Daily news
10 навики на најбогатите луѓе на светот
Богатите луѓе успеале да го направат своето богатство меѓу другото и поради своите навики и модели на однесување кои им помогнале, не само да го добијат, туку и да го задржат она што го имаат.
Еве неколку од заедничките навики на сите богати луѓе.
1. Поставуваат цел
Богатите луѓе не станале случајно богати. Тие пред се си поставуваат цел која ги води кон тоа да бидат богати. На крај тие ја остваруваат својата цел.
2. Се фокусираат на работа, една по една
Богатите луѓе пред себе поставуваат навидум недостижна цели, но додека во умот постојано ја имаат таа цел, целосно се посветуваат на својата работа и се фокусраат на својата цел. Сите овие навидум обични нешта, всушност ги ностат до постигнување на примарната цел.
3. Го почитуваат времето
Со оглед на тоа дека брзо размислуваат и многу работат, овие луѓе немаат време за губење. Тие многу го почитуваат времето и кога го трошат на тривијални работи, имаат грижа на совест. Затоа вие ретко ќе видите богат човек како бесцелно седи на интернет, или менува ТВ канали без некоја посебна цел.
4. Трошат помалку отколку што заработуват
Проблемот на некои луѓе кои едноставно не можат ништо да заштедат е што нивните приходи редовно ги пратат нивните трошоци, па ако ги зголемат приходите, ги зголемуваат и трошоците. Луѓето кои станале и останале богати, никогаш не ги трошат своите приходи до крај. Обидетее се и вие секој месец да заштедите 10 проценити од платата. Но не да купите сè што сакате, па на крај тоа што ќе ви остане да го заштедите, туку на почетокот тргнете ги парите за штедење, а потоа потрошете го остатокот.
5. Многу работат
Без оглед на тоа дали сте стекнале или сте наследиле богатство, богатите по правило работат на негово зголемување или осигуррување. Оние кои не го прават тоа, ретко остануваат богати.
6. Постојано учат и ги шират своите знаења
Правило на богатите е колку повеќе знаеш толку повеќе добиваш, па за нив моќта на знаењето е еднаква на моќта на заработувањето.
7. Се дружат со богати
Богатите луѓе немаат сиромашни пријатели, а оние кои се дружат со богати, или со оние кои се потенцијално богати, еден ден ќе имаат значителна сопственост.
8. Упорност
Богати луѓе едноставно не се откажуваат. Тие можеби не дошле до својот имот на начинот на кој прично си замислиле, но по сите падови успеал да станат и на крајот да го пронајдат вистинскиот пат до нивното богатство.
9. Превземаат пресметани ризици
Ризиците не се непознати за богатите луѓе, но кога тие одлучуваат да постигнат нешто, прават се за тоа да го постигнат, па ако тоа подразбира големи ризици, тогаш тие се подготвени и на тоа. Тие знаат дека големите ризици можат да ги чинат многу, но никогаш својата надеж не ја насочуваат кон една работа и имаат „бек-ап“ варјанта.
10. Tие се големи филантропи
Колку и да ви се чини ова контрадикторно, ако се погледне во животот на некои од најбогатите луѓе, може да се види дека тие се всушност големи филантропи. Список на овие луѓе е долг , а некои од нив се Рокфелери, меѓу нив и Ендрју Карнеги, Бил Гејтс и многу други.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.