Daily news
Aтанасов: Разнишаниот образовен систем се сруши врз децата, итно е потребна новата Влада
„Потребно е итно да се деблокира Собранието и да се формира новата реформска Влада, којашто ќе почне веднаш да работи на последиците од катастрофалните образовни политики на досегашната власт. Во прашање се нашите деца. Две релевантни меѓународни институции, ОЕЦД и Светската банка излегоа со многу загрижувачки податоци – дека повеќе од 2/3 од учениците на возраст од 15 години се функционално неписмени“, изјави во неделата Петар Атанасов, претседател на Комисијата за образование на СДСМ.
„Истовремено, учениците од Македонија покажале меѓу најслабите резултати според светски релевантната организација ПИСА, на тестирањето по наука, математика и читање со разбирање! Министерството за образование секоја година добива негативни оценки во извештаите на Европската унија дека нема капацитет за големи реформи. Образовните институции се неповрзани и неспособни“, рече тој.
„Недостигот на стабилен и сериозен образовен систем се скрши врз грбот на децата кои станаа жртви на неписмените образовни политики на досегшната власт. Затоа мнозинството граѓани избраа промени и тие мора да се случат! Во Програмата на новата реформска се предвидени сериозни образовни реформи што посветуваат сериозно внимание на младите и личниот напредок, бидејки тие се движечката сила и моторот на едно општество“, додаде Атанасов.
„Нашата цел е да воспоставиме современ образовен систем, во соработка со сите засегнати страни, професорите, наставниците, родителите, учениците и по успешен европски модел што одговара на приликите во нашата земја. Прво, мора веднаш да се отстранат погрешните проекти и штетните експерименти како екстерно тестирање, дисперзирани студии, катастрофални учебници, казните за наставниците и лошите закони“, порача тој.
„Второ, мора да обезбеди квалотетна образовна структура што ќе може, ќе нзае и ќе сака да го постави образовниот систем на здрави нозе. Програмата на новата Влада вклучува и нов Институтот за развој на образованието и Центар за обезедување на квалитет. Трето, образованието треба да дава доволен образовен потенцијал што ќе им помогне на младите да се адаптираат во времето и да се вклучат на пазарот, во согласност со економијата во државата. Тоа ќе го постигнеме со реформа на средното стручно образование. Над 250.000 ученици во основното и средно образование и над 25.000 наставници и професори со нетрпение ја чекаат новата реформска Влада и таа многу брзо ќе се формира и ќе почне да работи во интерес на сите граѓани“, заклучи Атанасов./крај/мф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Награда за „Бизнисот на задоволството“ на фестивалот во САД, кој ги откри Спилберг и Џорџ Лукас
Долгометражниот филм „Бизнисот на задоволството“ на Гоце Цветaновски е добитник на наградата „Сребрено реми“ на „Хјустон интернешнал филм фестивал“ (WorldFest-Houston International Film Festival) во САД.
Овој значаен фестивал, кој постои цели 57 години е еден од најстарите во Америка и најстар во светот за независни филмови. Се гордее со тоа што во својата историја им ги доделил првите награди на легендарни режисери како што се Стивен Спилберг, Џорџ Лукас, Анг Ли, браќата Коен, Ридли Скот, Брајан де Палма, Оливер Стоун, Роберт Родригез, Спајк Ли, Дејвид Линч и уште многу други.
„Ова е голем успех. Да бидеш награден во конкуренција од над 4.000 филмови од 70 држави, е признание кое ја потврдува естетската вредност на филмот. Дефинитивно влеговме во убаво друштво, со оглед на тоа кој се’ е добитник на „Реми награда“ во историјата на фестивалот. И’ честитам на целата екипа којашто допринесе за меѓународниот успех на филмот и едвај чекам сите да се собереме повторно и во септември да го претставиме филмот пред македонската публика.“, рече режисерот Гоце Цветановски.
Наградата е деветта по ред на филмските фестивали во светот, а трета во САД, откако претходно „Бизнисот на задоволството“ го доби признанието за најдобар филм на „Риверсајд филм фестивал“ во Калифорнија и за највпечатлив филм во Седона, Аризона.
Улогите ги толкуваат Муса Исуфи, Слаѓана Вујошевиќ, Исмаил Касуми, Дамјан Цветановски, Осман Ахмети, Елени Декидис, Мендим Муртези, Егзона Салиху, Авни Далипи и Катерина Коцевска, а Цветановски го потпишува и сценариото. Продуценти на филмот се Дритон Рамадани, Богдан Јончевски и Гоце Цветановски.
Снимен е со поддршка на Агенцијата за филм.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.