Економија
Ангеловска-Бежоска им се обрати на студентите од Економскиот факултет: Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места

Новите технологии создаваат нови работни места и потреба за нови квалификации и вештини. Важно е во текот на студиите, младите професионалци да се стекнат со вештини коишто ќе им овозможат побрзо вклучување на пазарот на работна сила по нивното завршување. Ова на студентите од прва година на Економскиот факултет при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, им го порача во своето обраќање гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска на настанот организиран од факултетот по повод отпочнувањето нова академска година. Таа посочи и дека тимот на Народната банка преку тематски предавања и пракса ќе им помогне во овој процес.
„ Дигитализацијата ја обликува иднината на работните места. Новите технологии создаваат нови работни места во областа на вештачка интелегенција, анализа на податоци, дигитален маркетинг, развој на бизнис, како и технолошки иновации во финансискиот сектор. Сите овие аспекти се поврзани токму со студиите кои вие ги одбравте “ им порача Ангеловска-Бежоска.
Гувернерката истакна дека во новото и динамично окружување се менуваат потребите за човечки ресурси на централните банки во согласност со промените во реалната економија и финансискиот сектор. Во овој контекст, како што рече, сѐ повеќе доаѓа до израз и потребата од теоретско и практично познавање на квантитативни методи и модели, како основа за правилно конципирање на политиките на централната банка и остварување на нејзините основни цели – стабилноста на цените и финансиската стабилност.
„ Како и досега, тимот на централната банка активно ќе биде вклучен во надополнување на вашите вештини и знаења, преку тематските предавања кои ги одржува на вашиот факултет и практичната работа која ја организираме во рамките на Народната банка“ истакна Ангеловска-Бежоска.
Народната банка и Економскиот факултет, во јуни годинава склучија меморандум со цел засилување на соработката со заеднички вложувања во истражувањата и креирање квалитетен кадар. Соработката се однесува и на конципирањето нови студиски програми, со активна вклученост на Народната банка во однос на знаењата и вештините во делот на монетарната и макроекономската политика и банкарскиот систем.
На настанот на Економскиот факултет, покрај гувернерката на Народната банка, се обратија и ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, проф.д-р Никола Јанкуловски, деканот на Економскиот факултет, проф.д-р Предраг Трпески и претседателката на Управниот одбор и извршна директорка на „ УНИ Банка“, Милка Тодорова.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Се намалува цената на горивата

Малопродажните цени на бензините „евросупер БС-95“ и „евросупер БС-98“ се намалуваат 2,00 денара/л.
Малопродажните цени на „евродизелот (Д-Е V)“ и на екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат 1,50 денар/л.
Малопродажната цена на „мазутот М-1 НС“ се зголемува 0,065 денари/кг и сега ќе изнесува 41,411 денар/кг.
Од 7.2.2023 година од 00.01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:
моторен бензин „евросупер БС-95“ – 82,00 (денара/литар)
моторен бензин „евросупер БС-98“ – 84,00 (денари/литар)
дизел-гориво „евродизел БС (Д-Е V)“ – 78,50 (денари/литар)
масло за горење екстра-лесно 1 (ЕЛ-1) – 77,00 (денари/литар)
„мазут М-1 НС“ – 41,411 (денар/килограм)
Економија
Во тек е исплатата на правата од социјална и детска заштита

Министерството за труд и социјална политика информира дека денеска почна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за јануари 2023 година.
Корисниците на парични права, кои поседуваат дебитна картичка, ќе може да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и мобилно банкарство од денеска, 6 февруари 2023 година.
Со цел да се избегне метеж пред и во банките при исплата на правата, за корисниците што не користат картички, исплатата ќе се спроведе во 2 групи во сите отворени филијали и експозитури на банките во согласност со утврдениот распоред по азбучен ред, според првата буква од презимето, и тоа:
6.2.2023 – А, Б, В, Г, Д, Ѓ, Е, Ж, З, Ѕ; И, Ј, К, Л, Љ
7.2.2023 – М, Н, Њ, О; П, Р С, Т, Ќ, У, Ф, Х, Ц, Ч, Џ, Ш
Економија
„Брако“ почна со производство на медицински паравани со нов дизајн

БРАКО почна да произведува медицински паравани со целосно нов дизајн. Параваните се изработени за потребите на партнерите на БРАКО од индустријата за медицинска опрема
„Станува збор за испорака на повеќе од 200 медицински алуминиумски паравани со нов современ дизајн. Комплетниот дизајн и развој на овие медицински паравани е направен од инженери во БРАКО. Досега параваните се произведуваа од челик, а сега за првпат БРАКО ги произведе од алуминиум. Покрај современиот дизајн, алуминиумските паравани се лесни за манипулација и попрактични за употреба. Квалитетот, брзата изработка и навремената испорака се во основата на медицинската програма, која е една од првите производствени програми во БРАКО“, посочува Сашко Димитров, одговорниот проект-менаџер на медицинската програма во БРАКО.
Медицинската палета на БРАКО се произведува согласно меѓународниот стандард ISO 9001, европските регулативи и директиви, како и во согласност со FDA регулативите во САД поврзани со медицинска опрема.
Најголемиот дел од производството во оваа програма, околу 95%, се наменети за извоз во Обединетото Кралство, Шведска, Германија, Холандија, Данска, Полска, Јапонија и САД.
Со примена на најновите практики и имплементација на современите технологии за поддршка на медицинските активности, производите на БРАКО ширум светот, придонесуваат во обезбедувањето навремена здравствена грижа за пациентите.
ПР