Контакт

Економија

„Алкалоид“ со инвестиции од над 524 милиони денари, со 121 ново вработување и со консолидирани продажби од 6,27 милијарди денари во периодот јануари – јуни

Објавено пред

Приходи од продажби

Според единечниот биланс на успех, во периодот јануари-јуни 2021 година, продажбите достигнуваат 4.788.760.106 денари, што е за 1% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Вкупните консолидирани продажби, пак, достигнуваат 6.272.411.971 денари, што е за 3% повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Продажби според региони Консолидираните продажби остварени на домашен пазар се зголемени за 7% додека, вкупниот консолидиран извоз на компанијата е зголемен за 1%. Од вкупните консолидирани продажби, 35% се остварени на домашен пазар, додека 65% се остварени на странските пазари. Гледано според региони, во земјите од Југоисточна Европа се остварени 34%, во земјите од Западна Европа (ЕУ и ЕФТА) се остварени 20%, во Русија и во другите земји од ЗНД се остварени 10%, а на другите пазари се остварени 1% од вкупните консолидирани продажби. Најголем пораст кај извозните пазари бележат продажбите остварени во Русија и другите земји од ЗНД (раст од 28%) и во земјите од Југоисточна Европа (раст од 3%).

Продажби според групи производи

Гледано според групи производи, во структурата на вкупните консолидирани продажби најголемо учество заземаат производите од сегментот фармација, и тоа 88%. Од нив поголем удел имаат препаратите ОТЦ со удел од 20%, антибиотиците со 18%, кардиолошките препарати со 15%, невролошките препарати заземаат 14% од вкупните консолидирани продажби итн. Сегментот хемија, козметика и билкарство учествува со 12% во вкупните консолидирани продажби, поточно хемијата учествува со 3%, козметиката со 7%, а билкарството учествува со 2%.

Инвестиции

Вкупните инвестиции во основни средства, во периодот јануари-јуни 2021 година, изнесуваат 524.113.924 денари.

Резултати од работењето

Единечната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА), која изнесува 1.065.699.771 денари, бележи зголемување од околу 13%, додека единечната нето-добивка изнесува 588.962.195 денари и е зголемена за 12%. Консолидираната добивка пред финансиските трошоци, даноците и пред амортизацијата (ЕБИТДА) достигна 1.110.263.703 денари и бележи раст од 13%, додека консолидираната нето-добивка во износ од 583.524.249 денари е зголемена за 14%. При извршувањето на оперативните активности, АЛКАЛОИД ангажираше 1.055 домашни добавувачи.

Вработени

Во периодот јануари-јуни 2021 година во „Алкалоид“ се реализирани 121 нови вработувања во Р.С.Македонија. Со одлука на Управниот одбор на „Алкалоид“ АД Скопје, во март 2021 година е одобрен и исплатен регрес за користење годишен одмор за вработените во компанијата во висина од 100 % од просечната исплатена нето-плата од работник во претходните три месеци во Р.С.Македонија. Исплатениот надомест од вработен е во износ од 31.167 денари бруто, односно 28.050 денари нето. Групацијата „Алкалоид“ брои 2.479 вработени, од кои 1.909 се во базата во Скопје, а 570 се вработени во подружниците во странство.

Податоци за акциите

Акциите на АЛКАЛОИД АД Скопје котираат на официјалниот пазар на „Македонска берза за хартии од вредност“ од 2002 година и важат за едни од најтргуваните и најликвидните акции на берзата. Цената на акцијата во периодот јануари-јуни 2021 година се движеше од 13.300,00 денари до 16.500,00 денари или просечно 14.738,30 денари за една акција, што претставува раст од 23,3% во споредба со просечната цена во истиот период од 2020 година. На 30.06.2021 година акциите на „Алкалоид“ беа во сопственост на 5.054 акционери, физички и правни лица, a пазарната капитализација на компанијата изнесуваше 22,2 милијарди денари.

Бизнис-план за 2021 година

Бизнис-планот за 2021 година, донесен со одлука на Управниот одбор на АЛКАЛОИД АД Скопје, на Седницата одржана на 29.12.2020 година, предвидува инвестирање на околу 12% од консолидираните приходи од продажбите во материјални и во нематеријални средства, раст од 7% на консолидираните продажби во однос на 2020 година, како и раст од 7% на консолидираниот профит пред оданочување во однос на 2020 година. Бизнис-планот за 2021 година е базиран на очекувањата, проекциите и на можностите на тековните и на новите пазари и производи, достапни за компанијата во моментот на изготвување на планот. Околностите и настаните во 2021 година, а со тоа и остварените резултати, може да варираат од прикажаните во Бизнис-планот.

Очекувања за претстојниот период

Во изминатиот период друштвото се соочи со голем број интерни и екстерни предизвици и новонастанати ризици, генерирани од пандемијата на КОВИД-19. Презедовме голем број мерки во досегашниот период, со цел неутрализирање на сите негативни ефекти, без притоа да се загрози здравјето на вработените и успешното работење на друштвото. Во претстојниот период, врвен приоритет и понатаму останува грижата за здравјето на вработените, како и одржувањето на тековната ликвидност, на финансиската стабилност и остварување на планските цели.

(ПР текст)

Економија

(Видео) Тасевска: Каматата веќе не смее да биде повисока од долгот

Објавено пред

По предлог на парламентарното мнозинство од СДСМ, Собранието ги усвои дополнувањата на Законот за облигационите односи, информира на прес-конференција пратеничката од редовите на СДСМ, Лидија Тасевска.

Со ова, рече таа, исправивме уште една голема неправда кон граѓаните и компаниите.

Дополнувањата на законот, кои стапуваат во сила веќе следниот месец, според Тасевска, одредуваат каматата на неплатениот долг да престане да расте кога ќе го достигне износот на главнината, односно каматата повеќе не смее да биде повисока од износот на долгот.

„Тоа значи дека ако одреден граѓанин или фирма имале долг пред десетина години на сума од 1.000 денари, каматите што му се трупале со години и кои на крајот ќе треба да ги плати нема да бидат повисоки од 1.000 денари. Со овие измени ставаме на крај на ситуациите кога за долг од, на пример, 500 денари, должникот мораше да плаќа 5.000, 8.000 па и 10.000 денари по основ на камати. Законското решение ќе важи за сите, и за граѓаните и за компаниите, и ќе се однесува на долгови од секаков карактер, на пример, за застарени сметки за струја, вода, телекомуникациски услуги, обврски кон банки и слично“, обајсни пратеничката на СДСМ.

Прикажи повеќе...

Економија

Исплатени над 230 милиони денари за субвенции во земјоделството и руралниот развој

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој на сметките на 4.846 субјекти исплати 230,1 милиони денари за субвенции. Директорот на Агенцијата, Никица Бачовски, информира дека овие исплати се за неколку мерки.

„По три денари од килограм добиваат градинарите што оствареното производство од пријавените површини го предале во преработувачки капацитети. Денеска, за оваа мерка на сметките на 3.310 градинари исплативме 168,9 милиони денари. Вчера беше исплатена и финансиска поддршка за градинарите што минатата година имаа произведена зелка во период од 5 април до 5 мај 2020 година. Тие добиваат по 3 денари за килограм, односно вкупно 708 лица добија финансиска поддршка од 30,4 милиони денари, кои имаа произведено пролетна зелка од почетокот на април до почетокот на мај лани и ја имаа предадено кај регистрирани откупувачи. А средства на сметките добија и сите земјоделци што оствареното производство на овошни култури го предале во производни капацитети. За оваа мерка исплатени се 16,7 милиони денари на 172 овоштари, односно три денари за килограм произведено и предадено овошје во преработувачки капацитети. Веќе утре на сметките на 656 мали земјоделски стопанства ќе бидат исплатени над 14 милиони денари“, истакна Бачовски.

Според надлежните, исплатата на преостанатите мерки ќе продолжи.

„Сите што правно законски стекнале право за добивање финансиска поддршка во земјоделството и не се должници за вода, пашарина или закуп на земјоделско земјиште, ќе си ги добијат средствата за мерките за кои имаат аплицирано. Земјоделците се наш партнер, нивно е да произведуваат квалитетни култури, а Владата и Агенцијата ќе продолжат да креираат мерки и политики што ќе овозможат поволни услови за развој на агросекторот“, потенцираат од Агенцијата.

Прикажи повеќе...

Економија

Ахмети: Со работа и инвестиции државата се движи кон развој

Објавено пред

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска беше во посета во индустриската зона во Сарај, каде што од страна на компанијата One Cable e направена инвестиција од 3 милиони евра, која е оценета како голема перспектива за граѓаните за развој на земјата и намалување на невработеноста.

Ахмети истакна дека преку создавање позитина национална и меѓународна клима за инвестирање сите обиди се насочени кон подобра перспектива за земјата.

„Со инвестиции во работата сигурно дека и семејството и државата се движат кон развој и надминување на незадоволството и судирите, ние се обидуваме како коалициски партнер да создадеме услови за домашните инвеститори на прво место бидејќи тие се членови на нашето заедничко семејство, ние се обидуваме да создадеме национална и меѓународна клима затоа што има перспектива во оваа земја“, рече лидерот на ДУИ.

Според него, работите во земјата одат кон подобро и додаде дека се инвестира во владеење на правото.

„Работевме и работиме за нашата земја што побргу да биде дел од Европската Унија, работевме и работиме за унапредување на стандардите за ние да бидеме држава во која луѓето имаат силна волја за живот“, истакна Ахмети.

„Ова е наша определба, ние се обидуваме да создадеме услови за сите инвеститори, вклучително и за странците, бидејќи со едно работно место повеќе кај нас, ве уверувам затоа што го чувствувам тоа на моја кожа, јас имам еден проблем помалку, Зоран Заев два проблема бидејќи само со отворање перспективи, нови работни места, можеме да одиме напред“, додаде Ахмети.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија12 часа

Регистрирани 557 нови случаи на коронавирус, починаа 28 лица

Во последните 24 часа се направени 3.885 тестирањa, а регистрирани се 557 нови случаи на Ковид-19: Скопје – 268, Куманово...

Македонија15 часа

Косовскиот премиер не одговори дали ќе ги екстрадираат осудените во случајот „Монструм“

Министрите за правда на Македонија и Косово се во директен редовен контакт и тие соработуваат во однос на прашањето за...

Македонија19 часа

Нови правила за Македонците – влез во Швајцарија само со сертификат, во Белгија карантин за невакцинираните

Швајцарија, Белгија и Австрија донесуваат нови ковид-правила за патниците што влегуваат во нивните земји.  За Швајцарија, повеќе не е во...

Свет19 часа

(Видео) Бајден го заборави името на австралискиот премиер, нов гаф на американскиот претседател

Американскиот претседател Џо Бајден го заборави името на австралискиот премиер Скот Морисон, па го нарече „тој човек одоздола“ за време...

Македонија19 часа

МВР: На Рашковски му е дозволено да излегува од куќен притвор за да оди на лекар

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски, смее да се оддалечува од домот каде што издржува куќен притвор, тврдат од...

Свет20 часа

Француската војска уби лидер на ИСИС

Францускиот претседател, Емануел Макрон, објави дека припадниците на француската војска го убиле водачот на Исламската држава во Сахара, Аднан Абу...

Македонија20 часа

Во соработка на македонската и германската полиција запленета марихуана вредна над 100.000 евра

Во Германија е запленета марихуана вредна над 100.000 евра во заедничка акција на полициите на Македонија и Германија, соопшти МВР....

Регион1 ден

(Видео) Протести против ковид – мерките во Љубљана: полицијата употреби солзавец и водени топови

Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера противниците на мерките во борбата против коронавирусот кои вечерва се...

Македонија1 ден

(Видео) Уште 44 бегалци од Авганистан пристигнаа во Македонија

На Меѓународниот аеродром во Скопје попладнево пристигнаа уште 44 бегалци од Авганистан. Од Владата соопштија дека станува збор за активисти...

Топ2 дена

Кривична пријава за жена од Дебар, го тепала нејзиниот осумгодишен син и го терала да питачи

Полицијата поднесе кривична пријава против 28-годишна жена од Дебар која физички го малтретирала нејзиниот син и го терала да питачи....

Европа2 дена

Шведскиот модел сепак успешен – без строги мерки до нула починати

Рекорден број заразени и починати од Ковид-19 во Европа, а во Шведска нула починти. Оваа европска земја беше ставена на...

Топ2 дена

(Видео) Откриени две илегални лаборатории за производство на марихуана во Скопје

Вчера, полициски службеници од одделот за крим-полиција – Сектор за недозволена трговија со дрога и опасни материи и полициски службеници...

Македонија2 дена

Заев: Демократијата е двонасочен дијалог меѓу граѓаните во општеството, ние ја градиме на еднаквоста на сите

Демократијата доаѓа од народот за да му служи на народот, напиша, меѓу другото, премиерот Зоран Заев на својот фејсбук-профил по...

Европа2 дена

Меркел од Албанија: Кој и да биде нов германски канцелар, ќе го задржи интересот за овој регион

Германската канцеларка, Ангела Меркел, на средбите во Тирана го потврди интересот на Германија за земјите од Западен Балкан. „Без оглед...

Свет2 дена

Тепачки и расправии – внатрешни конфликти за новата влада го разнишаа талибанското раководство во Авганистан

На врвот на талибанското движење дошло до голем внатрешен конфликт за составот на новата влада. Конфликтот помеѓу коосновачот на талибанското...

Европа2 дена

Борел: Русија сака да нѐ подели, не им е грижа за Европската Унија

Шефот на европската дипломатија, Жозеп Борел, тврди дека Русија сака да ја подели Европската Унија преговарајќи само со одредени членки,...

Свет2 дена

Северна Кореја лансира две балистички ракети

Северна Кореја лансирала две балистички ракети во морето, тврди Генералштабот на Јужна Кореја. Јапонската крајбрежна стража исто така соопшти дека...

Регион2 дена

Два земјотреса утрово во Албанија, почувствувани и во Црна Гора

Два земјотреса, од кои едниот над 4 степени според Рихтеровата скала, ја погодија граничната област меѓу Црна Гора и Албанија...

Македонија2 дена

Во Солун конференција за Западен Балкан и европската иднина

Во Солун, Грција, денеска ќе се одржи конференција на тема „Западен Балкан учествува во дијалогот за иднината на Европа“. По покана...

Македонија2 дена

Средношколците во Тетово и Гостивар продолжуваат со онлајн настава

Владата донесе одлука наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар да продолжи да се изведува онлајн до 20 септември...

Досие