Контакт

Daily news

Што ќе се случи ако Земјата почне побрзо да се врти?

Објавено пред

Во животот постојат доволно нешта за кои треба да сме загрижени. На пример, нуклеарна војна, климатски промени, и дали исправно или погрешно ги четкаме забите. Земјата која пребрзо се врти можеби не е на врвот на вашата листа, затоа што не постои голема веројатност тоа наскоро да се случи – но и ако се случи, вие би биле премногу мртви за да се грижите за тоа. Без разлика на сè, зборувавме со некои експерти за да дознаеме како сето тоа би се одвивало.

dobivaj vesti na viber

Прво, да претставиме колку брзо се ври светот сега. Тоа всушност зависи од тоа каде се наоѓате, затоа што планетата се врти побрзо околу својата половина. Како што се врти Земјата околу својата оска, периметарот е најширок околу екваторот. Па точка на екваторот патува патува далеку подалеку за 24 часа за да сврти околу својата почетна точка, да речеме, Чикаго, кој лежи на потесниот пресек на Земјата. За да постигне заради дополнителната разлика, екваторот се врти со 1.037 милји (1,669 км.) на час, додека на Чикаго ми се потребни посмирена (околу 750 милји или 1,207 км./час ) брзина.

Ако можеме да ја забрзаме ротацијата на Земјата за една милја (1,6 км.) на час, морското ниво околу екваторот ќе се подигне за неколку инчи, затоа што водата од половите се придвижува кон екваторот. „Потребни се неколку години да се забележи тоа“, вели Витолд Фрашек, аналитичар од ЕСРИ; компанија која прави софтвер за георгафскиот информатички систем (ГИС).

Она што ќе биде најзабележително е излегувањето на сателитите од колосек. Геостационарните сателити вртат окиолу планетата со брзина која соодветствува со ротацијата на Земјата, за да можат цело време да останат на истата позиција. Ако планетата забрза за една милја, на час, тогаш сателитите повеќе нема да бидат на точната позиција, што значи дека сателитските комуникции, телевизиските преноси, и воените и разузнавачките операции можат да бидат попречени, барем привремено. Некои сателити си носат гориво за да можат да ја прилагодат својата позиција и брзина, но други ќе мораат да се заменат, а тоа е многу скапо.

– Ова може да го наруши животот и комфорот на многу луѓе, вели Франшек, „но нема да биде катастрофа за кого било“.

Нештата можат да станат покатастрофални ако повеќе забрзаме.

Губење на тежината

Центрифугалните сили од вртењето на Земјата постојано се обидуваат да ве исфрлат од планетата, слично кога сте на рингишпл. Засега гравитацијата е посилна и ве држи приземен. Но ако Земјата тргне да се врти побрзо, ценстрифугалната сила ќе се засили, вели Стен Оденвалд, астроном од НАСА.

Во моментов, ако тежите 80 килограми и се наоѓате во Арктичкиот круг, можеби ќе тежите 79,5 кг. на екваторот. Тоа е затоа што дополнителна центрифугална сила која се создава на екваторот се врти побрзо за да се бори против гравитацијата. Ако го притиснете копчето за забрзување, важата тежина ќе падне уште пониско.

Оденвалд пресметува дека ако евенуално екваторот забрза на 17,641 милји (28,390 км.) на час, центрифугалната сила ќе биде доволно силна практично да немате тежина (Или ако сте се уште жив. Повеќе или помалку).

Постојан „џет-лег“ (физиолошко нарушување поради временските зони)
Што побрзо Земјата се врти, деновите ќе стануваат сè пократки. Со забрзување од една милја повеќе, денот ќе стане околу една и пол минута пократок и нашиот внатрешен биолошки часовник, кој е прилагоден прилично точно на 24-часовен режим, тоа веројатно нема ни да го забележи.

Но, ако забрзаме за 100 милји од вообичаеното, денот ќе биде околу 22 часа долг. За нашите тела тоа ќе биде како засилен момент на менувањето од зимско на летно сметање на времето. Наместо да го наместиме часовникот еден час назад, тој ќе се смени за два часа секој ден, без можност вашето тело да се прилагоди на тоа. А менувањето на должината на денот, најверојатно, исто така ќе ги наруши и растенијата и животните.

За нашите тела тоа ќе биде како менувањето на сметањето на времето – набилдано.

Но сето ова би се случило ако Земјата одеднаш забрза. „Ако постепено забрзува со текот на милиони години, ќе се прилагодиме на сето тоа“, вели Оденвалд.

Посилни урагани

Ако ротацијата на Земјата бавно забрзува, тоа ќе влијае и врз атмосферата – и нема да забележиме особено големи разлики во однос на секојдневните движења на ветровите и климата.

– Температурните разлики сè уште се главниот двигател на ветровите, вели Оденвалд. Сепак, екстремното време може да стане подеструктивно. „Ураганите побрзо ќе се вртат и во нив ќе се создава повеќе енергија“, дополнува тој.

Причината која влијае врз тој чуден феномен ја спомнавме претходно: Земјата се врти побрзо околу екваторот.

Ако Земјата воопшто не се врти, ветровите од северниот пол ќе дуваат праволиниски кон екваторот, и обратно. Но затоа што се вртиме, патот на ветровите се одвива кон исток. Ова криво движење на ветровите се нарекува ефект Кориолис, а тоа е она што им дава забрзување на ураганите. А ако Земјата побрзо се врти, ветровите уште побрзо ќе се движат кон исток. „Практично тоа ја прави ротацијата на земјата уште поштетна“, вели Оденвалд.

Водениот свет

Дополнителна брзина кон екваторот значи дека водата во океаните таму ќе почне да се подигнува. Со една милја побрзо, екваторот ќе почне да се дави. „Сметам дека базенот на Амазон, Северна Австралија, а да не ги споменуваме островите во еквитаријалниот регион, сите ќе се најдат под вода“, вели Фрашек. „Не сум сигурен колку длабоко под вода, но проценувам дека би било околу 30 до 65 фита (од 9,15 м. до 19,8 м.)“.

Ако двојно ја зголемиме брзината на екваторот, за Земјата да се движи 1000 милји побрзо, „јасно е дека тоа ќе биде катастрофално“, вели Фрашек. „Освен високите планини, како што се Килиманџаро или највисоките врвови на Андите, мислам дека сиот екваторијален регион ќе биде покриен со вода“. Таа дополнителна вода ќе биде повлечна од поларните региони, каде центрифугалната сила е помала, па така Арктичиот Океан ќе стане поплиток.

Во меѓувреме, дополнителната центрифугална сила со 1000 милји на час побрзо значи дека водата на екваторот полесно ќе се бори со гравитацијата. Воздухот ќе стане потежок со влага во тие региони, предвидува Фрашек. Со густа магла и тешки мрачни облаци, овие области најверојатно ќе се соочат со постојани врнежи од дожд – како да им е потребна повеќе вода.

На крајот, со забрзување од 17,000 милји на час, центрифугалните сили на екваторот ќе се изедначат со силата на гравитацијата. По тоа, „ќе доживееме обратен дож“, шпекулира Фрашек. „Капките дожд ќе почнат да одат кон атмосферата“. Во тој момент, Земјата ќе се движи 17 пати побзро отколку сега, и наверојатно тогаш нема да останат многу луѓе во екваторијаниот регион за да се воодушевуваат на тој феномен.

– Ако тие неколкумина останати луѓе останат живо откако поголемот дел од водата се премести кон атмосферата и надвор од неа, тие најверојатно ќе посакаат да избегаат од екваторот што е можно побзро“, вели Фрашек. „Тоа значи дека ќе се најдат или во поларните региони, или барем на поголема надморска висина“.

Земјотреси

На многу голема брзина – да речеме со 24,000 милји (38,624 км.) на час, и во текот на илјадници години, најверојатно ќе се смени и земјината кора, ќе се сплесне околу половите и ќе се прошири околу екваторот. „Ќе се појават многу силни земјотреси. Текстонските плоши побрзо ќе се движат и тоа ќе биде катастрофално за животот на планетата“, вели Фрашек.

Бавно тркалање

– Верувале или не, брзината на Земјата постојано флуктуира, вели Оденвалд. Земјотресите, цунамите, големите воздушни маси, и топењето на ледената покривка, сето тоа ја менува брзината на ниво на милисекунди. Ако еден земјотрес голтне дел од почвата, со што макар и делумно ќе се смени периметарот, и ефективно ќе се збрзува онака како Земјата ќе ја заокружува својата ротација. Големите воздушни маси ќе го дадат спротивниот ефект, и ќе го забавува забрзувањето исто како што лизгач на мраз успорува кога е со испружени раце наместо да ги припие до телото.

Со текот на времето и брзината на ротацијата на Земјата се менува. Пред околу 4,4 милијарди години, се формирала месечината откако нешто големо удрило на Земјата. Оденвалд смета дека тогаш нашата планета имала облик на сплескана фудбалска топка и се вртела толку брзо што секој ден најверојатно било четири часа долг.

-Тој настан драматично го изобличил обликот на планетата и речиси целосно ја фрагментирал Земјата, вели Оденвалд. „Дали ова повторно ќе се случи? Па да се надеваме не“.

По формирањето на месечината, брзината на ротацијата Земјата забавува за речиси 3,8 (6,11 км.) милји на секои десет милиони години, најчесто поради влијанието на гравитациската сила на месечината врз нашата планета. Па затоа најверојатно брзината на Земјата во иднина ќе забавува, а нема да забрзува.

– Не постои логичен начин Земјата толку драматично да забрзува, вели Оденвалд. „За побрзо да се врти, треба да биде удрена на вистинско место од вистински објект, а тоа ќе ја претвори земјината кора во течност, па и така сите ќе бидеме мртви“.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија8 часа

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија8 часа

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија10 часа

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...

Македонија13 часа

Министерството за здравство за приватните специјализанти: Решение ќе има после изборите

„Министерството за здравство секогаш се залага за подобрување на условите за работа на здравствените работници и соработници, кои меѓу нив...

Македонија18 часа

Наместо покачена 12 отсто, вработените во културата не добија никаква плата, од утре излегуваат на протести

Доколку до крајот на денот не им биде исплатена платата за март на 3.000 вработени во културата, од утре тие...

Македонија18 часа

Сексизам, дискриминација, навреди и говор на омраза од Пендаровски и лица вклучени во неговата кампања: Силјановска-Давкова со нова претставка

Гордана Силјановска-Давкова денеска поднесе нова претставка до Државната изборна комисија, Комисијата за заштита од дискриминација, ОБСЕ – Организација за безбедност...

Македонија18 часа

ДУИ симулира седница на која Бугарите влегоа во Уставот, Села е претседател на Собранието, а Османи на државата

„Европскиот фронт“ предводен од Демократската Унија за интеграција симулираше конститутивна седница на Собранието, со тоа, сликовито прикажувајќи што би се...

Македонија21 час

Пендаровски: Ја вративме слободата, изградивме еднакво општество, имаме силна поддршка од најмоќните демократски држави

Кандидатот за претседател, Стево Пендаровски вчерашниот ден од изборната кампања го заокружи со граѓански митинг во Гостивар. Пред присутните Пендаровски...

Свет22 часа

ЕУ воведе нови санкции за Иран

Лидерите на Европската унија вчера одлучија да ги зголемат санкциите против Техеран додека светските сили се обидуваат да спречат поширок...

Свет22 часа

Украина предупредува на трета светска војна пред клучната одлука во Америка

Украинскиот премиер изјави за Би-Би-Си дека ќе има трета светска војна доколку Украина ја загуби војната со Русија, апелирајќи до...

Македонија1 ден

Мицкоски: Пендаровски не ги критикува ДУИ и Ахмети, што значи дека е нивен привезок и втор кандидат за претседател

Народот знае дека гласот за Стево е глас за ДУИ, Али Ахмети и Артан Груби. Гласот за Стево е глас...

Топ2 дена

Обид за убиство во прилепскиот затвор: со нож избоден осуденик

Полицијата поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради убиство во обид. Од МВР информираа дека инцидентот...

Македонија2 дена

Арсовска: Министерката за култура успеа самата себеси да се побие и не одговори на ниедно прашање

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска успеа самата да се побие и не одговори на ниту едно прашање коешто беше поставено,...

Топ2 дена

Кривична против Курто Дудуш: за директори на градинка именувал лица што не биле вработени таму

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против 49-годишниот К. Д., градоначалник на скопска општина...

Македонија2 дена

„Два месеца нема плата за вработените, а пред избори се примаат работници“ – „Национални шуми“ на протест

Триесет подружници се собраа пред Јавното претпријатие „Национални шуми“ со цел да го изразат незадоволството оти втор месец немаат добиено...

Македонија2 дена

Со Арсовска ќе се видиме на суд да објасни како јас сум знаела, а не сум пријавила пожар во Универзалната сала, најави министерката за култура

За министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска, вчерашните обвинувања од градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, се лаги, скандалозни тврдења и обид...

Македонија2 дена

Грејната сезона продолжува поради временските услови

АД ЕСМ ги информира потрошувачите приклучени на системот за централно греење со кој управуваат компаниите формирани од АД ЕСМ, како...

Македонија2 дена

Училиштата не може да објаснат како е направен изборот на фирмите за чии услуги плаќаат родителите: набавките за униформи за учениците, за фотографирање и за ужина се нетранспарентни

Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето „Отсуство на процедури, транспарентност и отчетност кај набавките што се финансираат со пари...

Регион2 дена

По високите температури, Србија во снег: мештаните шокирани

Силниот дожд во утринските часови на територијата на западна Србија прерасна во лапавица и снег, а на Златибор веќе е...