Daily news
Бактериите во човековите црева се стари најмалку 15 милиони години
Некои бактерии во човековите црева се стари најмалку 15 милини години, далеку повеќе од човечкиот вид објавија научниците кои работеле на истражувањето од кое резултатите во четвртокот се објавени во списанието Science.
Ова откритие сугерира дека еволуцијата има многу поголема улога во составот на цревниот микробиом отколку што досега се мислеше, појаснуваат научниците. Овие бактерии придонесуваат за раниот развој на човековите црева, борбата на имунолошкиот систем против патогените и би можеле дури да влијаат врз човековото расположение.
„Со ова истражување докажавме дека некои бактерии од човековите црева потекнуваат директно од оние кои живееле во цревата на нашите предци кои ги делиме со мајмуните, Тоа докажува дека постои непрекината линија на тие бактерии веќе со милиони години, од појавата на африканските мајмуни“, вели Ендрју Милер, научник од калифорнискиот универзитет Беркли, еден од авторите на студијата.
Научниците откриле генетски докази дека бактериите еволуирале во различни видови, кога заедничките предци на човекот и мајмунот започнале да еволуираат во различни видови.
Првото раздвојување на цревните бактерии во нови соеви се случило пред околу 15,6 милиони години, кога линијата на горилата се одвоила од онаа на хоминидите. Второто раздвојување се случило пред 5,2 милиони години, кога човечкиот вид се одвоил од шимпанзото и џуџестите шимпанза (бонобо).
„Знаеме веќе подолг период дека луѓето и нашите најблиски роднини, големите мајмуни, ги имаат тие бактерии во своите црева. Најважното прашање на коешто настојувавме да дадеме одговор е од каде потекнуваат тие бактерии, од нашата околина или од нашата еволуција, и колку долго нивните линии опстанале“, вели Милер.
Научниците анализирале примероци од фекалните материјали од шимпанза, џуџести шимпанза и горила коишто живеат во Африка и од луѓе од САД. Фосилите и генетичките податоци упатувале на заклучокот дека тие четири видови хоминиди се развиле од заеднички предок кој живеел пред повеќе од десет милиони години.
Научниците ги анализирале сите различни верзии на еден бактериски ген кој бил присутен во сите примероци. Така ги реконструирале еволуциските стебла на три групи цревни бактерии кои сочинуваат повеќе од 20 отсто од човечките микробиоми. Двете групи имаат слична еволуција со хоминидите, истакнуваат научниците.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.