Daily news
Трикови за позитивни мисли
Ништо во светот не е добро или лошо само по себе. Со нашето размислување сами го правиме такво, е позната мисла на Вилијам Шекспир.
Психолозите истакнуваат дека среќата е исклучиво работа на одлука и избор, а не нешто што е условено со надворешните околности. Значи, секоја ситуација е токму таква каква што ја набљудуваме – сама по себе не е ниту добра ниту лоша. Со други зборови, негативното однесување може да се чини како логично решение и реакција, но тоа не значи дека мора да го усвоиме.
Не е лесно да се биде оптимист и постојано да се гледа на позитивната страна на животот, но, со малку пракса и ментален тренинг, тоа е можно.
И покрај распространетото мислење, оптимистите не се наивни луѓе кои го набљудуват светот низ розови очила. Треба да се биде реалистично оптимистичен, велат експертите.
„Многу луѓе мислам дека луѓето кои размислуваат позитивно ги гледаат само добрите страни и игнорираат се останато. Сепак, доколку одите во таа насока и тоа не е добро. Реалистичните оптимисти, всушност, се свесни и за негативните страни, но одлучиле својата енергија да ја фокусираат на оној дел од животот кој ќе им донесе позитивни чувства и резултати“, појаснува Џофри Суприна, психолог од американскиот Универзитет Аргоси.
Разликата меѓу песимистите и оптимистите лежи во тоа на кој начин ја доживуваат околината. Суприна појаснува како оптимистите автоматски ги одбиваат негативните мисли.
„За повеќето негативни мисли кои се појавуваат воопшто не сме ни свесни. Луѓето кои размислуваат позитивно се свесни за овие мисли и тие ги диригираат – не дозволуваат да ги повлечат во „зајачката дупка на негативност“, туку ги трансфмориаат“, појаснува тој.
За да постигнеме состојба на умот во која можеме да бидеме оптимисти, мора да се ослободиме од потребата да судиме некому.
„Нашето општество има тенденција пребргу да им дава етикети на одредени појави, личности или настани. Потребно е да се разбере дека тие негативни мисли се само мисли и дека тие не се репрезент за реалната состојба на работите“, вели Суприна.
Тој советува:
„Хранете ја вашата позитивност. Медитирајте, пишувајте, водете дневник, поминувајте време со пријателите и семејсвото. Позитивните чувства даваат позитивни мисли“.
Негативните ситуации и негативните луѓе најмногу влијаат на нашата состојба на умот, а стресот е всушност заразен – колку повеќе е околу вас, тоа повеќе и вие ќе бидете изложени и подложни на негативни мисли.
Од друга страна, бројни студии покажаа дека и среќата е заразна. Потрудете се околу вас секогаш да има луѓе кои внесуваат ведрина, топлина и позитивни чувства во вашиот живот, советува Суприна.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
