Контакт

Економија

Ангеловска-Бежоска: Војната во Украина ќе предизвика побавно економско закрепнување

Објавено пред

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска ги претстави најновите, априлски, макроекономски проекции на Народната банка, пред меѓународната заедница – дипломатскиот кор и претставниците на меѓународните институции. На настанот присуствуваа претставници на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), Обединетите нации (ООН), Програмата за развој на ООН (УНДП), Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), Делегацијата на Европската Унија (ЕУ), како и на дипломатските претставништва на Албанија, Унгарија, Словачка, Обединетото Кралство, Бугарија, САД, Холандија, Кина, Австрија, Хрватска, Германија, Словенија, Италија, Франција, Србија, Швајцарија, Шпанија и Косово.

dobivaj vesti na viber

На презентацијата, гувернерката посочи дека војната во Украина предизвика силни ценовни притисоци на меѓународните пазари на примарни производи, како и неизвесност за глобалните економски изгледи. Како мала и отворена економија, којашто е дел од глобалниот трговски и финансиски систем, ние не сме имуни на овие движења и согласно со тоа во најновите проекции е направена надолна ревизија на годинешниот раст, со проекција за раст на БДП од 2,9%, додека очекувањата за годишната инфлација се повисоки, со стапка од 8,8%. Таа посочи дека поради високата неизвесност, проекциите на меѓународните финансиски институции варираат, но главно за оваа година ревизиите за растот се надолни, а за инфлацијата нагорни.

На среден рок се очекува извесна стабилизација на економските показатели. Во однос на ценовните движења, очекувањата се дека инфлацијата би почнала умерено да забавува во втората половина на 2022 година, како резултат на стабилизирање на цените на примарните производи. Веќе следната година значително би забавил ценовниот раст, пред сѐ како резултат на проекциите за пад на цените на енергентите и на храната на светските берзи, од меѓународните финансиски организации. Со тоа, за 2023 година, се очекува дека стапката на инфлација ќе забави и ќе се сведе на 3%. На среден рок, проекцијата е дека инфлацијата ќе се движи околу 2%, во просек.

За 2023 година се очекува раст на домашната економија од 3,6%, во согласност со очекувањата за стабилизирање на кризата и на ценовните притисоци, закрепнување на странската побарувачка и намалување на проблемите со синџирите на снабдување во следната година. На среден рок, се очекува задржување на солидниот економски раст, со реална стапка од 4% во 2024 година.

Проекциите се дека банкарскиот сектор и натаму ќе биде важна поддршка за економијата. За 2022 година се очекува кредитен раст од 7,7%, а со слична динамика би продолжил и во следниот период, односно во периодот 2023 ‒ 2024 година во просек би изнесувал 7,6%. Растот на депозитите во 2022 година би изнесувал 5%, додека во следниот период умерено би забрзал и би достигнал 7,5% во просек во периодот 2023 ‒ 2024 година.

Економија

Тренчевска: Ги унапредуваме законските решенија за жените земјоделки

Објавено пред

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, учествуваше на состанок на работната група составена од претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Агенцијата за финансиска поддршка за земјоделство и рурален развој, Министерството за здравство, ФЗОМ, УЈП, ПИОМ и Правниот факултет – Скопје, во организација на Националната федерација на фармери која го поттикна процесот на решавање на правен механизам за остварување на право на надоместок за мајчинство и боледување на регистрираните земјоделки.

dobivaj vesti na viber

Претставниците од институциите го посетија и семејството на Вангелина Пармачка, регистрирана земјоделка од Будинарци, Беровско, кои со децении наназад се занимаваат со овчарство, производство на овчо сирење и производи од овчо млеко. На фармата на Пармачка во работата се вклучени сите членови на семејството.

Тренчевска се заблагодари на можноста за посета на фармата Пармачка и изрази уверување дека со заедничка работа на институциите и граѓанскиот сектор, ќе се дојде до унапредување на законските решенија кои ги засегаат земјоделците, особено жените земјоделки.

Таа се осврна и на Конвенцијата за мајчинство, усвоена од Меѓународната организација на трудот, а ратификувана од нашата држава и неопходноста од нејзина имплементација, а го уредуваат прашањето за мајчинство.

„На еден транспарентен начин, со отвореност за предлози и идеи од сите засегнати страни, можеме да дојдеме до решенија кои ќе водат кон унапредување на човековите права на жените и кои ќе бидат усогласени со меѓународните и националните политики на државата. Нашата држава е претежно земјоделска земја и можностите за вработување во оваа дејност се големи. Токму затоа, креирањето на квалитетни државни политики и мерки за руралниот развој се од големо значење за луѓето кои живеат во руралните средини“, рече Тренчевска.

Министерката ја потенцираше целта на законските измени кои се во насока на подобрување на положбата на жената земјоделка.

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и рурален развој, Никица Бачовски, истакна дека Агенцијата како институција задолжена за имплементација на програмите за финанисиска поддршка во континиуитет ја докажува својата практична заложба за подобрување на економската положба на жените од руралните средини.

„Како резултат од работата на полето на родово-одговорното буџетирање, креирана беше мерката 115 од програмата за рурален развој, односно мерката за поддршка за активен женски член во земјоделско домаќинство. Оваа мерка објавена за првпат во 2019 година како пилот мерка по принцип на грант од 100% од направените прифатливи трошоци со максимална вредност до 3000 евра. На последниот јавен повик за истата мерка максималниот износ по корисник го зголемивме за дупло, односно од 3.000 на 6.000 евра“, рече Бачовски.

Прикажи повеќе...

Економија

Дополнителна субвенција од 5.760 денари по хектар за земјоделците со житни култури

Објавено пред

Националниот план за производство на храна содржи мерки за директна поддршка на земјоделците, со акцент на житните култури. Обезбедена е дополнителна мотивирачка мерка за производителите на житни култури од 5.760 денари по хектар за сите земјоделци кои имаат остварен принос од еден или повеќе хектари површина со пченица, јачмен, рж, овест и сончоглед и ќе го предадат во домашни преработувачки или откупни капацитети, соопшти Министерството за земјоделство.

dobivaj vesti na viber

„Од оваа година оваа дополнителна мерка е изменета, па ограничувањето на приносот од 5 до 50 хектари, кое претходно важеше, е заменето и истата мерка, од април ова година важи без ограничување од еден хектар, па нагоре за сите производители на житни култури. Оваа дополнителна финансиска поддршка на земјоделците им овозможува дополнителни средства како поддршка при процесот на производство на житни култури. Ги повикуваме сите земјоделци производители на житни култури да аплицираат и да ја искористат оваа мерка, крајниот рок за аплицирање по оваа мерка, за дополнителна поддршка од речиси 100 евра за зголемен принос е до крајот на октомври оваа година“, стои во нивното соопштение.

Донесениот Национален план за производство на храна обезбедува поддршка за земјоделците и при набавка на вештачко ѓубриво, а веќе поддршка по оваа мерка преку Интервентниот фонд е исплатена до 3.304 земјоделци.

Министерството за производителите на житни култури распиша и посебен јавен оглас за доделување под закуп на државно земјоделско земјиште над 3 хектари, распоредено во 14 региони низ државата со вкупна површина од 5.722 хектари. Овој оглас предизвика голем интерес кај земјоделците и веќе со министерството се склучени рекордни 258 договори за закуп, информираат од оваа институција.

Прикажи повеќе...

Економија

Поевтинуваат цените на горивата

Објавено пред

Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,40% во однос на одлуката од 1.07.2022 година

dobivaj vesti na viber

Малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-95 и на еуродизел (Д-Е V) се намалуваат за 0,50 ден/лит, додека малопродажните цени на бензинот еуросупер БС-98 и на екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 1,00 ден/лит.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се зголемува за 0,422 ден/кг и сега ќе изнесува 53,727 ден/кг.

Од 5.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин еуросупер БС – 95 108,50 (денари/литар)

Моторен бензин еуросупер БС – 98 110,50 (денари/литар)

Дизел гориво еуродизел БС (Д-Е V) 103,50 (денари/литар)

Масло за горење екстра лесно 1 (ЕЛ-1) 102,00 (денари/литар)

Мазут М-1 НС 53,727 (денари/килограм)

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 0,860%, кај дизелот за 1,390%, кај екстра лесното масло за 1,407% и кај мазутот има зголемување е за 0,959%.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е повисок за 0,201%.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Владата го објави францускиот предлог на македонски јазик

Владата на својата официјална веб страница го објави францускиот предлог интегрално преведен на македонски јазик. Oд Владата коментираат дека предлогот...

Македонија2 часа

(Видео) Мицкоски: Утре ќе биде владината седница, ако имаат разум да го слушнат народот

Утре ќе биде владината седница според нашите информации и затоа ја повикувам цела Македонија утре да дојде тука. Можностите се...

Свет3 часа

Близок соработник на Путин: Ако дојде до трета светска војна, прво ќе го гаѓаме Лондон

Близок соработник на рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Лондон може да биде првата стратешка цел во случај на трета...

Македонија3 часа

Преговорите со Бугарија не смеат да бидат тајни – подготвен документ на експертската јавност

Институтот за демократија и Институтот за европска политика подготвија заеднички документ како одговор на францускиот предлог за преговарачката рамка и...

Македонија4 часа

И Села го поддржа францускиот предлог

Лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, изјави дека го поддржуваат францускиот предлог, по средбата со премиерот Ковачевски. „Не се...

Македонија5 часа

Движење Беса: Го прифаќаме францускиот предлог, за време на уставните измени, да се отстрани „20%“ и да пишува албански јазик

Движењето Беса будно ја следи актуелната политичка состојба во земјава, особено во насока на деблокирање на евроинтегративниот процес на земјата...

Македонија6 часа

Демократскиот сојуз за францускиот предлог: Да се промени преговарачката рамка

Претседателството на Демократскиот сојуз го разгледал модифицираниот Француски предлог (Преговарачката рамка, заклучоците на Европскиот совет) за започнување на преговорите со...

Свет6 часа

(Видео) Поплави во Сиднеј, се евакуираат илјадници луѓе – најавени се поинтензивни врнежи

Наредба за евакуација е издадена за десетици илјади жители на Сиднеј, откако обилните врнежи поплавија неколку населби во најголемиот град...

Свет7 часа

(Видео) Очевидци за крвавиот настан во Копенхаген: Ги мамеше луѓето да му се приближат

Напаѓачаот од Копенхаген се обидел да ги намами жртвите велејќи им дека неговото оружје е лажно, за да ги натера...

Свет8 часа

(Видео) Напад во трговски центар во Копенхаген, убиени тројца и ранети неколку луѓе

Тројца луѓе загинаа, а неколку се ранети во пукање што се случило синоќа во трговски центар во Копенхаген, соопшти данската...

Свет8 часа

Украина објави список со барања за продолжување на преговорите со Русија

Советник на началникот на кабинетот на претседателот на Украина, Михаил Подољак, презентираше листа на барања за продолжување на преговорите со...

Свет10 часа

Зеленски: Украинските војници се повлекоа од Лисичанск

Украинскиот претседател Володимир Зеленски доцна синоќа призна дека украинските сили се повлекле од Лисичанск во Донбас. Тој вети дека ќе...

Македонија19 часа

Дејвид Гир: Чисто е, одредницата за македонскиот јазик во преговарачката рамка е без дообјаснувања

Дејвид Гир – амбасадорот на Европската Унија во земјава со поддршка за Северна Македонија за побрзо отпочнување на пристапните преговори....

Македонија21 час

(Видео) Протестот против францускиот предлог и денеска пред Владата

Пред Владата вечерва продолжи протестот под мотото „УЛТИМАТУМ – Не благодарам“. Учесниците се против прифаќањето на францускиот предлог за тргање...

Македонија22 часа

Димитров: Со францускиот предлог Албанија е слободна да си оди напред, а Северна Македонија е таа што е изолирана

Поранешниот министер за надворешни работи од СДСМ и еден од потписниците на Преспанскиот договор – Никола Димитров на Фејсбук детално...

Македонија23 часа

(Видео) Ковачевски: Сметам дека сите пратеници треба да го прифатат менувањето на Уставот

Премиерот Димитар Ковачевски за трите предлози на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски не одговори конкретно дали ги отфрла, но посочи...

Македонија24 часа

(Видео) Мицкоски: Му понудив на Ковачевски да го отфрли предлогот, а јас да се повлечам од барање предвремени избори

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски понудил три решенија за францускиот предлог. Тој не добил никаков одговор на барањата од премиерот...

Македонија1 ден

(Видео) Францускиот предлог прифатлив за Пендаровски

Шефот на државата, Стево Пендаровски кажа дека предлогот од Франција за него е прифатлив. Според него, тој е транзиционен и...

Политика1 ден

Османи до Димовски: Наше е сега дали ќе се одлучиме да го затвориме прашањето за јазикот во ЕУ, еднаш засекогаш

Не се отворените писма начин, но еве нека биде тоа почеток, напиша министерот за надворешни работи Бујар Османи на социјалните...

Македонија1 ден

ВМРО-Народна: Ако нешто е јасно во договорот тоа е дека македонскиот јазик е кристално чисто дефиниран

ВМРО-Народна партија ги разбира сите оние кои се против францускиот предлог и против напредокот на Македонија на европскиот пат, велат...