Контакт

Економија

„Амазон“ се искачи на врвот – стана највредна компанија во светот

Објавено пред

„Амазон“ го надмина „Мајкрософт“ на листата со највредни компании во САД кога превирањата на берзите доведоа до промена на листата на американски корпорации. „Амазон“ првпат се искачи на првото место како компанија со најголема вредност во светот нотирана на берзата.

Промената на врвот се случи кога акциите на „Амазон“ пораснаа 3 отсто и ја подигнаа пазарната вредност на интернет-трговскиот гигант на 797 милијарди долари. Акциите на „Мајкрософт“ пораснаа помалку од 1 отсто, со што пазарната вредност на производителот на софтвери изнесува 784 милијарди долари.

Основачот на „Амазон“, Џеф Безос, веќе една година е најбогат човек на планетата. Неговото богаство во периодот од 2016 до 2017 година речиси се удвои со над 100 милијарди долари. Имотот на Безос сега се проценува на 112 милијарди долари. Веднаш зад него е Бил Гејтс, коосновач на „Мајкрософт“, со проценето богатство од 90 милијарди долари.



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Кинезите се светски шампиони по плаќање сметки преку мобилен телефон

Објавено пред

Повеќе од половина милијарда луѓе во Кина годинава ќе плаќаат преку своите телефони во продавници, кафулиња и ресторани, според истражувањето на Digital Outlook.

На кинескиот пазар за апликации за плаќање доминираат големите играчи Alipay и WeChat Pay кои се широко прифатени од сопствениците на продавници, угостителите и потрошувачите.

Во земја каде што многу мали бизниси ги снабдуваат клиентите, користењето на кредитни картички никогаш не било широко прифатено, што довело до тоа бизнисите да го префрлат готовинското плаќање преку мобилни апликации.

Сепак, вкупната годишна вредност на трансакција по корисник во Кина е пониска од онаа во САД, Обединетото Кралство и Франција.

Се проценува дека еден просечен кинески потрошувач ќе потроши околу 1.100 долари преку апликации за плаќање во 2019 година, додека потрошувачот во Велика Британија речиси 3.000, а во САД – 2.400 долари.

Прикажи повеќе...

Економија

СДСМ: По 13 години нашата држава конечно има подобрување на кредитниот рејтинг

Објавено пред

По 13 години Република Северна Македонија конечно има подобрување на кредитниот рејтинг, откако Агенцијата „Фич“ го зголеми кредитниот рејтинг на нашата земја од ББ на ББ+, со стабилен изглед, соопшти СДСМ.

„Во извештајот на Фич се нотира дека преземените мерки како пензиската реформа, подоброто таргетирање на социјалната помош и прогресивното оданочување придонесуваат врз намалување на дефицитот. Позитивно се оценети преземените мерки за подобро управување со јавните финансии, особено повисоката буџетска транспарентност и воведувањето на фискално правило за општините.

Подобрениот кредитен рејтинг ја враќа довербата во економијата и уште повеќе ќе влијае за повисок економски раст, повисок извоз, повисока вработеност и повисоки плати односно подобар животен стандард за граѓаните.

Ова е показател за успешноста на економските политики и истовремено е дополнителен мотив реформите да продолжат, како и охрабрување на домашните и странски инвеститори дека земјата е на добар пат, економијата е стабилна и се движи во нагорна линија.

По добивањето на најпозитивниот извештај од ЕК, интензивната ратификација на протоколот за пристапување во НАТО, подобрувањето на кредитниот рејтинг е последна потврда дека државата оди напред“ се наведува во партиското соопштение.

Прикажи повеќе...

Економија

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Објавено пред

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот монетарен фонд за централна и источна Европа, Надим Илахи.

Тој говорејќи за финансиската стабилност и економскиот раст на Самитот на министри за финансии, гувернери и директори на даночни управи во Бечичи, рекол дека пред се е потребно да се унапреди и деловното опкружување, бидејќи Унгарија, Полска и Словачка постигнале успех благодарение на тоа.

„Големо ограничување за регионот на Западен Балкан е слабата инфраструктура што ги одбива инвеститорите да вложуваат, зошто патиштата се лоши и има многу гранични премини“ рекол Илахи.

Според него, клучно е прашањето што регионот поминува низ емографски промени и што се намалува работно способното население, поради помалиот прираст и иселувањето на младото и образовано населние, а што пак негативно влијае на економскиот раст.

Прикажи повеќе...

Најново

Регион35 минути

Јадранот се гуши во пластика и е меѓу најзагадените мориња во Европа

Концентрацијата на пластичен отпад на дното на Јадранското море е меѓу најголемите во Европа, по североисточниот дел на Медитеранот и...

Вести14 часа

Помпео: САД не сакаат војна со Иран

Американскиот државен секретар, Мајк Помпео, денеска изјави дека, иако Иран несомнено е одговорен за минатонеделните напади врз два танкери на...

Македонија15 часа

(Видео) СДСМ избра нов Извршен одбор

Централниот одбор на СДСМ избра нови членови на Извршниот одбор, нов организационен секретар и секретар за меѓународна соработка. Лидерот на...

Спорт15 часа

Победа и одмазда над Грција за сигурно прво место! (галерија)

Македонија ги надмина проблемите од стартот на мечот, и во Струмица ја победи Грција со 27:23 (13:11) во последното коло...

Вести18 часа

Сопругата на премиерот на Израел со државни пари јадела во луксузни ресторани

Сопругата на премиерот на Израел, Бенјамин Нетанјаху, Сара Нетанјаху, е казнета со 15.000 долари за злоупотреба на државни фондови. Судот...

Спорт19 часа

Рекорд – дрес на Бејб Рут продаден за 5.64 милиони долари!

Дрес на американската безбол легенда Бејб Рут го сруши рекордот за најскапо продадена спортска „меморабилија“, откако на аукцијата во Њујорк...

Свет20 часа

Електричен дефект ги остави Аргентина и Уругвај без струја

Голем дефект во електричната мрежа ги остави Аргентина и Уругвај без струја, соопшти главната електродистрибутивната мрежа на Аргентина. Според информациите,...

Топ22 часа

Мотоциклист удри во 83-годишна жена на „Партизанска“ и побегна

Непознато лице со мотоцикл синоќа на бул.„Партизански Одреди“ во Скопје удри во 83-годишна жена пешак и побегна од местото. Жената...

Свет23 часа

Трамп повторно го нападна градоначалникот на Лондон поради насилствата

Американскиот претседател Доналд Трамп уште еднаш го критикуваше градоначалникот на Лондон, Садик Кан, нарекувајќи го „катастрофа“, кој го уништува главниот...

Свет24 часа

Се судрија два мали авиони во Нов Зеланд, загинаа двајцата пилоти

Два лесни авиони се судрија при слетување на аеродромот „Худ“ на Нов Зеланд, двајцата пилоти загинаа, соопшти полицијата. Според информациите,...

Свет1 ден

Силно невреме во Швајцарија и Франција, има и загинати

Една жена загинала кога на неа паднало дрво, а друга жена загинала во несреќа на езеро во источна Франција, кое...

Свет1 ден

Вонредна состојба на Нов Зеланд по земјотрес во океанот, се очекува силно цунами

Новозеландската цивилна заштита издаде предупредување после земјотресот со интензитет од 7,4 степени, регистриран во Тихиот океан кај островот Кермадек, ненаселена...

Бегството на Груевски2 дена

Груевски: Напамет не ми паднало да влегувам во багажник за какви било цели

Експремиерот Никола Груевски се огласи на Фејсбук по изјавата на премиерот Заев за германски „Франкфуртер алгемајне цајтунг“(ФАЦ), каде тој рече...

Економија2 дена

ММФ: Најголемиот проблем на Западен Балкан е лошата инфраструктура и невработеноста

Недостигот на капитал и ниската вработеност се најголемиот проблем на земјите од Западен Балкан, изјавил високиот регионален претставник на Меѓународниот...

Македонија2 дена

(Видео) Заев до Хан: Добивањето датум ќе биде потврда дека се што направивме вредело

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска во Австрија се сретна со еврокомесарот за проширување и добрососедска политика, Јоханес Хан. На...

Македонија2 дена

(Видео) Раководството на МВР врши мобинг врз Независниот синдикат на полицијата

Портпаролот на Независниот синдикат на полицијата, Дејан Саздов, обвини дека раководството на Министерството за внатрешни работи врши мобинг врз членовите...

Македонија2 дена

Туристичката кампања „Македонија вечна“ стана „Северна Македонија вечна“

Северна Македонија го корегира името на туристичката кампања „Македонија вечна“ во „Северна Македонија вечна“, во согласност со Преспанскиот договор, објави...

Македонија2 дена

АСОМ: Законот за игрите на среќа де факто значи бришење на една цела стопанска гранка

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) присуствуваше на јавната расправа во Собранието за предлог-измените и дополнувањата на Законот за игрите на...

Економија2 дена

Тевдовски: Агенцијата „Фич“ после 13 години го зголеми кредитниот рејтинг на земјата

Aгенцијата „Фич” го зголеми кредитниот рејтинг на Северна Македонија од ББ на ББ+, со стабилен изглед. Ова е прво подобрување...

Топ2 дена

Убиената жена во Шутка го спасила сопругот, застанала пред него и била избодена до смрт

Скопјанец до смрт избоде своја братучетка во населбата Шуто Оризари. Според информациите од МВР, скопјанецот со нож го нападнал сопругот...

Досие