Daily news
Што го забрзува стареењето?
Кога вежбате без заштитен фактор
Повеќето од нас избегнуваат да коритат каква било крема кога вежбаат за да избегнат претерано потење, но… Само половина час трчање или вежбање на отворено е доволно да ве фати сончаница, односно вашата кожа да биде изложена на силни сончеви зраци кои и тоа како влијаат на изгледот на кожата. Брчките, старечките пеги, сите промени на кожата се резултат на изложување на УВ зраци. Особено денес кога сонцето силно пржи за разлика од претходните години. Затоа следниот пат обидете се да не излегувате без заштитен слој од крема со фактор минимум 30 или облечете нешто што ќе ви го покрие телото!
Кога консумирате алкохол
Алкохолот не предизвикува само мамурлок, туку влијае и на хидратација на телото и лоша апсорпција на витамините, особено витамин А, што есенцијален за работата на колагенот и еластинот. Овој битен протеин ја одржува отпорноста на кожата и нејзината елстичност.
Кога јадете премногу блага храна
Сакате многу сокови, чоколади и други слатки? Можеби е време таа страст да ја оставите малку на страна. Високото ниво на шеќер во крвта го намалува колагенот во вашата кожа и поттикнува појава на брчки и ја прави вашатакожа сува.
Кога не носите очила за сонце
Очилата за сонце се ангел чувар на вашите очи бидејќи кожата околу очите е најтенка и најчувствителна. Одберете очила со заштита од УВ зраци. Потребна ви е дополнителна мотивација?
Кога слушате гласна музика
Денес, се повеќе луѓе слушаат гласна музика на слушалки, несвесни дека таа гласна музика ги иритира тенките влакна во увотот кои потоа ги иритираат нервите во мозокот. Ова доведува до постепено слабеење на слухот.
Кога долго гледте во компјутер
Денес ретко шт може да се заврши а притоа да не вклучува седење на компјутер. Тоа е и наша работа. Сепак, водете сметка кога седите долго на компјутер то д биде во осветлена просторија и зумирајте ги страниците, немојте да давате напор при гледањето во мониторот, бидејќи оа предизвикува подочници, брчки и главоболка.. Исто така правете пауза и ибегнувајте да седите по неколку часа пред компјутер.
Кога претерано го чистите лицето
Есенцијаната нега на кожата бара секојдневно да ја вадите шминката и да го миете своето лице, плус користење на дневна крема која ја хидрира вашата кожа. И тука точка. Одберете еден тоник за длабинско чистење на кожата и тоа ви е доволно. Никакви деноноќни пилинзи, масла и сл. Кожата сама по себе функционира како природен заштитен фактор од надворешните фактори.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.