Контакт

Економија

„Алкалоид“ потпиша нов меморандум за практикантство со уште два факултета при УКИМ

Објавено пред

Со цел да се поттикне развојот на креативноста кај студентите, нивното лично и професионално профилирање, како и подготвеноста за соочување со идни професионални предизвици „Алкалоид АД Скопје“ потпиша меморандум за соработка за програмата за практикантство со уште два факултети при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје – Медицинскиот и Технолошко-металуршкиот факултет.

Практикантството во „Алкалоид АД Скопје“ е заеднички проект на компанијата, Универзитетот и студентите, кои ја претставуваат идната работна сила во Република Македонија.

На церемонијата на потпишувањето на овој меморандум за соработка за програмата за практикантство генералниот директор и претседател на управниот одбор на „Алкалоид АД Скопје“, Живко Мукаетов, изјави:

„Како опшествено одговорна компанија, би сакале на студентите да им се овозможиме вклучување во секојдневните компаниски процеси и активности со цел да се зајакнат нивните професионални вештини. Преку оваа програма, сакаме да изградиме синергија од која бенефит ќе имаат сите инволвирани страни, а научно-истражувачката работа во земјава ќе се подигне на едно ново, повисоко ниво. Соработката на оваа тема со Универзитетот ‘Св. Кирил и Методиј’ од Скопје за првпат е почната во април 2018 година, со Фармацевтскиот факултет и ПМФ – Институт за хемија, а првиот циклус на практиканство веќе е комплетиран во септември истата година. 11 од вкупно 17 практиканти останаа да работат во компанијата и интересно е колку малку мотив им е потребен на младите луѓе за постигнување одлични резултати! Заради особениот интерес, одлучивме соработката да ја прошириме со уште два факултети каде истражувањата укажаа дека се јавува дефицит од кадри. Годинава, согласно важечките законски прописи во државата, ќе имаме простор за вкупно 30 нови практиканти од четирите факултети со кои имаме соработка на овој проект“.

Благодарност и задоволство од оваа програма и укажаната можност за усовршување на студентите изразија и деканите на двата нови факултета од оваа програма:

„Денешното потпишување на меморандумот за соработка со ‘Алкалоид АД Скопје’ во програмата за практиканство отвора можност студентите од Технолошко-металуршкиот факултет од Скопје да стекнат практични вештини, знаења и искуство во најголемата фармацевтска компанија во земјава. Веруваме дека студентите ќе ја искористат оваа можност и стекнувајќи практично искуство, ќе ја зголемат својата атрактивност на пазарот на труд по дипломирањето“, истакна деканот Јон Магдески.

Професорката Соња Топузовска, декан на Медицинскиот факултет при УКИМ, истакна:

„Програмите за практиканти што ги нуди ‘Алкалоид’ можат многу да им помогнат на студентите по медицина  во стекнување нови практични искуства, со што тие понатаму ќе можат многу полесно да применуваат некои свои теоретски знаења и да ја развијат визијата за својата иднина. За нас, како факултет, искуството од ангажирањето студенти како практиканти ќе отвори перспективи за креирање нови студиски програми, како и осовременување на постоечките. Ваквите иницијативи се особено важни за студентите по медицина да се охрабрат дека сè повеќе се создаваат услови за надградување на нивното стручно знаење, вештини и можноста за професионална реализација во сопствената држава“.

„Алкалоид АД Скопје“ и водечкиот универзитет во земјава, преку проектот за практиканство планираат заеднички да ги разработат, адаптираат и структурно да ги усогласат програмите за едукација и развој на практикантите согласно заемните потреби, во обем кој е оптимален за образовните програми. Првиот оглас за ангажман на новата група практиканти во компанијата се планира во март годинава.

Економија

УЈП: Заклучно со 15 јули скенирани вкупно 2,993,788 фискални сметки

Објавено пред

Управата за јавни приходи информира дека од 1 јули 2019 година кога започна реализацијата на мерката поврат на 15 % од пресметаниот ДДВ, апликацијата МојДДВ преку „Гугл плеј стор“ и „Ејпл стор“ ја презеле над 140 000 граѓани.

Заклучно со 15 јули 2019 година, скенирани се вкупно 2,993,788 фискални сметки, остварен е промет од 1,572,173,704 денари, а повратот од 15 % од пресметаниот ДДВ изнесува 25,368,380 денари.

Управата за јавни приходи ја известува јавноста дека граѓаните кои не се во можност да ја користат апликацијата МојДДВ на своите телефони, може да ги користат услугите коишто ги нуди УЈП во сите свои Организациони единици кадешто фискалните сметки може да се скенираат на киоск апарати, баркод читачи како и паметни телефони на кои е инсталирана апликацијата МојДДВ.

УЈП изразува задоволство од досегашната реализација на мерката како и од ефектите коишто се во насока на намалување на сивата економија.

Во Управата за јавни приходи граѓаните пријавуваат нерегуларности и се почесто инсистираат да им бидат издадени фискални сметки.

Прикажи повеќе...

Економија

Револуција во прехранбената индустрија, „Нестле“ направи чоколада без шеќер

Објавено пред

„Нестле“ најде начин да направи чоколада без додавање шеќер, што претставува еден вид револуција во прехранбената индустрија.

Компанијата за храна користи патентирана технологија за претворање на белата пулпа што ги обвива зрната на какаото во прав кој природно содржи шеќер. Оваа есен во Јапонија, „Нестле“ ќе почне да продава „кит-кет“ со 70 проценти темна чоколада според новиот рецепт кој не вклучува дополнителен шеќер.

Досега пулпата никогаш не била користена како засладувач на чоколада и обично се фрла. „Нестле“ може да го користи истиот процес за производство на млеко или бело чоколадо во иднина.

Прикажи повеќе...

Економија

Некои од најбогатите, според „Форбс“, немаат факултетски дипломи

Објавено пред

На листата на „Форбс“ од 400 милијардери – 63 од нив имаат само средношколска диплома, а повеќето не го наследиле, туку сами го направиле своето богатство.

Бил Гејтс и Марк Цукерберг се отпишале од „Харвард“, Дејвид Гефен бил само три семестри на факултет, а Ралф Лорен, Тед Тарнер и Стив Џобс исто така се откажале од дипломите од највисок степен.

Милијардерите што се откажале од колеџ очигледно знаат што прават бидејќи во просек имаат по 9,4 милијарди долари.

Од друга страна, милијардерите со докторат во просек имаат по 3,2 милијарди долари, пишува „Инвеститор.ме“.

На листата на „Форбс“ има повеќе луѓе што се отпишале од факултет од такви со докторат. Соодносот е 63 наспроти 21.

Меѓутоа, тајната на успехот не е само во напуштање на факултетското образование, туку и во тоа какви амбиции имаат оние што се откажуваат.

Луѓето што без диплома станале милијардери се посебни затоа што имаат нешто што ги тера да бидат успешни и може да се класифицираат во две групи.

Во првата група се луѓе што се откажале од факултетското образование бидејќи имале одреден производ или бизнис-план на кој сакале да му се посветат и да го развијат зашто верувале дека ќе успеат. Втората група не го напуштила факултетот за веднаш да основа фирма или да развие производ. Нивниот пат е сличен, но сепак се разликува. Тие работеле профитабилни работи и постепено напредувале кон врвот.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија28 минути

Стефанова: Јас не стравувам од новата истрага, а за Јанева не знам

Обвинителката од СЈО, Лиле Стефанова, која го води случајот „Империја“, вели дека сите одлуки и списи што излегувале од специјалното...

Македонија42 минути

СЈО се огради од Јанева, од таму бараат да се сочува интегритетот на институцијата

Ленче Ристоска од СЈО, во име на сите обвинители, но и на целиот истражителски тим на СЈО, истакна дека примерен...

Македонија1 час

(Видео) Мицкоски бара притвор за Катица Јанева

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за вчерашното апсење вели дека е голем октопод, дека има злоупотреби на медиум и дека...

Македонија2 часа

Брендирана гардероба, накит, часовници и уметнички предмети меѓу доказите за Боки 13

Тимот на Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во соработка со Министерството за внатрешни работи во текот...

Македонија4 часа

Кривичниот суд му порача на Јовески, место да ги критикува судиите, да си погледне во сопствениот двор

Скопскиот Кривичен суд во соопштение до јавноста реагира на вчерашната изјава на државниот јавен обвинител Љубомир Јовески дека на судиите,...

Свет5 часа

(Видео) Се урна зграда во Мумбај, над 40 затрупани

Десетици луѓе останаа затрупани по уривање четирикатница во индискиот град Мумбај. Станбената зграда во густо населеното подрачје се урнала затрупувајќи...

Свет5 часа

(Видео) Во Калифорнија експлодира куќа, има и жртви

Еден човек загина, а 15 се повредени кога експлодира куќа во Калифорнија, објави Си-ен-ен. Причина за експлозијата е оштетен гасовод....

Регион6 часа

Еден тон дрогa пронајдена во лабораторија за производство на марихуана во Република Српска

Во операцијата „Уникат“ во областа на Бања Лука полицијата на Република Српска откри голема лабораторија за производство на марихуана и...

Свет7 часа

Асанж нема да биде екстрадиран во земјите каде што му се заканува смртна казна

Основачот на „Викиликс“, Џулијан Асанж, нема да биде екстрадиран во земјите во кои му се заканува смртна казна, рекол британскиот...

Македонија7 часа

Димитров: Системот почна да се бори со криминалот, сеирџиство и банално ликување не помагаат

Системот, со сите маани, почнува да се бори со криминалот, без разлика од каде доаѓа, напиша министерот за надвореши работи,...

Европа8 часа

На Алпите паднаа 30 сантиметри снег

На Матерхорн, еден од највисоките врвови на италијанските Алпи чија надморска височина е 4.478 метри, паднаа 30 сантиметри снег, кој...

Македонија15 часа

Русковска: Обвинителките засега нема да бидат изведени пред судија

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал, Вилма Русковска вели дека постоеле индиции оти Бојан Јовановски познат како Боки 13 се...

Македонија16 часа

Притвор од 30 дена и за Боки 13

Триесет дена притвор вечерва доби и првиот човек на 1ТВ и неформалниот директор на „БМЈ Медиа груп“, Бојан Јовановски, познат...

Македонија17 часа

Притвор од 30 дена за бизнисменот Зоран Милевски

Судот вечерва му изрече 30 дена притвор на бизнисменот Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, кој беше неколку часа на...

Македонија18 часа

Полицијата влезе и во домот на Катица Јанева

Полицијата вечерва влезе и во домот на специјалната обвинителка Катица Јанева, откако била издадена судска наредба за одземање на предмети....

Регион20 часа

Вучиќ по средбата со Макрон: Го молев да ни помогне за косовското прашање

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека не е сонувач ниту фантазер за да мисли дека францускиот претседател, Емануел Макрон, ќе...

Македонија22 часа

Јовески поддржува ветинг по ослободителната пресуда за Латас

Првиот човек на Јавното обвинителство, Љубомир Јовески, рече дека го поддржува решението за ветинг или друга форма на проверка на...

Македонија23 часа

(Видео) Обвинителството со детали: Боки 13 и Милевски барале 8 милиони евра рекет од бизнисмен

Бојан Јовановски, познат како Боки 13, и Зоран Милевски, познат како Зоки Кичеец, се осомничени за примање награда за противзаконито...

Македонија1 ден

(Видео) Заев: Новите снимки за Нешкоски само потврдуваат како владеел Груевски

Новообјавените разговори за убиството на Мартин Нешкоски само потврдуваат како владеела претходната гарнитура и како се обиделе да скријат убиство,...

Македонија1 ден

Уапсен Боки 13

Попладнево е уапсен Бојан Јовановски – Боки 13. Неофицијално, апсењето е по барање на Обвинителството за организиран криминал. Тој попладнево...

Досие