Контакт

Економија

„Американ ерлајнс” ги одложи летовите со „боинг 737 макс“ до 19 август

Објавено пред

Авиокомпанијата „Американ ерлајнс” вчера објави дека летовите со „боинг 737 макс” ќе бидат одложени до 19 август.

На овој начин, според АП, дневно ќе бидат одложени околу 115 летови на „Американ ерлајнс”, односно 1,5 отсто од летовите за време на летната сезона.

Извршниот директор на компанијата, Даг Паркер, и претседателот Роберт Изом рекоа дека веруваат дека „боинг 737 макс” ќе добие нов сертификат за безбедност на летот пред 19 август, но дека тие би сакале да имаат максимална сигурност на авионот во врвот на туристичката сезона.

Авионот „боинг 737 макс” беше заземјен низ целиот свет по падот на авионот на „Етиопијан ерлајнс” во кој загинаа 157 патници и членови на екипажот. Само пет месеци претходно, поради слична причина се урна и 737 макс “лајон ера” , при што загинаа сите 189 лица во авионот.

„Американ ерлајнс” поседува 24, и очекува уште 16 авиони „737 макс“ годинава.

Економија

До јуни бесплатно приклучување на парно греење

Објавено пред

До 30 јуни 2019 година „Снабдување со топлина – Балкан енерџи“ нуди повторно можност за бесплатно приклучување. Од компанијата велат дека нивната цел е да им овозможат на што поголем број исклучени потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење.

Информираат дека акцијата за бесплатно приклучување ќе биде спроведена по принципот прв пријавен, прв услужен, а ќе важи за сите заинтересирани потрошувачи кои имаат техничка можност, но не се приклучени на системот за толинска енергија.

„За да ја искористат можноста за бесплатно приклучување, заинтересираните потрошувачи треба што побргу, а најдоцна до 30 јуни, да поднесат писмено барање за приклучување во некој од наплатните центри на ‘Снабдување со топлина – Балкан енерџи’. За да се информираат за постапката за приклучување, потрошувачите може да се јават во Центарот за грижа за потрошувачи на БЕГ, на телефонскиот број 02/3076-200“, велат од „Балкан енерџи“.

Поволностите од оваа акција важат само во објектите што се приклучени на централниот систем за греење и каде што има техничка можност за приклучување на потрошувачите.

Секоја дополнителна интевренција во мрежата и инсталацијата во објектот на корисниците ќе се наплатува во согласност со ценовникот на БЕГ. По завршување на акцијата, односно од 1 јули, приклучувањето ќе се наплаќа во целост во согласност со важечкиот ценовник.

Прикажи повеќе...

Економија

Нов омилен пијалак на купувачите на „кока-кола“ е пакувана вода

Објавено пред

„Кока-Кола“, компанијата гигант во индустријата за пијалаци, се обидува да излезе на крај со купувачите што се откажуваат од консумирањето нгазирани пијалаци и сè повеќе се насочува кон пакуваната вода.

Според најновиот квартален извештај, „Кока-Кола“ во првите месеци од годинава остварила приход од осум милијарди долари, пет отсто повеќе отколку во истиот период минатата година, но продажбата на нејзините газирани пијалаци, како оригиналните „кока-кола“ и „кока-кола зиро“, е назначително зголемена. Нивните брендови на кафе и чај стагнираат.

Од друга страна, како што е објавено, продажбата на брендовите на пакувана вода и минерална вода во сопственост на оваа компанија, „смартвотер“ и „вајтаминвотер“, е зголеменa шест отсто во однос на претходната година. Сега се обидува да ги привлече клиентите со вода со разни вкусови, нови рецепти и пијалаци со помалку шеќер, објави „Јутарњи лист“.

Сепак, ваквиот развој на настаните не е новина. Продажбата на пакувана вода ја надмина продажбата на газирани пијалаци уште во 2016 година, според податоците на фирмата за истражување на пазарот Beverage Marketing Corporation.

Една година подоцна продажбата на пакувана вода во САД се зголеми 8,8 отсто во споредба со 2016 и порасна на 18,5 милијарди долари остварени од продажба.

Прикажи повеќе...

Економија

На 60 илјади евра зголемено учеството на земјава во Фондот за Западен Балкан

Објавено пред

На денешната владина седница е разгледана и усвоена Информацијата за зголемување на учеството на државите членки во буџетот на Фондот за Западен Балкан, во функција на реализација на програмските активности.

Во оваа насока, Владата донесе заклучок да го задолжи Министерството за надворешни работи, во рамки на својата координација со Фондот за Западен Балкан, да ја потврди подготвеноста на државава, почнувајќи од 2019 година, за уплата на зголемени годишни контрибуции кон буџетот на Фондот за Западен Балкан, утврдени на износ од 60.000 евра годишно, односно 3.690.000 денари во денарска противвредност.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет1 час

Ким ја напушти Русија четири часа порано

Лидерот на Северна Кореја, Ким Џонг-ун замина од Владивосток и тргна кон Пјонгјанг, јави руската новинска агенција „ТАСС“. Ким ја...

Свет1 час

Антитерористичка операција во Мелбурн, уапсен маж пред црква

Еден маж е уапсен во близина на англиканската црква Света Марија во северниот дел на Мелбурн, при операција на австралиската...

Македонија3 часа

На граничниот премин Богородица се чека и до 45 минути

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен, велат од Автомотосојузот на Македонија. На граничните премини...

Избори 201914 часа

(Видео) Заев од Велес: Ќе игра метлата и на другата страна, кај оние што опструираат и враќаат режим!

Ќе фаќа метлата и на другата страна, на оние што опструираа. Ние сме добри, сите сме еднакви. Слушам пак списоци...

Топ15 часа

Извршен увид во скопско Рашче, каде што беше убиено едно лице

Дежурен јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Скопје изврши увид во селото Рашче каде што попладнево беше пронајдено починато машко...

Избори 201915 часа

Сиљановска во Карпош: Силата на аргументите мора да победи, вистината е на наша страна

Кандидатот за претседател Гордана Сиљановска-Давкова денеска на трибина во Општина Карпош им се заблагодари на граѓаните што ја подржаа во...

Македонија21 час

95 новозаразени со сипаници, бројката се намалува, но епидемијата не стивнува

Во последните шест дена, од 20 до 25 април, пријавени се 95 нови случаи на заразени со сипаници. Во споредба...

Избори 201922 часа

Гласањето поништено, но прегласување нема – ДИК прифати 7 од 14 приговори

Од 14 приговори, Државната изборна комисија (ДИК) прифати 7 приговори поднесени од штабот на Гордана Силјановска-Давкова, кои се однесуваа на...

Македонија23 часа

(Видео) Пендаровски: Да не бараат изговори, функционерите веднаш да ги повлечат своите роднини

Претседателскиот кандидат Стево Пендаровски изјави дека е неоправдано и неодговорно изнаоѓањето изговори дека се работи за некакви грешки и побара...

Македонија23 часа

Кирацовски најави повлекување на роднините од државните институции

Пратеникот од СДСМ, Александар Кирацовски, вели дека ќе ги повлече сите свои роднини од работните места во државните компании. Ова...

Избори 20191 ден

(Видео) 42 потпишани во списокот, а 82 гласачки ливчиња на избирачко место во Охрид

На избирачкото место 1338 во општина Охрид се делеле по две гласачки ливчиња за претседател и за градоначалник, а гласачите...

Македонија1 ден

Кабинетот на Иванов: Прекршочните пријави на ДКСК се политичка одлука

Прекршочните пријави на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) против претседателот Ѓорге Иванов се политичка одлука, реагира Кабинетот на претседателот....

Избори 20191 ден

(Видео) Вишок ливчиња во гласачките кутии, ДИК поништи гласање на повеќе избирачки места

Државната изборна комисија го поништи гласањето на повеќе избирачки места затоа што во гласачките кутии имало повеќе гласачки ливчиња од...

Македонија1 ден

Судијата Киро Здравев е нов претседател на Судскиот совет

Членовите на Судскиот совет едногласно со 12 гласа „за“ го избраа врховниот судија Киро Здравев за нов претседател на телото...

Избори 20191 ден

Кекеновски: Мицкоски повикува на одѕив како Груевски во 2004 година кога одработи за Црвенковски

Историјата и постапките на лидерите на политичките партии кога се во прашање претседателските избори се повторуваат, констатира професорот и лидер...

Македонија1 ден

Земјотрес во Дојран и Гевгелија

Земјотрес со јачина од 2,8 степена според Рихтеровата скала бил почувствуван ноќеска во Дојран и Гевгелија. „Телеметриската сеизмолошка мрежа утринава...

Свет1 ден

Путин: Разговорот со Ким беше темелен; Ким: Плоден и конструктивен

Рускиот претседател, Владимир Путин, денеска изјави дека разговорот во четири очи со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун во Владивосток бил темелен....

Вести1 ден

Прва средба Путин – Ким во Владивосток

Светска тема број еден денеска е средбата меѓу рускиот претседател, Владимир Путин, и севернокорејскиот лидер, Ким Џонг-ун. Аналитичрите ја споредувааат...

Македонија2 дена

(Видео) ИВЗ: Одлуката на судот е донесена со фалсификувани документи, местото на судиите им е во Зоолошка

ИВЗ обвинува дека Граѓанскиот суд донел одлука за именување нов реис врз основа на фалсификувани документи, печати и потписи. Oд...

Македонија2 дена

ДКСК: Без интервјуа и записници се вработувале роднините на Кирацовски, Бектеши, Адеми

Целиот процес за тоа како тече непотизмот во државните и јавни институции денеска беше обелоденет на седницата на Државната комисија...

Досие