Контакт

Daily news

Спортот ја подобрува меморијата кај повозрасните луѓе

Објавено пред

Спортот на повозрасни години може да го подобри протокот на крв низ мозокот и така да помогне за подобро памтење, утврдиле германските научници според кои добрите ефекти од вежбањето се воочуваат просечно до 70 годишна возраст.

 

 

Научниците од Германскиот центар за невродегенеративни болести, при Универзитетот во Магдебург и Институтот за невробиологија во Лајбниц, спровеле истражување врз 40 мажи и жени на возраст од 60 до 77 години.

 

Поголема полза е воочена кај младите испитаници чија циркулација значително се подобрила при вежбање на подвижна лента.

 

Нивната визуелна меморија исто така се подобрила, па можеле да запаметат апстрактни слики подобро отколку пред почетокот на истражувањето.

 

Кај лицата постари од 70 години не се забележани подобрувања по вежбањето.

 

Сите испитаници биле со добро здравје и не вежбале редовно.

 

Биле поделени во две групи, од кои едната редовно вежбала на подвижна лента во период од три месеца, а другата учествувала само во вежбите на опуштање на мускулите. /крај/хн/ст



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Daily news

Бислимовски – Лорковски: Реформите во енергетиката мора да продолжат

Објавено пред

Претседателот Марко Бислимовски, заедно со членовите и раководителите на секторите на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад (РКЕ) остварија средба со Артур Лорковски, директорот на Енергетската заедница.

Реформите во енергетиката мора да продолжат, континуитетот е клучен – фокусот да се задржи на активностите поврзани со интегрирање на пазарите за електрична енергија, нивна транспарентност и интегритет, како и неопходните реформи на пазарот со природен гас, што ќе обезбедат фер пристап за сите учесници, согласно новите европски мрежни правила – се сложија соговорниците.

Претседателот Бислимоски му се заблагодари на директорот Лорковски за позитивниот наратив за работата на РКЕ при презентацијата на Извештајот за имплементација на законодавството на Енергетската Заедница за 2024 година за државава во Собранието.

„Во очекување на новиот Закон за енергетика, РКЕ во соработка со Министерството за енергетика континуирано работи на подготовка за имплементација на новиот енергетски пакет. Интегрираниот пристап помеѓу сите чинители досега покажа дека е клучен за квалитетна и успешна регулатива, која ќе биде основа за развој на енергетските пазари . Капацитетите со кои располагаме, професионалниот тим кој се гради со години наназад и овој пат може да одговори на сите предизвици кои претстојат. “ изјава Марко Бислимоски, претседател на РКЕ

Лорковски посочи дека Енергетска Заедница ќе остане партнер во понатамошните процеси и дека стојат на располагање за поддршка во делот на креирање на подзаконските акти, откако ќе се донесе новиот закон за енергетика. Процесот на транспонирање на ЕУ правилата е клучно за да осигура работата на РКЕ за стратешките прашања поврзани со обезбедување на сигурна, стабилна и континуирана испорака на енергија.

Прикажи повеќе...

Daily news

Измамници се претставувале како Бред Пит и навеле обожавателки да веруваат дека почнале романтична врска со него

Објавено пред

Во Шпанија уапсени се пет лица кои изнудиле 325.000 евра од две жени претставувајќи се како познатиот американски актер Бред Пит, соопшти денеска МВР на таа земја на својата официјална веб-страница.

Во текот на истрагата се покажа дека криминалците контактирале со своите жртви преку веб-страница за обожаватели на американскиот актер, ја добиле нивната доверба и ги навеле да веруваат дека почнале романтична врска со Бред Пит.

Потоа со лажно претставување ги натерале жртвите да инвестираат во комерцијални проекти.

Прикажи повеќе...

Daily news

Спаси жена што сакаше да скокне од мост, а со години бесплатно ги хранеше бездомниците: Џон Бон Џови ја враќа вербата во човештвото

Објавено пред

Познатиот рокер Џон Бон Џови пред десетина дена беше тема на сите светски медиуми кога убеди непозната жена да не скокне од мост. Овој потег не е единствениот што ја докажува неговата емпатија и хуманост кон луѓето што не ги познава.

Џон Бон Џови, американскиот музичар и фронтмен на познатиот бенд „Бон Џови“, на пешачкиот мост го снимал спотот за песната The People’s House кога од другата страна на оградата забележал жена.

На снимките од надзорните камери што ги сподели локалната полиција може да се види како Џон со член на својата екипа ѝ приоѓа на потресена жена. Потоа се потпрел на оградата и почнал да разговара со неа повикувајќи ја да се врати на безбедно по што ѝ помогнал да се прекачи преку оградата.

Бон Џови потоа ја прегрна и тие стоеја така околу една минута пред заедно да одат по мостот.

Полицискиот оддел Метрополитен во Нешвил го сподели видеото на нивниот канал на „Јутјуб“ и рече дека пејачот ѝ помогнал на очајна жена.

Секоја чест за Џон Бон Џови и неговиот тим што ѝ помогнаа на една жена на пешачкиот мост „Сејгенталер“ во вторникот вечерта.

„Бон Џови успеа да ја убеди да се симне од платформата на мостот на реката Камберленд на безбедно“, објави полицијата на платформата X.

Обожавателите на рокерот не беа изненадени од неговиот потег. Имено, тој во 2011 година основал непрофитна организација, односно синџир ресторани, каде што немало ценовници, а плаќањето на сметката било опционално.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет7 минути

Руте: САД нема да го напуштат НАТО

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ги отфрли шпекулациите дека САД би можеле да се повлечат од Алијансата, оценувајќи дека...

Македонија13 минути

Мамографот во Штип во дефект: Пациентките ќе се снимаат во Кочани, резултатите ќе ги чита штипскиот тим

Министерството за здравство ја информира јавноста дека, поради дефект на мамографскиот апарат во Клиничка болница Штип е воспоставена координирана организација...

Економија20 минути

Авиосообраќајот расте: македонските аеродроми со 30 проценти повеќе патници

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски соопшти дека Меѓународен аеродром Скопје останува лидер во регионот, со раст од 32...

Економија24 минути

ММФ: Народната банка со нови достигнувања во статистиката

Народната банка остварува континуиран напредок во областа на статистиката, со висока усогласеност со меѓународните стандарди и засилена транспарентност. Ова беше...

Спорт29 минути

Шампионката на Вимблдон се соочува со четиригодишна суспензија

Чешката тенисерка Маркета Вондрушова, шампионка на Вимблдон во 2023 година, се соочува со суспензија до четири години откако беше обвинета...

Спорт38 минути

Марко Розе ќе го предводи Бортнмут

Англискиот Борнмут ќе има нов тренер од следната сезона. „Црешите“ ќе ги предводи Марко Розе. Според англиските медиуми, германскиот стратег...

Забава42 минути

Натали Портман повторно бремена: очекува дете со партнерот Тангуј

Актерката Натали Портман (44) е бремена и го очекува своето трето дете, прво со партнерот Тангуј Дестабл. Среќната вест ја...

Спорт45 минути

Орландо и Феникс во плејофот

Орландо Меџик и Феникс Санс ќе играат во плејофот на НБА шампионатот по не толку интересните натпревари од плејофот, одиграни...

Забава46 минути

По Британија, и Полска го откажа концертот на Канје Вест поради контроверзии

Полска го откажа концертот на Канје Вест, неколку дена откако негов настап беше одложен и во Франција поради реакции за...