Daily news
Научниците ги потврдија Ајнштајновите гравитациски бранови
Извонредното откритие на гравитациските бранов, пукнатини во просторот и времето чиешто постоење го претпоставил пред стотина години Алберт Ајнштајн, од февруари годинава не е измама, објавија во среда научниците откако ги регистрирале и вторпат.
Гравитационите бранови ги предвидел уште Алберт Ајнштајн, но сите експериментални обиди да бидат откриени досега завршија со неуспех. Факт е дека дури и најсилните гравитациони бранови предизвикуваат само мали промени. Затоа научниците сметаат дека да се откријат гравитационите бранови е можно само со многу тешки предмети, како што се галаксии во судир, ротирачки црни дупки или бинарни ѕвездени системи.
Американските научници првпат на 11-ти февруари го потврдија постоењето на гравитационите бранови предвидени во општата теорија на релативитетот на Алберт Ајнштајн од 1916 година кој ги опиша како „пукнатини во структурата на просторот и времето“. Тоа претставуваше сензација во астрофизиката и претворување на Ајнштајновата теорија на гравитацијата во стварност.
Американските научници го детектирале судар на две големи црни дупки и нивно спојување во една на оддалеченост од 1,4 милијарди светлосни години. Гравитационите бранови ги забележале научниците во два големки детектора за гравитационите бранови сместени во американските сојузни држави Луизијана и Вашингтон, меѓусебно оддалечени три илјади километри.
Во соработка со LIGO, за тоа се користеле надземни/антенски гравитациони телескопи, гигантски антени во Т-форма со должина на краците од четири километри. Во нив под висок вакуум се ширеле ласерски зраци, кои се рефлектирале од спротивните краеви на антенската чинија. И бидејќи гравитациониот бран периодично се ширел и се стеснувал, на краците од телескопот, различните зраци движејќи се по различни оптички патеки, доаѓале до излезот со неколку задржувања. Поточно, во крајна линија научниците ги регистрирале новите зраци преку заемното дејство карактеристично за итерферентната шема.
Од тие податоци, научниците заклучиле дека отклонувањето на ниво од 10-19 метри сигнал, кој сведочел за преминот на гравитациони бранови, е генериран од страна на систем од две црни дупки на растојание од околу 50 милиони светлосни години од Земјата.
Второто откритие е забележано во судирот на црни дупки, една 14 пати поголема од Сонцето а другата 8 пати, кои потоа се споени во една, со маса 21 пат поголема од сончевата маса.
Детекторот во Луизијана прв ги регистрирал гравитационите бранови, а оно во Вашингтон ги потврдил 1,1 милисекунда подоцна. Временската разлика на научниците ќе им помогне грубо да пресметаат каде судирот се одиграл.
Тие, исто така, велат дека втората детекција на гравитационите бранови потврдува дека спојувањето на црните дупки е релативно често.
„Сега можеме да ги откриеме гравитационите бранови, тие ќе претставуваат феноменален извор на нови информации за нашата галаксија и еден сосема нови извор на откритија за Вселената“, рекол Астрофизичарот Чад Хана, пренесе Reuters.
Минатата 2015 година, физичарите веќе објавија дека забележале траги од гравитациони бранови во микробраново космичко зрачење, но набрзо признаа дека нивните резултати биле погрешни. Сега, гравитационите бранови ги имаат забележано во подиректни мерења. Доколку овие податоци не бидат демантирани, тоа ќе претставува уште една потврда за општата теорија на релативитетот и ќе го отвори патот кон двата сона на физичарите – создавање на теоријата за квантната гравитација и, можеби, дури и теоријата за големото соединување, кое се опишува како сите видови физичка интеракција во исти услови и рамнини.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Daily news
Прва правна конференција Tres Partes
На 26 декември година во хотелот „Континентал“, со почеток во 10 часот, ќе се одржи првата правна конференција Tres partes, во организација на „Јанаки знае“, а ќе биде поделена во три дела.
Првиот дел е со работен наслов „Дали е потребно укинување на извршителите?”, на кој ќе учествуваат Зоран Василевски, кој ќе ја застапува тезата ПРО укинување на извршителите, извршител Снежана Андреевска, која ќе ја застапува тезата КОНТРА укинување на извршителите и извршител и поранешен судија за извршување, Христо Јованов, кој ќе предава во делот на извршувањето пред да се укинат судиите извршители.
Вториот дел е со работен наслов „Дали се шаблонизира институтот надомест на нематеријална штета“, на која предавачи ќе бидат адвокатката Маруша Митровска, судијката Љубица Колиќ од Основен суд Скопје 2 и судијата Ѓорѓи Радојков од Апелациониот суд Скопје.
Третиот т.н. кривичен дел е со работен наслов „Неприменување на кривично-правните институти“, во кој предавачи ќе бидат адвокатот Јанаки Митровски, Никола Тупанчевски, редовен професор по казнено право при „Јустинијан Први“, Александра Деаноска, вонредна професорка по казнено право при „Јустинијан Први“, и Оља Ристова, судијка при Основниот суд Скопје 1.
Предвиден е и интерактивен дел со публиката преку поставување прашања и коментари од учесниците.
Daily news
Груевски оди во затвор – Апелација му ја потврди казната
Апелациониот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет познат во јавноста под името „Тенк“ по одржана јавна седница, донесе пресуда со која му ја потврди двегодишната затворска казна на премиерот Никола Груевски. „Жалбите на обвинетиот Никола Груевски изјавени лично и преку неговите бранители ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди во целост, со што му ги потврди двете години затворска казна“, пишува во соопштението од судот.
Второстепениот суд делумно му ја уважи жалбата на Ѓоко Поповски и му ја намали казната на 4 години и 6 месеци, а во останатиот дел првостепената одлука ја потврди.
За Гордана Јанкулоска за „Тенк“ е издвоена во друга постапка и пресудата за неа, под обвинение дека ја злоупотребила службената положба и го натерала Поповски да го намести тендерот за „мерцедесот“ што го посакал Груевски, ќе биде изречена на 8 октомври.
Daily news
Бизнисменот Минчо Јорданов треба да сведочи дали бил уценет со пари во шпионската афера
Бизнисменот Минчо Јорданов утрово во кривичниот суд е повикан да сведочи во предметот што го презеде специјалното јавно обвинителство под кодно име „Шпион“.
Обвинетите Миќо Наскоски, Зоран Божиновски и Марјан Маџовски, како што рече на минатото рочиште обвинителката Елизабета Јосифовска, со цел да се стекнат со противправна имотна корист, му се заканиле на бизнисменот Минчо Јорданов дека ќе објават податоци за наводна криминална приватизација и откуп на акциите во АД „Бетон“ и на други негови фирми. Во намерата не успеале, а Јорданов не ги исплатил парите.
„Обвинетиот Александар Диневски прибавувал податоци со степен на државна тајна, а потоа ги доставувал или директно на странските разузнавачки служби или му ги давал на обвинетиот Марјан Ефремов, кој ја формирал групата за уцени, изнуди и шпионажа и ја координирал од 2009 до 2013 година, регрутирајќи нови членови во мрежата. Со обвинетиот Мирослав Зафировски од УБК прибирале податоци за луѓе од ЦИА присутни во Македонија и за штаб на ЦИА во Ирак. Тие прибирале и податоци за организациската поставеност на УБК“, рече Јосифовска за „Шпион“, кое СЈО врз база на нови прислушувани разговори го презеде од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.
Ефремов, според обвинението, групата за изнуда и тргување со тајни информации од безбедносните служби на Македонија ја направил во 2009 година и, како што тврди обвинителството, тој е мозокот на целата операција. Информациите им ги продавале на Кост Н. од грчката разузнавачка служба, Петар Н. и Јуриј Н. од унгарската и на други лица од странски разузнавачки служби.
Секој од обвинетите, зависно од тоа во која институција работел, снимал службени документи, кои потоа им ги продавал на грчката, руската, унгарската и српската разузнавачка служба. Обвинети во овој случај се и тогашниот шеф на Кабинетот на претседателот на Собранието, Трајко Вељаноски, генералот Горан Стојков, Миќо Насковски, Ѓорѓи Хаџимицев, Цветан Дамјановски (заедно со други нивни колеги од МВР, УБК, АР и Военото разузнавање, кои дел се веќе осудени) и Зоран Божиновски, кој во групата имал улога ако уценуваните не дадат пари, тој да ги објавува, како што вели обвинителката, во порталот „Буревесник“ или во други медиуми во кои работел. Божиновски е обвинет за злосторничко здружување, шпионажа и уцена.
Обвинетите не се чувствуваат виновни, а тврдат и дека целиот процес е монтиран. Во предметот првично беа опфатени 19 лица, од кои неколкумина ја одлежаа затворската казна. Предметот го суди судијата Владимир Туфегџиќ. На конференциска врска треба да сведочи и Драган Даравелски, кој, според обвинението, исто така бил уценуван од обвинетите.