Контакт

Daily news

Хари Костов објасни како „Фени“ од гигант стигна до стечај

Објавено пред

По двомесечен молк, проговорија банките кредитори на металуршкиот гигант од Кавадарци, „Фени индустри“. Нивниот последен збор е стечај за фабриката поради долг од 40 милиони евра кон Комерцијална банка АД Скопје, Стопанска банка АД Скопје и Силк роуд банка АД Скопје, како и долг од дополнителни 20 милиони евра кон други доверители на „Фени“. Два месеца 850 вработени од „Фени“ стравуваат за работните места кога на почетокот на септември комбинатот престана со производство, а единствената линија што работеше во фабриката ја одржува на минимум оти ако целосно ја исклучи, вработените велат дека „Фени“ ќе биде само старо железо.

dobivaj vesti na viber

Хари Костов, главен извршен директор на Комерцијална банка, денес објасни како „Фени“ од комбинат кој заработувал 90-100 милиони евра годишно, сега е сведен на стечај. Проблемите во комбинатот и според Костов и според вработените почнале во 2015 година кога доминантен сопственик на фабриката станала ИМР („Интернешнл минерал рисорсес“). До тогаш сопственишвото во сооднос 50:50 го делеле со „БСГ рисорсис“ како дел од компанијата „Кунико рисорсис“. Поради несогласувања токму за сопственоста, имале судски спор во Амстердам, Холандија, каде што е регистрирана „Кунико рисорсис“. ИМР е компанија на Казаси, а БСГР ја водат израелци.

„Во 2015 година судот во Холандија донесе одлука со која Казасите станаа доминантни сопственици на ’Фени’ од 91 отсто со условена обврска да отворат сметка со 68 милиони долари. ’Фени’ требаше да има можност да повлекува средства од оваа сметка за тековното работење и за покривање на долговите доколку има потреба. Од овој износ не е повлечен ниту еден долар. Напротив, раководството на фабриката за покривање на долговите трошело средства од резервите и од производите. Резервите се во залог кај банките и трошењето без наша согласност е кривично дело. Ниските цени на никелот што се задржаа подолг период го доведоа ’Фени’ на работ на рентабилноста и затоа што се истрошија суровините и резервите на готови производи, фабриката не можеше да ги намири долгот кон банките, долгот за струја, долгот кон превозниците, долгот за суровини“, објасни Костов.

Сметката од 68 милиони евра, која била услов за доминантен сопственик на „Фени“, и претставникот на Силк роуд банка потврди дека не била чепната иако цело време му стоела на располагање на раководството.

„Сопствениците си назначија своја управа за повлекување на средствата, која не ги побара заклучно со истекот на рокот до кој беа обврзани да ја имаат заклучно со 2016 година. Кога истече рокот, си ги повлекоа парите во целиот износ, без да вложат ниту еден долар во ’Фени’. Кога исцрпеа сè, ни кажаа ’жалиме, не можеме да ви платиме’“, објасни претставникот на банката Силк роуд.

Кога ги утврдиле проблемите на комбинатот, банките имале неколку состаноци на кои се обидувале да најдат решение. На некои од нив имало претставници и од Владата. Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, вели дека учествувале на состаноците со цел да го заштитат интересот на вработените во фабриката, на банките и на македонската економија за која, според него, пропаѓањето на „Фени“ може да биде сериозен удар.

„Разговаравме со ‘Кунико’ и од таму се согласија да ја продадат фабриката за 1 долар на фирма што ќе може да ги преземе сите обврски. За продажба на фабриката одлучува раководството и тие одлучија тоа да биде бугарски ’Енекод’“, рече вицепремиерот Анѓушев.

Иако раководството претставува дека бугарски „Енекод“ е новиот сопственик на „Фени“, банките тврдат дека таква согласност не дале и се сомневаат дека со оваа фирма може да постигнат договор за продажба.

„Во досегашните преговори со оваа фирма побаравме отплата на дел од обврските и репрограмирање со бизнис-план кој би бил доказ дека може да обезбедат дополнителни средства и доказ дека може да овозможат комбинатот да продолжи да работи. Преговорите завршија без успех. ’Енекод’ понуди минимални плаќања, немаше бизнис-план за работњето, немаше обрт на средства. Се сомневаме дека ’Енекод’ е доволно силна за да ги преземе обврските. Јавија дека ги исплатиле платите, но тоа го направија со заем од други компании. Фирмата воопшто не е регистрирана во Централен регистар. Според договорот за кредитирање, банките имаат право врз основа на нивна процена на новиот сопственик да му дадат согласност за продажба. Се појавија информации дека ’Енекод’ е новиот сопственик, но тоа не е точно. Информираа и дека преговараат со некои Кинези, но нема трага и од нив“, вели Костов.
Тој нагласува дека барањето за реструктурирање и репрограмирање на долгот на ’Фени’ со отворање стечај не значи стопирање на фабриката за банките да си ги наплатат долговите, туку простор да се најде силен инвеститор кој ќе може да ја преземе обврската.

Вицепремиерот Анѓушев, пак, рече, дека „Енекод“ била само една од три фирми со кои раководството на „Фени“ преговарало за продажба. Вели дека претстои пораст на цената на фероникелот, што ја прави фабриката исплатлива и рентабилна и покрај долговите. Претставникот на Силк роуд рече дека банките се отворени за преговори со секој што е подготвен да ги сервисира долговите и да гарантира дека нема да се затвори фабриката. Банките на ја исклучуваат можноста и за повторни преговори со „Енекод“, но најавија дека согласност ќе дадат ако бидат исполнети нивните услови.

Во меѓувреме изминативе две недели во „Фени“ влегле Финансиска полиција и Управата за јавни приходи, кои ги истражувале случувањата во комбинатот. За наодите, Анѓушев најави дека институциите ќе информираат на посебни прес-конференции.

„Ќе кажам само дека ’Фени’ нема дадено завршна сметка. Некој тоа го толерирал“, рече Анѓушев.
За сè што не е почитувано и за секое прекршување на законите, Анѓушев рече дека ќе бидат поведени соодветни постапки.

Раководството на фабриката е недостапно за коментар на состојбите. Со нив контакт не успеале да воспостават ниту преставниците од Владата, кои ги побарале за заедно со банките да ја престават состојбата во „Фени“.
М.И.П.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет11 минути

Наставниците во Тенеси ќе можат да носат пиштоли на училиште

Пратениците во американската сојузна држава Тенеси усвоија закон со кој на наставниците во државата ќе им се овозможи да носат...

Регион19 минути

Во БиХ уапсени 14 криумчари, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра

Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални...

Свет56 минути

Кина изрази противење на пакетот помош од САД за Тајпеј

Кина е „одлучно против“ на американскиот пакет за безбедносна помош за Тајпеј во износ од над осум милијарди долари, соопшти ...

Свет58 минути

Стотици мртви во масовни гробници во Газа, меѓу нив жени и стари лица, некои со врзани раце

Палестинските тимови за цивилна заштита започнаа со ексхумација на тела од масовна гробница пред болничкиот комплекс Насер во Кан Јунис...

Македонија2 часа

Тошковски: Мислам дека изборниот ден ќе помине во најдобар ред

Техничкиот министер за внатрешни работи Панче Тошковски изјави дека досега нема никакви нарушувања на гласањето а МВР веќе ги има...

Регион2 часа

Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме

Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем,...

Свет2 часа

Американскиот Сенат одобри помош од 95 милијарди долари за Украина, Израел и Тајван

Американскиот Сенат усвои закон со кој се одобрува пакетот безбедносна помош за Израел, Украина и Тајван во вкупна вредност од...

Топ2 часа

Маж во САД ги убил сопругата и трите деца, едно дете преживеало

Пет мртви тела, меѓу кои и три деца, се пронајдени во куќа во американската сојузна држава Оклахома. Од полицијата велат...

Македонија2 часа

Македонија денеска избира претседател: седум имиња се на гласачкото ливче

Во Северна Македонија се одржуваат седмите претседателски избори. Евентуалниот втор круг од претседателските избори е закажан за 8 мај, за...

Македонија18 часа

Нема да има работни саботи за учениците, МОН донесе нова одлука

Министерството за образование и наука информира дека наставата од деновите на гласање, 24 април и 8 мај, како и од...

Македонија18 часа

Со супервештачење ќе се бара вина кај лекарите за родилката од Дебар, која, по породувањето, се врати дома без јајчник, матка и бубрег

Судот нареди да се направи супервештачење за родилката од Дебар, Јалдз Веапоска, на која по породување во струшката болница ѝ...

Македонија21 час

ССМ повика на првомајски протест: Бараме враќање на трошоците за храна и превоз и минимална плата од 450 евра во првите 100 дена од новата влада

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) повика на првомајски протест за враќање на трошоците за храна и превоз и зголемување...

Македонија22 часа

Инспекторатот ќе контролира дали работодавците ја почитуваат владината одлука за неработен ден

Државниот пазарен инспекторат им укажува на сите работодавци дека во согласност со заклучокот на техничката Влада деновите на изборите –...

Македонија24 часа

ДИК објави упатство за гласање на претседателските избори

Пред утрешното гласање на првиот круг од претседателските избори, Државната изборна комисија (ДИК) на својата официјална веб-страница објави повеќејазично упатство...

Македонија1 ден

Беќаровски навести дека си оди од Токсикологија: Дон Кихот, конечно, го напушта оклопот

Доктор Нико Беќаровски навести дека ќе си замине од Клиниката за токсикологија. Во статус на социјалните мрежи Беќаровски порача дека...

Свет1 ден

Русија со предупредување до Европа: Ако ни го земете имотот, одговорот ќе боли

Сојузникот на претседателот Владимир Путин во вторникот ја предупреди Европа дека Русија веќе го напишала законот за да се одмазди...

Македонија1 ден

Странски новинари, преведувачи: вкупно 942 набљудувачи ќе ги следат претседателските избори

Вкупно 942 набљудувачи, странски новинари и преведувачи се акредитирани за следење на претседателските избори на 24 април. Како што е...

Свет1 ден

Иранскиот министер за надворешни работи: Санкциите на ЕУ против Иран се за жалење

Санкциите на Европската Унија, за кои минатата недела беше постигнат начелен договор што треба да му бидат наметнати на Техеран...

Македонија1 ден

Предизборен молк пред утрешните претседателски избори, денеска гласа дијаспората, болните и затворениците

Почна предизборниот молк пред утрешните претседателски избори. Молкот завршува на 24 април во 19 часот кога се затвораат избирачките места....

Свет1 ден

Украинските власти: Седум лица повредени во напад со руски дрон во Одеса

Седум лица се повредени, меѓу кои две деца, во напад на руски дрон врз украинското пристаниште Одеса, соопштија украинските власти....