Контакт

Daily news

Џез-електронска сензација на „Д’ Фестивал“

Објавено пред

Музиката на светот доаѓа со „Проџект ракија“ и „Месечинка“, а македонската програма ја збогатуваат „Моноглич“ и „Контакт 59“.

dobivaj vesti na viber

Покрај веќе потврдените настапи на драмендбејс пионерот Рони Сајз, ѕверското име на андерграунд дет-метал сцената „Синистер“ и имињата од новата генерација на домашната сцена „Д’Планктонс“, „Шел шок“ и „Обохтал“, во програмата на „Д’ Фестивал“ се запишува и вториот бран артисти кои ќе се погрижат за новото најпозитивно фестивалско лето во Дојран кое годинава ќе се одржува од 14 до 16 јули. Во листата хедлајнери се запишува и шведската џез-електронска сензација „Куо Оскар оркестра“, бендот на Оскар Симонсон кој ќе го донесе совршениот летен звук под отвореното небо на Д’ Фестивал.
Музиката на светот годинава ќе ја донесат исклучителните бендови од оваа сцена, „Проџект ракија“ и „Месечинка“ („MESZECSINKA“), кои во Дојран пристигнуваат од Холандија и Унгарија. Претставниците од македонската музичка сцена, пак, секоја година имаат посебно место на „Д’Фестивал“, а меѓу нив особено потенцијалните имиња од младата музичка сила кои годинава ќе бидат збогатени со настапите на „Моноглич“ (MONOGLITCH) и „Контакт 59“ (CONTACT 59).

Многу музички бендови звучат како „Куп“, но „Куп“ звучат како никој друг. По 10 години борба, Оскар Симонсон, композиторот и продуцент кој стои зад овој музички проект, замина од сцената на која се одржа последниот концерт на бендот. „Куп“ издадоа три албуми кои се сметаа како пресвртна точка во електронската сцена – „Санс оф Куп“ (Sons of Koop), „Волц фор Куп“ (Waltz for Koop) и „Куп исландс“ (Koop Islands). Иако никогаш не беа во центарот на вниманието, нивната идеја ја пренесуваа нивните фанови и андерграунд сцената, додека не дојдоа до точка кога нивната музика беше комплетно разбирлива. Пет години по распаѓањето на „Куп“, Оскар Симонсон чувствувал дека е повторно подготвен за музика. По кратко дружење со литванската пејачка Џазу (Jazzu), дознава колку му недостасува музицирање со други артисти, па одлучува да состави бенд со Џазу како вокал. Го нарекува бендот Куп оскар оркестра (Koop Oscar Orchestra, KOO), а главната мисија е да ја слави големината на музиката, особено моментот што музиката има способност да ги поврзе луѓето на начин на кој ништо друго не може. Бендот прераснува во состав од седум музичари и нивното прво појавување во јавност е во есента 2015 година.


„Проџект ракија“, холандската балканска група предводена од Игор Секуловиќ, има втор албум, „Пам ап д редио“ (Pump Up The Radio). Бендот е една цела весела дружина, а музиката искрена и ве предизвикува на добра забава и позитивни мисли. Игор по неговото преселување од Босна во Холандија ја започна музичката кариера уште како студент на Рокакадему каде што ги претстави модерните верзии на стотици години старите балкански песни, на кои традиционалните елементи се збогатуваат со енергичен ритам, рок гитари и психоделичен западен рок звук. Неговиот „Проџект ракија“ уште од оформувањето функционира како едно семејство, сочинето од 12 музичари. Нивниот прв албум „Велком ту д фемили“ (Welcome To The Family) веќе им обезбеди медиумско присуство во Холандија, како и настапи на одлични фестивали низ Европа и Балкан, вклучувајќи го и настапот за затворање на унгарскиот „Сигет“ на главната бина во 2014 година.

„Месечинка“ е оценет како еден од 12-те најдобри бендови од Унгарија кога е во прашање музиката на светот, кои настапиле на најреномираните фестивали на овој жанр. Тие пејат на седум јазици (унгарски, шпански, руски, бугарски, фински, арапски и нивниот сопствен), нивните членови доаѓаат од четири земји (Унгарија, Бугарија, Хрватска и Полска), а во нивната музика унгарскиот и бугарскиот фолклор живеат заедно со фламенко и психоделичниот звук, ориенталната и експерименталната музика. Групата е често на турнеја низ многу европски земји, а досега ги посетија и САД и Канада, снимаа видео на Црвениот плоштад во Москва и видео од патувањето низ Балкан. Нивното уметничко видео „Кинилок“ (Kinyílok) се искачи до шестото место на британската видеолиста на Ворлд мјузик нетворк и Рутс магазин.
„Моноглич“ е новото име на групата „Проџект 2501“ (PROJECT 2501). Станува збор за аудио-визуелен концептуален сајберкор/сајберпанк бенд од Скопје кој постои од 2011 година, a обработува научно-фантастични и сајберпанк теми. Визуелниот дел се однесува и на нивните изведби, при што песните се придружувани од страна на визуелизации сработени конкретно за изведуваниот материјал. Како „Проџект 2501“ тие веќе имаат запишано и победа на „Лузер фест“, која им го донесе и гостувањето на еден од најголемите европски фестивали, словачкиот „Похода“ каде што со одличниот настап привлекоа голем број нови фанови од странската публика. Зад себе го имаат и своето прво ЕП издание под наслов „Ешес ту ешес/аналог ту диџитал“ (Ashes 2 Ashes/Analog 2 Digital), а со нетрпение се очекува и објавувањето на нивниот прв студиски албум, најавено за годинава.
„Контакт 59“, актуелните победници на скопскиот „Лузер фест“ доаѓаат со настап и на „Д’Фестивал“ во Дојран. Станува збор за најновото пријатно изненадување на македонската алтернативна сцена. Музичкиот жанр кој тие го негуваат е инди-рок и пост-панк, а покрај настапите во живо, наскоро го очекуваме и нивниот нов студиски материјал на кој во моментов се целосно посветени. крај/мф/



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион3 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ3 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија3 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ5 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија5 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Македонија7 часа

Притвор од 48 часа за две лица задржани по убиството на лекарот во Железара

Со оглед на тоа што се уште се преземаат дејствија за обезбедување докази, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје...

Регион7 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион8 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа8 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет8 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа8 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија21 час

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија21 час

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија23 часа

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија1 ден

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија1 ден

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ1 ден

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија1 ден

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија1 ден

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...