Daily news
Пивото може да ви го подобри здравјето, но и социјалниот живот
Пиењето пиво со друштво по напорниот работен ден или за викенд е дел од нашата култура.
Овој древен пијалок се добива со ферментација на јачмен и пивски квасец на кое за подобар вкус и мирис му се додава хмељ.
Записите за овој освежителен пијалок потекнуваат од далечно веме. За пивото постојат историски факти, а еден од нив е дека најстариот рецепт во светот е напишан токму за пивото.
Во текот на изминатите векови се сметало за важна состојка во исхраната за сите генерации, а низ изминатите неколку децении е класифицирано како храна или алкохолен пијалок. Древните записи сведочат и за медицинската примена на пивото, а се користело и како состојка во фармацијата.
Од Блискиот Исток, преку западна Европа пивото бргу се проширило во северна Европа каде што се одомоќини. Поради студената клима која не е погодна за одгледување винова лозиа, пивото во рекорден рок стана секојдневие. Дури и денеска е национален пијалок во Чешка, Германија, Белгија, Холандија и Велика Британија.
Важна улога во неговото прифаќање имале и свештениците кои во манастирите произведувале пиво за себе и околните краеви. Тие ја подобриле првобитната верзија на пивото.
Денес пивото е втор најпопуларен пијалок во светот, по чајот. Чесите се прваци во пиење пиво. Еден Чех пие просечно 156 литри годишно.
Освен задоволство и уникатен вкус и арома, пивото пружа и корисни состојки, хранливи материи и растителни соединенија коие се корисни за здравјето. Затоа, во фокусот на интерес на многу истражувачи е врската помеѓу консумацијата на пиво и превенцијата од болести.
Потенцијалните благодети од умереноо пиење пиво се врзуваат со здравјето на срцето и крвните садови, коските, намалување на нивото на стрес и подобар сон.
Генерално, луѓето кои умерено консумираат пиво имаат подобар здравствен статус и подолг животен век, а социолошки студии покажуваат дека пивото игра важна улога во социјалниот живот и поврзување на луѓето.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
