Daily news
По граѓанскиот референдум, ќе биде ли запренo ископувањето злато во Трн, Бугарија?!
И во соседна Бугарија граѓаните водат војна со концесионерите за ископување злато и неговото влијание врз животната средина. Како ова прашање се решава, може да се забележи низ перипетиите на граѓаните од Трн.
Резултатот од референдумот во Трн е категоричен за противниците на ископување злато. Тој за нив е победа. Сепак, тоа не значи дека ископувањето злато во реонот сигурно ќе биде запрено.
Анализата на законодавството во Бугарија покажува дека има две варијанти државата да даде зелено светло за истражувањата на златните резерви.
Како прво, резултатите од референдумот во Тран не можат да ја запрат екстракцијта на злато бидејќи има еднонеделен рок за жалба и второ – затоа што одобрението за концесијата ја дава државата, односно Министерскиот совет и Министерството за енергетика. Сепак, со териториите стопанисуваат општините.
Како ќе се реши оваа противречност?
Со референдумот му се забрани на Градскиот совет на Трн да прифати детален урбанистички план на општината ако во него не се предвидува територија за ископување злато.
„Ние не се откажуваме, а се делегираат права на Градскиот совет да не одобрува план во кој има одредени територии за рударска активност. Во овој план нема територии за рударска дејност„, рече Бочо Харалампиев, претседател на Градскиот совет.
Резултатите од референдумот може и да се обжалат.
Претставниците на државата надлежни за оваа област, сепак, ги проучуваат законските одредби.
„Државата може да даде свое одобрение да почнат прелиминарни активности. Производството на подземните богатства се врши преку концесии дадени од Министерството за енергетика, но локалната власт ги одобрува плановите”, рече Ирена Соколова, гувернер на Перник.
Втората опција е министерот за регионален развој да издаде наредба за национален објект или предмет со национално значење и така референдумот нема да има вредност.
Во моментов истражувањето на влијанието на животната средина за трнските објекти уште не е стигнато до еколошкото министерство. Резултатот од ОВЖС-а ќе стане јасен дури следната година.
Во Бугарија се развиваат неколку големи златни наоѓалишта, кои поминале низ истите перипетии. За тоа на „Ада Тепе” крај Крумовград се чека дозвола над 10 години.
За Челопеч – концесијата е дадена во 1999 година и договорот во моментов е менуван 4 пати.
Концесионерот на златниот рудник во Челопеч, на пример, увезува 1,5% од добивката во резервите. Според длабинска анализа на Судот на ревизори, државата сама си е виновна што одредила такви услови.
Профитот на концесионерот од Челопеч во моментов е милијарда и пол долари, покажува ревизијата на Судот на ревизори.
Според законите, ако фирмата Х сака да ископува злато во Бугарија, таа мора да аплицира за трговско откритие пред Министерството за енергетика.
При тоа прави извештај за влијанието на животната средина и ако мислењето е позитивно, тогаш нему министерството не може да му ја откаже дозвола и оваа компанија аплицира за концесија. Одлуката што се донесува како конечна е во рацете на владата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.