Контакт

Економија

Акцизата за нафтата зголемeна за 3 денари, парите ќе одат за стопанството и граѓаните

Објавено пред

Акцизата на нафтените деривати се зголемува за три денари, соопшти владиниот портпарол Муамет Хоџа. Владата донесе уредба за дополнување на Уредбата за примена на Законот за акцизите за време на вонредната состојба. Зголемена е цената на акцизата на безоловниот бензин, дизел-горивото и горивото за греење.

„ Уредбата е донесена за да се ублажат економските последици од зголемените трошоци за справување со коронавирусот и обезбедување средства за редовно сервисирање на буџетските потреби, а имајќи ја превид вонредната состојба во државата. Воедно зголемувањето на износот на акцизата нема да предизвика дополнителни финансиски импликации за правните субјекти и населението со оглед на фактот дека значителниот пад на цената на нафтата на светските берзи во овој период предизвикува значително намалување и на малопродажните цени на горивата во нашата држава. Сите средства од зголемувањето на акцизата на нафтата ќе одат во буџетот на државата, односно во фондот за справување со коронавирусот за поддршка и финансирање мерки, за поддршка на стопанството и социјалните мерки за поддршка директно на граѓаните “, рече портпаролот Хоџа.

Предложениот механизам овозможува и постепено враќање на постојните износи на акцизи во услови на нормализирање на цените на пазарот што се очекува тогаш кога ќе заврши состојбата предизвикана од здравствено-економската криза. Портпаролот Хоџа извести дека се предвидени мерки и доколку цената на нафтата почне да расте.

„ Со оглед на цената на нафтата од околу 20 денари од почетокот на годината досега, промената на цената на акцизата е незначителна во споредба со ова големо намалување. Ако малопродажната цена се зголеми за 10 денари акцизата ќе се намали за еден денар, така ќе остане покачена само два денари. Ако малопродажната цена се зголеми за 20 денари, акцизата ќе се намали за три денари и ќе се врати цената што ја имаме во моментов, пред воведување на оваа антикризна мерка“, рече портпаролот Хоџа и нагласи дека Македонија има најниска цена на акцизата споредено со висината на акцизата во другите земји и оти таа е на минимумот на Европската Унија.

За тврдењата дека зголемувањето на акцизата ќе се одрази негативно на цените и дека ќе трпи транспортната или другите дејности врзани со нафтените енергенси, портпаролот Хоџа рече дека се финансиски неоправдани и неосновани.

„ Во услови кога цената на нафтата е падната за 20 денари, зголемувањето на акцизата од три денари во услови на криза е оправдано и нема да се одрази на цените на транспортните услуги. Напротив, транспортните компании на почетокот на годината кога ги креирале своите финансиски планови не предвиделе ваков пад на цената на нафтата. Согласно тоа тие веќе остваруваат заштеди по основа на цените на нафтата кои ги плаќаат“, објасни портпаролот Хоџа.

Доколку цените на акцизата се зголемат за три денари, до септември при истото драстично намалено ниво на потрошувачка ќе се покријат 18 милиони евра. Портпаролот Хоџа смета дека намалувањето ќе биде 12 милиони евра или во буџетот по основ на акциза на нафтени деривати, ќе има 228 милиони евра, односно 12 милиони евра минус или 7. 5 % помалку споредено со 2019 година.
Ако цените на акцизата се зголемат по три денари, до декември ќе се покријат 31 милион евра во државниот Буџет.

Економија

(Видео) Ристова: Ребалансот на Буџетот носи поддршка за граѓаните и економијата, пратениците да го поддржат

Објавено пред

Ребалансот на Буџетот за 2020 година е важен за помош и поддршка на граѓаните, компаниите и е во насока на надминување на негативните економски последици од коронакризата, изјави пратеничката од СДСМ, Лолита Ристова.

„Со Ребалансот се обезбедуваат средства за реализација на четвртиот пакет антикризни мерки во вкупна вредност од 470 милиони евра. Овој пакет содржи сеопфатни мерки за помош на граѓаните, стопанствоото и нашата македонска економија. Со него ќе се спасат 83.000 работни места чии плати за месеците октомври, ноември и декември ќе бидат помогнати со 14.500 до 21.776 денари месечено. Околу 283.000 граѓани ќе добијат платежни картички од по 6.000 денари за зајакнување на куповната моќ и приватната потрошувачка“, рече таа.

За компаниите погодени од кризата, додаде Ристова, наменети се десетици мерки како грантови, бескаматни кредити, државна и царинска гаранција и даночни олеснувања.

„Ребалансот на Буџетот ја потврдува заложбата на парламентарното мнозинство и на Владата предводени од СДСМ за навремена, ефикасна помош за сите погодени од коронакризата. Во овој период на есенски бран од КОВИД 19 важно е да го зачуваме јавното здравје, но важно е да ги зачуваме и работните места. СДСМ, како одговорна партија и овде во Собранието и низ сите институции продолжува да се бори со негативните здравствени и економски последици од коронакризата. Грижата за сите продолжува уште повеќе, уште подобро“, рече Ристова.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Бислимоски: Гасното поврзување со Грција ќе донесе пониски цени на гасот и до 20 отсто

Објавено пред

Претседателот на Регулаторната комисија за енергетика и водни (РКЕ) услуги Марко Бислимоски учествуваше на он лајн дебата за состојбите во енергетскиот сектор во организација на Стопанската комора на Македонија (СКМ). Претседателот Бислимоски пред стопанствениците и членовите на Собранието на СКМ ја претстави состојбата во енергетиката во однос на снабдувањето со топлинска енергија, гас и електрична енергија.

„Ни претстои сериозна гасификација на земјава по далеку пониски цени од сегашните. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 % со идниот крак од Грција преку Северна Македонија па се до Косово со што стануваме транзитна земја“, рече Бислимоски.

Тој кажа дека во Бугарија, по отворањето на Балкан хаб каде што има пристап на гас од Турција, но и на ЛНГ од Грција, цената на гасот се намалила за 40 %.

„Податоците и анализите укажуваат дека секоја земја што гради инфраструктура и што се поврзува со нови коридори може да очекува пониска цена. Логично е тоа да се очекува и од гасното поврзувањето на Северна Македонија со Грција. Проценките се дека цената на гасот би се намалила и до 20 %. Диверзификацијата на изворите од кои се снабдуваме со гас ќе ја зголемат понудата и цента ќе оди надолу . Кракот што ќе го имаме со Грција е клучен затоа што ќе транзитира низ нашата земја и ќе оди и до Косово“, изјави Бислимоски.

Прикажи повеќе...

Економија

Народната банка: Ги презедовме сите мерки за заштита на штедачите на „Еуростандард банка“

Објавено пред

Во рамки на својот мандат и согласно со своите законски надлежности, Народната банка пред укинувањето на дозволата за работа на „Еуростандард банка“ ги презеде сите расположливи соодветни супервизорски мерки за заштита на интересот на доверителите. Народната банка вложи и огромни напори за сопствениците на „Еуростандард банка“ да го уплатат неопходниот капитал за опстанок на банката, што ќе беше најповолно решение за штедачите. Откако беше констатирано дека и од сопствениците, и од потенцијалниот инвеститор посочен од нив нема подготвеност за вложување на потребниот капитал за законито и сигурно работење на банката, единствениот начин да се заштити интересот на доверителите беше Народната банка да ја укине дозволата за работа на банката и до надлежниот суд да предложи отворање стечајна постапка. Ова се вели во соопштението на Народна банка по повод протестот на дел од штедачите во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, со депозити над законски гарантираниот износ за обештетување од 30.000 евра или со депозити коишто не се предмет на обештетување од страна на Фондот за осигурување на депозити.

„Со укинувањето на дозволата на банката се активираше законскиот механизам за брзо обесштетување на осигурените депозити преку Фондот за осигурување на депозити, до законски гарантираниот максимален износ од 30.000 евра, а со отворањето на стечајната постапка, имотот на банката се стави на располагање на сите доверители. Во периодот од укинувањето на дозволата до започнување со работа на стечајниот управник, согласно со своите законски надлежности, Народната банка спроведе активности со кои го заштити имотот на ‘Еуростандард банка’, што е важно за спроведувањето на стечајната постапка во којашто се подмируваат побарувањата на доверителите.

Стечајната постапка којашто ја води стечајниот управник назначен од надлежниот суд, ја следи и контролира Одбор на доверители, којшто има законска можност да се заложи за ефикасноста на постапката. Во Одборот, чиишто членови согласно со Закон ги предлага стечајниот управник, може да членуваат и претставник/претставници на штедачите – физички лица со депозити над 30.000 евра, како и претставници на правните лица – депоненти. И стечајниот управник и Одборот на доверители треба да обезбедат што е можно побрзо и поефикасно спроведување на стечајната постапка, од што зависи и наплата на побарувањата на депонентите кои не се предмет на обесштетување преку Фондот за осигурување на депозити. Потсетуваме дека согласно со закон, Народната банка нема надлежности во спроведувањето на стечајната постапка“, се вели во соопштението.

Притоа се додава дека при поднесувањето кривична пријава до Јавното обвинителство, против поранешни одговорни лица во „Еуростандард банка“ АД Скопје – сега во стечај, Народната банка предложи и преземање мерки коишто се во насока на натамошна заштита на интересите на доверителите на банката.

„Потсетуваме дека за сите констатирани индиции за неправилности во работењето на ‘Еуростандард банка’ коишто се во надлежност на други институции, Народната банка уште пред одземањето на дозволата на банката има доставено соодветни известувања“, се додава во соопштението.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет3 часа

Борис Џонсон го објави планот за нова блокада на земјата

Велика Британија влегува во втора блокада на земјата која ќе започне во четврток ( 05 ноември) и ќе трае еден...

Свет3 часа

(Видео) Макрон: Се залагам за слобода на изразување и не прифаќам оправдување на насилство

Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека ги разбира чувствата на муслиманите кон навредливите карикатури од пророкот Мухамед, но нагласи дека...

Македонија4 часа

Нови 1085 позитивни случаи на Ковид-19, починале 12

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 3294 тестирања, а регистрирани се 1085 нови случаи на...

Регион5 часа

Расте бројот на загинати во Турција – почина дете извлечено од под урнатините

Најмалку 35 луѓе загинаа во силниот земјотрес што го погоди турскиот град Измир, објавија турските власти. Две лица загинаа на...

Регион5 часа

Захариева: Нема да има вето ако Македонија ги признае бугарските корени

Бугарија се закани дека ќе го блокира патот на Северна Македонија кон членството во Европската унија, доколку не признае дека...

Македонија6 часа

Директорот на струмичката болница преку Фејсбук бара донација за ново возило

Директорот на струмичката болница Наќе Гогов преку Фејсбук побара донација за ново болничко возило, поради, како што вели, зголемениот обем...

Свет6 часа

(Видео) Застрелан грчки свештеник пред црква во Лион, напаѓачот во бегство

Повторно пукање во Франција. Во тек е потера во францускиот град Лион, каде вооружено лице пукаше и повреди грчки православен...

Свет6 часа

Велика Британија се очекува да воведе едномесечна блокада на земјата

Британската влада размислува за воведување на едномесечна блокада, пренесува Би-Би-Си. Според информациите, премиерот Борис Џонсон се очекува да одржи прес-конференција...

Регион8 часа

Нов рекорд во Србија – потврдени 1.817 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Србија се регистрирани рекордни 1.817 нови случаи на коронавирус, а починале шест лица. Тестирани се...

Македонија11 час

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на Шекеринска од 27 април

Излезе од затвор Панче Ангелов, напаѓачот на сегашната министерка за одбрана Радмила Шекеринска на 27 април 2017 година во Собранието....

Македонија11 час

Кафе-барот „Интермецо“ ја отстранил пломбата и продолжил со работа и покрај забраната

Кафе-барот „Интермецо“ продолжил со работа и покрај забраната од 30 дена што ја изрече Општина Центар заради бучава. Градоначалникот на...

Свет12 часа

(Видео) Снимки од дрон го покажуваат ужасот по земјотресот во Измир

Снимките направени со дрон го покажуваат ужасот што го остави силниот земјотрес што вчера го погоди турскиот град Измир. Може...

Регион12 часа

Во Словенија 1.796 новозаболени со коронавирус и 23 починати

Во текот на претходниот ден, во Словенија се регистрирани 1.796 новозаразени со коронавирус, а 23 лица починаа. Процентот на позитивни...

Македонија12 часа

Мицкоски: Потребни се бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, вели дека се потребни бесплатни ковид-тестови еднаш месечно за сите негувателки, учителки и наставнички. „Образованието...

Македонија12 часа

УНИЦЕФ: Училиштата да се затворат единствено тогаш кога нема други алтернативи

Училиштата треба да бидат последни што ќе се затворат, а први што ќе се отворат, изјави Патриција ди Џовани, претставничка...

Македонија13 часа

Милевски: По 40 години, Пониква добива реконструирани ски лифтови

Владата преку Јавното претпријатие за државни патишта издвои средства да се реконструира патот за еден помасовен туризам на Пониква, а...

Регион13 часа

Во Хрватска 2.769 нови случаи на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.769 нови случаи на коронавирус, а 15 лица починаа, објави Националниот штаб...

Свет15 часа

Бројот на загинати во земјотресот во Измир се искачи на 24

Бројот на загинати во силниот земјотрес што го погоди егејскиот брег на Турција и источниот грчки остров Самос се искачи...

Свет1 ден

Сведоштва: Луѓето трчаа во паника, улиците се преплавени со мртви риби

Луѓето панично трчаа во турскиот град Измир, изјавија очевидци, откако земјотресот со јачина од седум степени според Рихтеровата скала започна...

Македонија1 ден

Ексминистерот Наќе Чулев заразен со Ковид-19

Поранешниот министер за внатрешни работни Наќе Чулев, кој беше претставник на ВМРО-ДПМНЕ во техничката влада на Оливер Спасовски, е позитивен...

Досие