Daily news
Физичарите поблиску до утврдување на масата на неутриното
Експериментите на јапонскиот детектор KamLAND им помогнаа на физичарите да го стеснат утврдувањето на можната маса на неутриното. Научниците на нашле траги од исклучително ретките варијанти на распаѓањето на јадрото на ксенон-136, што укажува на помалата маса на овие честички, отколку што се очекуваше, вели францускиот физичар Адам Фалковски.
Експериментите на јапонскиот детектор KamLAND им помогнаа на физичарите да го стеснат утврдувањето на можната маса на неутриното. Научниците на нашле траги од исклучително ретките варијанти на распаѓањето на јадрото на ксенон-136, што укажува на помалата маса на овие честички, отколку што се очекуваше, вели францускиот физичар Адам Фалковски.
Неутрината се најмалите елементарни честички, кои „комуницираат“ со околната материја само преку гравитацијата и така предизвикуваат ткн слаби интеракции коишто се манифестираат само на растојанија многу помали од јадрото на атомот. Кон средината на минатиот век научниците открија три вида вакви честички: тау, мион и електрон, како и нивните „негативни близнаци“ антинеутрина.
Набљудувањата на Сонцето во 1960-те години и експериментите на Нобеловците, Артур Мекдоналд и Такааки Каџита, покажаа дена различните видови неутрина можат периодично да се трансформираат едни во други и да имаат не-нулта маса. Проучувањата на сличните трансформации спроведени од физичарите во последните десет до петнаесет години покажаа дека маста на овие честички е многу мала, и не може да надмине 1,5 до 2 електронволти.
Сега физичарите се обидуваат точно да ја определат таа маса користејќи го детекторот KamLAND, изграден во Јапонија во 2002 година и модернизиран во 2011 годна. Оваа постројка, којашто претставува своевиден гигантски меур исполнет со специјална течност на база на ксенон-136, редок изотоп на овој благороден гас, чиј период на полураспаѓање е неколку трилиони пати поголем од возраста на Вселената.
Ксенотонот-136, како што појаснува физичарот Фалковски, обично се претвора во бариум-136, ослободувајќи два електрона и два електрона антинеутрино како резултат на двојното бета-распаѓање. По откривањето на феноменот на неутринските осцилации, некои научници сметаа дека ксенонот-136 може во исклучително ретки случаи да се распаѓа според сосема поинаков образец, без емитување неутрона при претворањето во бариум.
Доколку се одвиваат таквите полураспаѓања, неутрината ќе принадлежат на ткн фермиони Мајоран, посебен вид елементарни честички, коишто главана разлика се состои во тие се јавуваат како свои сопствени античестички. Таквото својство на неутрината би значело дека тие би се самоуништувале при судирите едно со други, а наметнување на посебните ограничувања на нивната масат „оддолу“ и „одгоре“, што треба да го олесни определувањето на нивната маса во мирување.
Потполно е можно тоа и да не е така навистина. Следејќи ги емисиите на „меурот“ KamLAND во последните четири години, физичарите не успеале да ја регистрираат карактеристичната „грпка“ во стапката на породените во него електрони со енергија од 2,5 MeV, коишто задолжително се појавуваат при такви распаѓања.
Според Фалковски, тоа укажува на неколку работи: дека маста на неутриното е многу помала отколку претходно се мислеше, како и дека безнеутринските распаѓања, доколку такви постојат, се случуваат уште поретко од „нормалните“ распаѓања на ксенон (Xe)-136. Покрај тоа, не е исклучена и можноста дека електрон неутрината се најтешки, а тау неутрината се најлесните. А тоа е сосема обратна слика од тоа како се однесуваат масите на повее видливите нивни сродници – електронот, мионот и таонот.
Конечната проверка на ткн мајоранската природа на неутрината, како што вели физичарот, е невозможна, бидејќи детекторот KamLAND не е доволни чувствителен за да навлезе во таа зона на масата којашто ја објаснува сегашното истражување. Планираната замена на „меурот“, во кој во моментов лебди ксенон-136, која се очекува следните години, ќе овозможи да се постигнат посакуваните показатели и да се провери дали неутрината навистина се јавуваат како античестички на самите себеси.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.