Контакт

Daily news

56 СВП – вриеж од полемики, но засега сè по старо

Објавено пред

Во пишана дебата за „Макфакс“ проговореа „за“ и „против“ реанимација на СВП, но и натаму најмногубројни меѓу писателите се оние што не сакаат со никого ништо да си забележат.

dobivaj vesti na viber

Најголемата поетска манифестација со интернационален карактер, денеска ќе почне со традиционалните агенди кои се многугодишна пракса и ја сочинуваат формата на СВП. Две недели претходно ја тресеа промени и полемики. Можеби беше предоцна да се направат какви било содржински промени, па ова издание, како што барем засега изгледа, нема многу да се разликува од претходните. Новоименуваниот Управен одбор, што го сочинуваат Елизабета Шелева, претседавач, и членовите Лидија Димковска и Димитрије Дурацовски, според многумина од литартурните кругови, ќе ја завршат задачата професионално.  Според некои, повлекувањето на Дарко Лешовски од СВП е голема штета, а други, пак, сметаат дека тоа беше правилен избор.

Министерот за култура, Роберт Алаѓозовски, исто така оставката на Лешоски ја прими со жалење и мораше да избере друго раководство бидејќи деновите пред почетокот се одбројуваа. Секојдневните промени и од кадровски и правен карактер ги разбрануваа нештата во речиси секој сегмент од културата, но за промените да имаат јасен и видлив карактер, ќе почекаме во некои други изданија на манифестациите во културата.

Исклучително популарниот и најчитан поет на социјлните мрежи, Лешоски, по именувањето, беше нападнат со многу критики, кои главно се однесуваа на неговата возраст и искуството, и оттаму му забележуваа за недоволната кадарност за оваа функција. Тој ги сослуша сите критики и даде оставка, што е преседан во домашната литературна историја. Иако на СВП со години се гледа критички, како и на политизираната книжевна сцена, досега никој не покажал слична доблест – да се откаже од некоја функција што му ја доверила државата.

„Ги слушнав сите мислења и сите ги почитувам. Се повлекувам и се откажувам од претседателствувањето со Управниот одбор на Струшките вечери на поезијата. Се заблагодарувам на укажаната доверба и останувам посветен на мојот примарен ангажман во сервисот за односи со јавност на Владата. Нека биде ова почеток на една поинаква демократска практика“, изјави Лешовски при повлекувањето.

Писателот и новинар Звездан Георгиевски, кој професионално ги следи СВП од 1984 година, има радикален став за изборот и реизборот на УО на СВП. Тој вели дека од 1991 година не напишал ниту еден позитивен новинарски ред и не може да се сети на ниту едно раководство на СВП со кое немал полемички расправии. Според него, суштината на проблемите со СВП секогаш било преголемото инволвирање на финансиерот на СВП – државата, во нејзиниот содржински концепт. Политиката била поважна од поезијата и затоа тој го поддржуваше изборот на Лешоски со процена дека оваа пракса овој млад и бунтовен човек ќе може да ја смени.

„Мојот став за СВП е радикален. Токму како што е радикален мојот став и за целиот општествен простор. Тоа значи дека не верувам во никакви реформирања или деформирања на СВП. Коренот на овие процеси е форма, а токму формата е она што најмногу ми пречи во однос на СВП. И убеден сум дека нема исправање или нарушување на оваа форма. Едноставно е: има само приспособување на векот во кој живееме. Или нема! Што е тоа што најмногу ми пречи и ми пречеше. Се разбира, тоа е инволвирањето на финансиерот во самата срцевина на манифестацијата. А финансиерот е државата, односно дневната политика, односно партиите што се на власт. Јасно, ова не е нов феномен. Уште од времето на комунизмот секој венценосец одеше на прием кај тогашниот претседател на Извршниот совет, или премиер, како што би се рекло денес. И затоа пишував вести со наслов од типот „Глигорие Гоговски ја прими Десанка Максимовиќ“, а не обратно, на пример, „Десанка Максимовќ го посети Глигорие Гоговски“. Кога веќе ја спомнувам Десанка Максимовиќ, првиот лауреат по Мирослав Крлежа од некогашна Југославија, редно е да споменам дека оваа награда беше искористена за првата и единствена официјална посета на Слободан Милошевиќ на Македонија.

Сакам да кажам дека на СВП политиката, и тоа онаа дневната, секогаш била поважна или еднакво важна колку што била и поезијата. Со текот на времето, токму од 90-тите години на минатиот век, некако се изгуби оној битнички, поетски карактер на Струга, а остана само политичко-бирократската форма на манифестацијата. Ова веќе го имам некаде кажано, ама ќе го повторам уште еднаш, а се надевам дека ќе немам потреба одново да го повторувам, а тоа е дека Струга барем две децении е форма без содржина. Нешто слично како цигари без никотин, кафе без кофеин, шеќер без сахароза, „кока-кола“ без шеќер…

Значи, тоа што мене ми пречи е токму формата: плато за сликање на политичарите и место за платен викенд на поетите. Поточно, ми пречи убедувањето дека приредбите од типот „Мостови“, „Меридијани“, ручеци на Свети Наум…, се идентификуваат како стожерни, идентитетски и национални симболи. Не! Тие се само еден рудимент од средината на минатиот век, кога, ете, СВП беа некаков столб на младата нација. Денес, белки, поминавме барем половина век од тогаш.

Тоа, всушност, е причината зошто го поддржав изборот на Дарко Лешоски за претседател на Управниот одбор на СВП. Затоа што ги знаев неговите негаторски ставови кон обичајот поетите на глас да си ги читаат своите песни, затоа што го знаев неговиот презрив однос кон етаблирараната книжевна критика и кон поетските фестивали такви какви што се. Затоа помислив дека Лешоски е вистинскиот избор за вистински дисконтинуитет на Струшките вечери, односно помислив дека е вистинскиот човек што ќе ја воведе Струга од 1967 година во 2017, смета Георгиевски.

Според младиот писател Стефан Марковски, повлекувањето на Лешоски било правилна одлука, но тој исто така забележува на многугодишната полтизираност на фестивалот и неговата зачмаеност која треба да се смени.  

„Познавајќи ја професорката Шелева од студентските денови, немам ниту трошка сомнеж дека таа како претседател и Лидија Димковска и Димитрие Дурацовски како членови ќе внесат свежина во оваа врти-сучи многу точно опишана како сувопарна, еднолична, досадна (во негативна смисла, иако досадата во поетски контекст знае да биде носител и на позитивни карактеристики) и во минатите години деградирана и, за најголема жал, политизирана манифестација како што можеа да осетат на својот грб и некои од членовите на актуелното раководство.

Колку и да не се согласувам со изборот на Лешоски за претседател на УО, тој имаше доблест, многу поголема од онаа што некогаш би можеле да ја имаат некои од оние – книжевници и обични смртници – кои го гаѓаа со дрва и со камења, што од фрустрации, што од бес, поради губењето привилегии уживани од досегашниот Управен, што од полуписменост, да ја донесе одлуката што овие луѓе не би ја ни сонувале. Но, добро, патрдијата заврши како што заврши и сум задоволен што излезе така“, смета Марковски.

Во програмите од последниве години забележувам дека редовно се застапени анонимни и сомнителни имиња, луѓе без заднина врзана за поезијата, луѓе што со години не објавиле поетско дело, луѓе по една или друга линија блиски до овој и оној. За традиционалната и најетаблирана (нема да речам и најзначајна од проста причина што не сум поклоник на правење хиерархија на неколкуте постојни книжевни награди во земјата според степенот на значајност) поетска награда „Браќа Миладиновци“ кандидатите се исфрлаат врз база на политичка или друга неподобност на авторот, антагонизам/лично непријателство со членови на жирито, наслов на збирка, корици итн, смета Марковски.

На оваа тема консултиравме уште десетина реномирани писатели, кои своите ставови ги изнесуваа на социјалните мрежи или, пак, во форма на колумни, но на самиот почеток на манифестацијата сакаат да останат воздржани до нејзиното завршување. Дали ќе продолжи праксата на молчење и чекање политички преструктуирања за нови приклонувања на подобни и неподобни писатели, ќе покаже времето. Во меѓувреме Струга деновиве ќе слави поезијата 56 пат.

Агенда на СВП:

Со садење дрво и поетско читање во чест на добитникот на „Златниот венец“ – Чарлс Симиќ, денеска во Струга ќе почне фестивалот Струшки вечери на поезијата, кој ќе трае до 28 август. Официјалното отворање на 56-тото издание на фестивалот е вечерва во 20.30 часот на платото пред Домот на поезијата со меѓународното поетско читање „Поетски меридијани“.

Фестивалските содржини ќе продолжат во наредните пет дена кога ќе бидат одржани симпозиумот „Изгубено/најдено во преводот“, портрети на годинашните лауреати – добитникот на „Златниот венец“, Чарлс Симиќ, и на наградата „Мостови на Струга“ на СВП и УНЕСКО, Горан Чолакхоџиќ, и прогласување на годинашниот добитник на наградата „Браќа Миладиновци“ за најдобра поетска збирка на македонски јазик меѓу два фестивала. Во рамките на СВП ќе има и вечери за европската поетска платформа „Версополис“.

Фестивалот во Струга ќе заврши на 27 август со поетската манифестација „Мостови на Струга“ и врачување на фестивалските награди на годинашните добитници. В понеделник, 28 август, фестивалот ќе се пресели во Скопје каде што ќе има Поетско матине на Матка, а вечерта – Меѓународен поетски митинг на плоштадот Македонија.

Годинашниот добитник на наградата „Златен венец“, поетот Чарлс Симиќ, е роден во Белград 1938 година, во тогашна кралска Југославија. Тој е еден од најзначајните современи американски и светски поети и есеисти. Со семејството се преселил во САД во 1953 година. Поезија почнал да пишува во средно училиште, а на неговите поетски почетоци влијаеле американските поети Волт Витман, Емили Дикинсон, Волас Стивенс… Неговата прва стихозбирка „Што вели тревата“ (1967) била одлично примена од критиката.

– Неговата поезија се одликува со впечатлива концизност. Со истенчен слух за ритам, со зачестено користење на римата, асонанцата, синтаксички паралелизми… Наизглед неговиот стил е едноставен, провиден, разговорен, но искусните љубители и проучувачи на поезијата знаат дека во овите поетски стапици и во самиот слободен стих има толку малку едноставности, произволности или слобода, посебно кога поезијата содржи доволно сугестии во оригиналноста на поетските визии и слики, беше наведено, меѓу другото, во образложението на одлуката на СВП Чарлс Симиќ годинава да го добие престижното поетско признание.

А. Василевска

 



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Прва правна конференција Tres Partes

Објавено пред

На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.

dobivaj vesti na viber

Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.

Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.

Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.

Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.

 

Прикажи повеќе...

Daily news

Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната

Објавено пред

Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.

dobivaj vesti na viber

Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.

За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.

Прикажи повеќе...

Daily news

Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера

Објавено пред

Spion

Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.

dobivaj vesti na viber

Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.

„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.

Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.

Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

(Видео) Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост, рече Пендаровски

Кандидатот за претседател Стево Пендаровски вечерва од Бутел рече дека е легитимно и дека е демократски избор секој да коалицира...

Македонија11 часа

Ковачевски до Мицкоски: На Македонија и е потребно национално единство за интеграција во ЕУ, а не за мораториум

Вчера, Мицкоски зборуваше за некакво македонско единство и за мораториуми. За жал, се повеќе и повеќе луѓе сфаќаат дека единствен...

Македонија11 часа

(Видео) Силјановска -Давкова: Пендаровски на многу закони, а и на најважниот, Кривичниот законик не стави вето

„Осум години претседателот повикува на ветинг. Тоа значи или генерален реизбор или пак другата форма на ветинг, кога треба да...

Македонија11 часа

Мицкоски: Државата е украдена од народот од страна на ДУИ и нивните измеќари СДС

Многу е важно да споменеме што ни се случуваше изминативе 6 и половина години, грабеж, понижување, срам и да не...

Македонија16 часа

Спречени 3.000 вработувања и унапредувања предложени од техничката Влада

Управниот суд ги поништи решенијата за вработување и унапредување на над 3.000 вработени во Министерството за финансии и јавниот сектор...

Македонија16 часа

Македонската армија ѝ се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд

Од Армијата на Македонија ги измешаа знамињата на Норвешка и Исланд. Во благодарноста на „Фејсбук“ триесетина минути стоеше, наместо норвешкото,...

Македонија17 часа

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Приведено е уште едно лице за кражбата на сеф од маркет во Црниче. Од МВР информираа дека вториот приведен е...

Македонија20 часа

„Рекет“ не е расчистен, барам фер шанса за да ја докажам својата невиност, Заев беше човекот што комуницира директно со сите, вели Бојан Јовановски

Бојан Јовановски, денеска, во Кривичниот суд предаде барање за повторување на кривичната постапка за предметот „Рекет“, во кој како првообвинет...

Македонија21 час

МОН известило дека деновите на изборите ќе се одработуваат во две саботи, а на 15 јуни и часовите пропшуштени поради самитот на ОБСЕ

Министерството за образование и наука (МОН) ги известило училиштата дека неработните денови на одржување на изборите ќе се одработат во...

Свет22 часа

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Соединетите Американски Држави ставија вето на нацрт-резолуцијата на Советот за безбедност на Обединетите нации „Државата Палестина да биде прифатена како...

Свет22 часа

Небензја: Америка го крши духот на Палестинците, ги принудува да му се покорат на Израел

САД, кои ја блокираа резолуцијата за Палестина во Советот за безбедност на ОН, се обидуваат да ја скршат волјата на...

Македонија23 часа

Мицкоски: Преземам иницијатива за создавање национално единство, и запирање на сите напади кон Левицата и ЗНАМ, државата е одземена од народот

„ВМРО-ДПМНЕ – ВМРО Демократска партија за македонско национално единство, тоа е многу силно име, кое не само заради историското ВМРО...

Македонија23 часа

Маричиќ: Оваа Влада ги покачи пензиите 50 проценти и ветуваме дека во наредниот мандат просечната пензија ќе биде од 500 евра

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за пратеник, Бојан Маричиќ, оствари средба со граѓаните пензионери од Изборната единици 1, каде...

Свет23 часа

Си-ен-ен: Остин разговараше со Галант пред нападот на Иран, Вашингтон не ја поддржува оваа акција

Американскиот секретар за одбрана, Лојд Остин, разговараше во четвртокот со израелскиот министер за одбрана, Јоав Галант, за „регионалните закани и...

Свет23 часа

Трамп: Опстанокот на Украина е важен за САД

Доналд Трамп рече дека опстанокот на Украина е важен за Соединетите Американски Држави. Поранешниот претседател поголемиот дел од својата објава...

Свет23 часа

(Видео) Светските медиуми: Израелски проектил го погоди Иран

Израел го нападна Иран, јавуваат светските медиуми. Ројтерс цитираше изјава од три лица запознаени со ова прашање, додека иранските државни...

Македонија1 ден

(Видео) Силјановска -Давкова: На 9 мај ќе го славиме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа, но ќе славиме и за Македонија

„На 9-ти мај ќе го прославуваме Денот на победата над фашизмот и Денот на Европа! На 9-ти мај, ќе ја...

Македонија1 ден

Мицкоски: Повикувам на обезбедување на македонско национално единство, обзнанувам мораториум и запирање на сите напади кон партиите Левица и ЗНАМ

Нашето име е ВМРО-ДПМНЕ, ВМРО – демократска партија за македонско национално единство. Тоа е многу силно име, кое не само...

Македонија1 ден

(Видео) Ковачевски: Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа

Со Мицкоски и ДПМНЕ е можно само враќање назад во изолација и режим, далеку од Европа, рече претседателот на СДСМ,...

Македонија1 ден

(Видео) „Мицкоски на чист бугарски јазик му кажа на Борисов дека го поддржува договорот“, рече Пендаровски во Виница

Како дел од изборната кампања, кандидатот за претседател Стево Пендаровски попладнево беше меѓу граѓаните на општина Виница. На прашање на...