлија учествувала четирипати и никогаш не успеала да победи.

Руска виза посакуваат и Нов Зеланд, односно Перу. Перуанците слично како и Северна Ирска немаат учество на СП уште од 1982 година, а „кивите“ беа дел од СП во 2010 година кога оставија одличен впечаток.

Перу пред дополнителните квалификации доживеа тежок удар бидејќи нивниот најдобар играч и капитен Паоло Гуереро падна на допинг-тестот поради ФИФА ми изреше 30-дневна суепнзија.

Распоред на натпреварите:

Европа, први натпревари:

Хрватска-Грција (9 ноември)
Северна Ирска-Швајцарија (9 ноември)
Шведска-Италија (10 ноември)
Данска-Ирска (11 ноември)

Реванши:

Грција-Хрватска (12 ноември)
Швајцарија-Северна Ирска (12 ноември)
Италија-Шведска (13 ноември)
Ирска-Данска (14 ноември)

Азија/КОНКАКАВ

Хондурас-Австралија (10 ноември)
Австралија-Хондурас (15 ноември)

Океанија/Јужна Америка

Нов Земанд-Перу (11 ноември)
Перу-Нов Зеланд (16 ноември)

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија5 минути

Димитриевски до Пендаровски: Разликата е огромна, откажете се од оваа битка и оставете нè да победиме во вториот круг

Денеска ЗНАМ заедно со сите свои пддржувачи ја испишува новата политичка историја на македонската политичка сцена, рече вечерва претседателскиот кандидат...

Македонија57 минути

Нема да се откажеме и нема да ги наведнеме главите, порача Ковачевски

Денеска е тежок удар за европската перспектива на Македонија, но не е доцна да се смени правецот, откажувањето не е...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски: Цунамито се крена, на 8 мај ќе ги потопи целосно, победуваме со над 170.000 разлика

Денеска народот во Македонија покажа дека си ја сака Македонија и дека секој оној кој го потценува народот прваи голема...

Македонија1 час

Пендаровски: Резултатите не се такви какви што ги очекувавме, но нема предавање, утре е нов ден

Резултатите не се такви какви што ги очекувавме истакна вечерва на прес-конференција кандидатот за претседател поддржан од СДСМ, Стево Пендаровски....

Македонија2 часа

Силјановска за убедливото водство: На пати се срамам, зарем е можно толку многу луѓе вака да реагираат

Претседателскиот кандидат Гордана Силјановска Давкова по завршување на првиот круг гласање од изборот за претседател на државата рече дека денешниот...

Македонија3 часа

Јакимовски призна пораз, ѝ честиташе водство на Сиљановска и ѝ поска среќа во вториот круг

Лидерот на ГРОМ и претседателски кандидат, Стевчо Јакимовски, вечерва призна пораз и ѝ честиташе водство на Гордана Сиљановска-Давкова.  Со оглед...

Македонија4 часа

Таравари: Земјотресот почна, се надевам дека на 8 мај ќе дојде промената ДУИ да биде опозиција

Масовниот одѕив на гласачите на овие претседателски избори за Арбен Таравари, претседателски кандидат на коалицијата ВЛЕН, е показател дека промените...

Македонија4 часа

Одѕивот до 18.30 часот е 48,44 отсто, во Новаци на гласање излегле рекордни 71,07 отсто од гласачите

Одѕивот до 18.30 часот на седмите претседателски избори е 48,44 отсто од гласачите, според податоци од 3174 гласачки места. Претседателот...

Македонија4 часа

Муцунски: Овој изборен ден е почеток на крајот на оваа власт

Народот уште еднаш покажа дека знае и умее да ја процени важноста на овие избори, како крстопат кога се одлучува...

Македонија4 часа

ОЈО: Сите сомненија за кривични дела кои би можеле да го нарушат изборниот процес ќе бидат испитани

Во текот на изборниот ден до затворањето на избирачките места, на електронската адреса на Јавното обвинителство на Република Северна Македонија...

Македонија5 часа

Левицата: Проблеми со фингерпринтот во Куманово, Ѓорче Петров, Аеродром, доцнење на гласачкиот процес и нерегуларности во избирачкиот список

Од Претседателскиот изборен штаб на кандидатот за претседател Билјана Ванковска информираат дека денешниот изборен ден поминal мирно во фер и...

Македонија5 часа

Силјановска: Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт

Дојде време, дојде час, да си замине оваа власт, порача кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова по гласањето во првиот...

Македонија5 часа

„Нека победи подобриот“ – Таравари рече дека поседува видео снимки за купување на гласови

Кандидатот за претседател, Арбен Таравари, гласаше со своето семејство, пришто порача изборите да бидат фер и демократски. „Нека победи подобриот....

Македонија5 часа

Ванковска: Необично е да гласаш за себе, но со тоа ја изразив убеденоста во она што го говорам

Билјана Ванковска, претседателски кандидат на Левица го оствари своето право на глас на ИМ во ОУ „Јан Амос Коменски“ во...

Македонија5 часа

(Видео) Пендаровски: Држава што преговара со ЕУ не смее да си дозволи лош изборен процес

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски, денеска гласаше на првиот круг од претседателските избори. Во изјава за медиумите Пендаровски истакна дека...

Македонија6 часа

Во Куманово не се гласа на три избирачки места, на едното се изгубил печатот

Прекин на гласањето има на три места во Куманово, информираше претседателот на Државната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски. Како што...

Македонија7 часа

Одѕивот до 17 часот изнесува 44,18 отсто – за околу 9 проценти повеќе во споредба со претходните претседателски избори

До 17 часот во првиот круг од претседателските избори, своето право на глас го оствариле 397.612 избирачи, или 44,18 отсто....

Македонија8 часа

Петмина си ги фотографирале гласачките ливчиња, полицијата ги фати

Пет лица во периодот од 11 до 14 часот, биле фатени од страна на полицијата оти ги фотографирале своите гласачки...

Македонија10 часа

ОЈО Делчево истражува обид за изборен поткуп со бесплатно вградување водомери

Основното јавно обвинителство Делчево истражува предмет за изборен поткуп со бесплатно поставување водомери. Обвинителот Џељаљ Бајрами, претседател на комисијата на...

Македонија11 часа

Штипјанец и скопјанка фатени како ги фотографираат гласачките ливчиња, а жител на Бучим му го покажал ливчето на набљудувач

Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип....