Daily news
ФРОДЕМ: Престанете со измеќарството, ќе заглавите во затвор
ФРОДЕМ јавно ги повикува добронамерните членови на ВМРО-ДПМНЕ во наредниот период да се воздржат од вплеткување во манипулативни игри на Груевски и врхушката за спасување на сопствената криминална кожа.
Опсесивниот, секојдневен притисок за вклучување на партиски лица во јавните реакции не е ништо друго туку „димна завеса“ која треба да создаде привид на божемна опозициона активност. А која е всушност опозиционата активност: негирање, негирање и негирање. Тоа не е став на опозиција, туку став на очајници кои не сакаат ништо друго освен трескавично, папагалско промовирање на зададени пропагандни пароли. Но, таа импотентност не нe’ загрижува. Нас реално не загрижува фактот што зад параванот на партиските соопштенија, на божемната партиска активност, се врши активно попречување на правдата односно безобѕирно криминално бранење на огромниот организиран криминал кој досега е направен“ – велат од ФРОДЕМ.
Оттаму додаваат дека периодот на конструктивноста заврши, тоа впрочем бил став и на Груевски.
„ФРОДЕМ, отсега натаму педантно ќе почне да го евидентира и процесира секој, пропагандно криминален настап, на секој партиски војник, излажан или не е, сеедно. Единствената работа која ФРОДЕМ ќе ја бара од новата власт е казнување на сите припадници на злосторничкото здружение, без исклучок. Истото важи и за секој правен субјект кој пласира јавни информации, а низ кој сомнително или нелегално поминале огромни суми пари, за кои немало никаква основаност. Значи да бидеме јасни – Злосторничко здружување, согласно член 394 од Кривичниот законик на Р.Македонија, е: „Тој што ќе создаде група или банда што има за цел вршење на кривични дела за кои може да се изрече казна затвор од три години или потешка казна, ќе се казни со затвор од една до пет години”. А во учебниците по „Казнено право“, за злосторничкото здружување се вели: “делото се состои во самото организирање и членување во такво здружение, без оглед на тоа дали е извршено некое кривично дело од планот на здружувањето“.
Затскривањето зад политичка партија нема многу да помогне, напротив тоа ќе биде значителна, отежнувачка околност. Со други зборови, политичкиот субјект бил само параван за реализација на злосторничко здружување и вршење најразлични кривични дела. Со проверка на потеклото на имотната состојба на секого ќе престанат сите патриотски приказни и криминални изговори. Што се однесува до новата власт ФРОДЕМ сака да го порача следново: Стоте дена наскоро истекуваат, или фатете се за работа за демонтирање на режимот или ако не можете отворете ги вратите и за сите други вонпартсики, добрнонамерни професионалци кои час поскоро, ефикасно ќе ја вратат нормалноста и редот во државава“ – се додава во соопштението од ФРОДЕМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.