Daily news
(ФОТО) На 37 години таа е како зајак – биолошка мајка на 38 деца
Триесет и седум годишна жена од Уганда има исклучителната дарба да создава, да раѓа бебиња. Денес Миријам Набатанзи е горда мајка на цели 38 деца. Таа живее во малото село Кабимир, во област Муконо, лоцирано на околу 50 километри од главниот град Кампала.
Целата нејзина генерација е од еден татко и тоа е потврдено од локалната администрација.
Според локалното издание Daily Monitor of Uganda, последното дете во семејството е дојдено на виделина преку царски рез во декември 2016 година, по што лекарите и ја отстраниле матката..
Неверојатната авантура на Миријам започнува на 13 години, кога таа за првпат раѓа – близнаци.
Тоа се случило непосредно откако била дадена за невеста на маж, кој бил 25 години постар од неа.
Од тој момент таа натаму постојано е … бремена. Во овие 24 години, жената 6 пати родила близнаци, 4 пати е бремена со тројки, 3 пати успева да роди четворка близнаци еднаш е бремена само со едно дете.
Десет од децата се девојчиња, а останатите се момчиња. Најмалото дете во моментов е на 4 месеци, а најголемото може да се каже дека е веќе возрасен човек, бидејќи е на 23 години. Раѓањето на толку многу деца на куп (близнаци, тројки и четворки) не ја изненадило жената.
“Тоа воопшто не ми се стори чудно, бидејќи сум го видела и пред тоа, Тоа го има во нашата фамилија„, вели 37-годишната жителка на Уганда.
“Мојот татко има 45 деца од различни жени и сите тие се појавуваа во парови од по 2, 3 или 4”, раскажува Мирјам, која селаните ја нарекуваат “должност муза банана” или “близначка која раѓа четворки”.
Д-р Чарлс Кигунди, гинеколог во болницата Мулаго и претседател на здружението на гинеколозите и ОБ-гинеколозите во земјата, смета дека е многу можно Миријам да има наследено исклучителната плодност од својот татко.
По шестото раѓање, кога таа веќе имала 18 деца, Миријам сепак зела разумно решение за да престане да се множат и затоа се обратил за совет од лекар. Одговорот кој таа го добила бил запрепастувачки и фантастичен. Тие и соопштиле дека ако престане да раѓа може да умре, бидејќи таа е генетски предиспонирана кон хипер-овулацијата (ослободување на повеќе јајца во еден циклус), што значително ги зголемува шансите за мултипна бременост.
Лекарите и објасниле дека ако овие неоплодени јајца останат во телото , можат да го уништат репродуктивниот систем, со што ќе и го загрозат животота објаснува доктор Ахмед Кикомеко, за африканското списание Happenings.
Иако била предупредена од гинеколозите Миријам направила обид да го контролира своето тело и си поставила спирала. Телото сепак реагирало исклучително лошо на активностите.
“Цело време повраќав и за малку ќе умрев. Бев во кома месец дена “, раскажува жената. Но овој инцидент не ја обесхрабрува и кога била имала 23 години (во тој момент веќе е мајка на 25 деца), таа прави нов обид да престане да раѓа, но и овој пат се направила погрешно, а лекарите инсистираат да не престанува да се репродуцира.
Желбата на Миријам да нема повеќе деца е поврзано и со фактот дека исхраната на ова огромно семејство е многу тешко. Не само поради бројот на грла, а и затоа што сопругот на вечната трудницата не и помага.
“Мажот ми е полигамист и има многу деца од претходните врски”, изјавила мајката на 38 деца. За исхраната на ова семејство на ден се потребни 10 кг. брашно, 4 кг. шеќер, а за хигиената – три сапуна. Единствениот извор на приход за жената е нејзината тезга за билки, која ја држи на пазарот.
Дополнителен приход добива тоа што гио разубавува невести пред нивната свадба. Од пред извесно време жената размислува за својот нов бизнис план – да стави водовод до дома, за да може да продава чиста вода на целата околија.
“Јас престанав да се самосожаливам, бидејќи сум свесна дека овие деца се дар од Бога. Затоа обидувам да дадам се од себе за да се грижам за нив “, објаснува Мирјам….крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.