Daily news
Се чувстував како да ме прегазил воз, не знаев дека имам хипотироидизам
Во земјата постојано расте бројот на пациенти кои имаат нарушување на работата на тироидната, односно штитната жлезда, а вистинските причини засега не се знаат. Симптомите зафаќаат широк спектар, па често се игнорираат или пациентите не ги препознаваат.
– Со години се чувстував како да ме прегазил воз. Тоа го препишував на уморот, стресот, обврските на работа и дома, семејството, двете мали деца. Постојано бев уморна, ненаспана, имав тахикардии. Поради умор, навечер рано заспивав, па некое време се будев навечер и не спиев со саати. Запсивав пред да ѕвони алармот за будење. Оттука доаѓаше ненаспаноста и уморот. Кожата ми стана груба и рапава. Ноктите ми се кршеа, а косата ми паѓаше. Внимавав на храната, а се дебелеев. Тоа го препишував на професијата, која е поврзана со седење… И поминуваа години, а јас се чувстував се полошо и полошо – раскажува една пациентка на која пред две години и бил дијагностициран хипотироидизам, намалена функција на тироидната жлеза.
На инсистирање на членови на потесното семејство, таа отишла на преглед каде што по ехо-прегледот и мерењето на тироксин Т4 и тријодтиронин Т3 било откриено дека штитната жлезда лачи со забавен интензитет.
– Ова е автоимуно заболување и дијагнозата е за цел живот. За среќа, со терапијата се се доведува во ред. Денес навистина се чувстувам добро. Секој ден, прво нешто што правам наутро е да се напијам „еутирокс“ па потоа ми почнува денот – вели Ана Ѓоргиевска, чија мајка исто така има намалено функционирање на тироидната жлезда, а нејзината сестра е носител на Хашимото синдром. И тоа е автоумуно заболување каде што самиот организам формира антитела насочени против тироидната жлезда, што води до хронично воспаление. Ова е едно од најчестите состојби кои водат до хипотироидизам.
Денеска е 25 мај, Меѓународен ден за тироидно заболување. Меѓународната недела на свеста на тироидните заболувања првпат е организирана во 2007 година.
Хормоните што ги лачи тироидната жлезда го регулират метаболизмот, односно енергијатата – телесната температура, влијаат врз функцијата на сите органи во смисол на забавување односно забрзување на функцијата на органите во телото. Тироидната жлезда лачи два главни хормона- тироксин Т4 и тријодтиронин Т3 како поактивен метаболит. Проблемот се јавува порани нивно намалено или зголемено лачење.
Најчесто станува збор за автоимуно заболување. Но, порано причина за хипотироизмот беше јодниот дефицит, а со воведувањето на суплементацијата на јод во исхраната, причината на хипотироза поради јоден дефицит е намалена. Поатојат и други поретки причини како, воспаленија, или мала жлезда (хипопластична), или пак ако во еден период од животот пацинетот имал зрачење во пределот на вратот.
– За среќа хипотироидизмот се третира доживотно со лекови кои не се штетни – вели асистент д-р Ирфан Ахмети од Клиниката за ендокринологија, дијабетес и метаболички нарушувања.
Од 23 до 29 мај здружението „Борка – за секој нов ден“ ја одржа националната кампања за подигање на свеста за тироидните заболувања во Македонија, „Виолетов караван 2016“.
– Виолетовиот караван“ се органзиира првпат и има за цел да ја подигне свесноста на населението за болестите на тироидната жледза, со цел навремено да се забележат промените и знаците на тироидното заболеување и навреме да се третира со цел да се спречат можните компликации. Караванот опрфати посета во седум града, со бесплатни ехо-прегледи со цел да се направи скрининг за населението кое не е свесно дека има симптоми и знаци на тироидното заболување. Оваа година мотото е „Хипотироидизам – Демаскирање на симптоми и знаци“ – вели д-р Ахмети.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.