Контакт

Економија

Ангеловска: За побрз економски раст – повеќе жени на раководни позиции

Објавено пред

Бројот на вработени мажи во Република Северна Македонија е повисок за над 150 илјади во однос на вработените жени, додека жените учествуваат со поголем процент во неактивното население. Само 2,6% од жените се работодавачи во земјава. Поактивното вклучување на жените во деловниот сектор и на раководни позиции, ќе придонесе за побрз економски раст и одржлив развој, истакна министерката за финансии Нина Ангеловска на панелот од високо ниво “Паметна родова економија“, кој се одржува во рамки на Годишните средби на Светска банка и Меѓународниот монетарен фонд во Вашингтон.

„Знаеме дека жените ширум светот се пообразовани од мажите. Исто така, знаеме дека жените низ целиот свет се помалку активни во деловниот сектор. Имаме многу мал процент на бизниси што ги водат жени. На пример, во Северна Македонија само 2,6% од жените се работодавачи. Исто така, имаме поголем удел на мажи кај вработеното население, додека поголем удел на жени кај неактивното население. Мислам дека ако можеме да ги охрабриме жените да бидат поамбициозни, да се стремат кон повисоко, тогаш ова ќе биде важен фактор за економски раст. За да нашите економии се развиваат, многу е важно да вклучиме повеќе жени на лидерски позиции“ рече Ангеловска.

На панелот на кој зборуваше Ангеловска, говореа и министерката за финансии и економија на Албанија Анила Денај, извршната директорка на Агенцијата за развој на Франција Реми Ру и заменик директорката на Генералниот директорат за проширување на Европската комисија Катерина Матернова. Модератор на настанот беше директорката на Светска банка за Западен Балкан Линда Ван Гелдер. Таа истакна дека само 17% од имотите во Северна Македонија се поседувани од жени или имаат жени ко-сопственици и дека ситуацијата е слична во другите земји на Западен Балкан, како и дека овој податок не се должи на законска регулатива, туку социјални норми.

Економија

Ангеловска: Во фокус на предлог-буџетот за 2020 година се инвестициите во човечки капитал

Објавено пред

Во фокус на предлог-буџетот за 2020 година ќе бидат инвестициите во човечки капитал, односно во подобар здравствен, образовен и социјален систем и силна поддршка за раст реалниот сектор. Годинава инвестираме речиси 56% од вкупните буџетски расходи во областите врз кои се потпира човечкиот капитал, односно здравството, образованието и социјалата, истакна министерката за финансии, Нина Ангеловска, на презентацијата на предлог-буџетот за 2020 година пред бизнис-заедницата, невладиниот сектор, синдикатот и експертската јавност, која се одржа денеска во Министерството за финансии.

Таа посочи дека ваквите настани се добра пракса, бидејќи може да се слушнат видувањата и мислењата од експертите, синдикатите, бизнис-секторот и невладиниот сектор.

„Причината поради која поддршката на човечкиот капитал е во фокус, односно вложување во граѓаните и создавање подобри услови за живот, е предизвикот со кој сме соочени како земја: да го задржиме и надградиме нашиот човечки капитал. Доколку не вложуваме континуирано во човечкиот капитал, како земја нема да имаме работна сила подготвена за работните места на иднината, нема да бидеме конкурентни со светската економија и нема да може да го одржиме економскиот раст. Свесни сме дека како земја според индексот на човечки капитал, кој ја мери потенцијалната продуктивност на детето согласно инвестираното во него преку здравството, образованието и социјалната грижа, заостануваме во регионот. Добар буџет е оној буџет кој ги адресира приоритетите, а приоритет за раст и напредок на земјата е човечкиот капитал“, рече Ангеловска.

Министерката за финансии посочи дека буџетскиот дефицит за 2020 година е определен на ниво од 2,3%, односно на пониско ниво од годинава за која е проектиран дефицит од 2,5%, и 2018 година кога е проектиран дефицит од 2,7%.

Ангеловска рече дека проекциите во буџетот се правени врз основа на предвиден раст за следната година од 3,8% од БДП, кој се базира на растот на приватната потрошувачка, извозот и инвестициите – јавни и приватни.

„Растот на нето-платата во 2020 година е проектиран на 6,3%, што се темели на ефектите од зголемувањето на минималната плата, која ќе порасне за 2.000 денари од декември годинава, но и растот на платите во приватниот сектор, поддржани преку мерката за субвенционирање на приватните компании кои ќе ја покачат платата на вработените“, рече министерката.

Стапката на невработеност во вториот квартал во 2019 година изнесува 17,5%, додека во 2020 година се очекува да се намали на 16,1%. Стапката на вработеност се очекува да се придвижи нагоре до 48,2% во 2020 година.

Предлог буџетот од Министерството за финансии ќе се разгледува утре на владина седница. По усвојувањето на предлогот од страна на Владата, истиот ќе биде доставен до Собранието.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Атанасов: Исплатени субвенции од над 27 милиони денари на над 7.000 сточари

Објавено пред

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој денеска на сметките на 7.101 субјекти исплати 27.069.000 денари, изјави Зоран Атанасов, претседател на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство на СДСМ.

Тој појасни дека станува збор за исплата на 30 отсто повисока субвенција од основната за секој фармер кој во споредба со претходната година го зголемил основното стадо со говеда, овци, кози, маторици, несилки и пчелини семејства.

„Ова се нови успеси во сточарството. Оваа мерка се исплаќа по првпат и беше владино ветување, со цел поттикнување на одгледувачите на добиток за зголемување на сточниот фонд во Република Северна Македонија“, рече Атанасов.

Тој кажа дека зголемена субвенција добиваат сите фармери кои зеле субвенција за директни плаќања за грла говеда, за обележани грла на овци, за грла кози, за женски приплодни грла на маторици и за директни плаќања за презимени пчелини семејства.

Со зголемување на добиточниот фонд во државата, рече Атанасов, се зголемува и базата за производство на месо, млеко и мед, и е важен инпут во развојот на месната и млечната индустрија.

Тој кажа дека од јуни 2017 година досега се исплатени 346,3 милиони евра вкупно за субвенции.

Прикажи повеќе...

Економија

Презентирана физибилити-студијата за развој на ски-центарот Попова Шапка

Објавено пред

 

Министерот за економија, Крешник Бектеши, и директорот на АД ЕСМ, Васко Ковачевски, денеска присуствуваа на презентацијата на физибилити-студијата за ски -центарот Попова Шапка од страна на консултантската компанија „Прајс ватерхаус куперс“. Со оваа физибилити-студија ќе почне постапка на одлучување за тоа како во иднина ќе се развива овој ски-центар, а трошоците за нејзина изработка се осум милиони денари.

„Ние како Влада во потполна соработка со АД ЕСМ во оваа година завршивме со градба на шестоседот, но не застануваме тука, во најкраток рок со консултанската куќа АД ЕСМ има конкретени предлози due diligence и физибилити-студија врз основа на што ќе се донесат одлуки за да се развие Шапка и да биде современ центар, кој ќе има позитивно влијание и на локална економија, но и за целата држава и регионот. Со инвестиции продолжуваме со цел овој ски-центар да биде еден од најдобрите“, изјави министерот Бектеши.

Како што информираа од АД ЕСМ, денешната презентација беше од затворен карактер поради правилата на изготвувачот „Прајс ватерхаус куперс“ и наменета само за нарачателот ЕСМ и ЕЛЕМ Турс и за засегнатите органи, додека набрзо ќе се отвори и јавна дебата, а на крај Владата ќе одлучи откако ќе се добијат сите сугестии од засегнатите страни.

„Оваа студија треба да ни ги каже сите можни решенија, односно што ние како сопственици на Попова Шапка треба да одлучиме, кои се најисплатливите, најодржливите можности и решенија кои се во интерес на сите граѓани не само финансиски туку и на туристите. Станува збор за повеќе опции и решенија, можеби концесионерство, јавноприватно партнерство, можеби други начини на форми и управување. Во следна фаза од постапката треба да одлучиме како понатаму, во интерес на Шапка да функционира како што заслужува“, изјави Ковачески.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија7 часа

Макрон го пречека Пендаровски во Париз

Претседателот на Франција, Емануел Макрон, го пречека македонскиот претседател Стево Пендаровски во Париз. „Вечерва имав чест да присуствувам на вечерата...

Свет8 часа

(Видео) Грета Тунберг има двојничка во Русија која сака да ја исчисти планетата

Говорот на активистката Грета Тунберг (16) за климатските проблеми наиде на силен одѕив во светот. Два месеца по нејзиниот говор...

Македонија13 часа

(Видео) Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работнии

Постигнат е договор за зголемување на платите на здравствените работници и соработници, почнувајќи од февруари в година. Платите на лекарите...

Економија14 часа

Горивата поскапуваат

Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ ќе поскапат за половина и за еден денар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика....

Македонија14 часа

Забрана за работење на компанијата што го загадуваше воздухот во Кочани

Државниот инспекторат за животна средина го забрани работењето на компанијата што учествуваше во загадувањето на воздухот во Кочани. Инспекторатот на...

Македонија15 часа

Заев: Жал ми е ако обвинетиот добие казна бидејќи има малолетни деца, но таа вечер други деца можеа да останат без родител

„Му се извинувам и на премиерот и на сите загрозени таа вечер во Собранието на 27 април 2017 година. Бев...

Македонија15 часа

Одговорните и натаму бараат решение за најопасниот отпад што се чува во ОХИС

Винилхлоридот, една од најопасните материи, се чува на специјална температура, под 20 степени, затоа што е лесно запалива. Има физичко...

Македонија16 часа

Тимоние: До крајот на годината Франција ќе го ратификува протоколот за НАТО

Франција до крајот на годината ќе го ратификува протоколот за членството во НАТО, изјави францускиот амбасадор, Кристијан Тимоние. Одговарајќи на...

Македонија18 часа

Анализите покажаa метил акрилат мономер, но не во воздухот, туку во цевките

Во воздухот нема отровни супстанции, покажаа анализите на штипскиот универзитет по истекувањето во фабриката ОХИС. Траги од метил акрилат мономер...

Свет18 часа

(Видео) Хаос во Хонгконг: запален човек, полицијата пука со вистински куршуми

Еден постар маж е запален во Хонгконг, каде што полицијата претходно пукаше на демонстрантите за време на ескалацијата на насилството...

Македонија19 часа

Заев: Во Охрид договоривме мерки за подобар Западен Балкан

Во Охрид договоривме мерки за олеснување на движењето и брз проток на трговијата, услугите и граѓаните во сите земји од...

Економија19 часа

Истражување: Министерството за здравство потрошило 39 милиони евра за јавни набавки

Министерствата, владините секретаријати и Собранието просечно исполнуваат 55,2 отсто (од максимално можни 100 отсто) од критериумите за транспарентност, отчетност и...

Македонија19 часа

Одложено судењето за „Монструм“ поради смртен случај на поротничка

Во Кривичниот суд утрово беше одложено судењето за случајот „Монструм“ поради отсуство на поротничка што имала смртен случај. Судијата Огнен...

Европа19 часа

Руски историчар свирепо ја убил 40 години помладата љубовница

Познат руски историчар признал дека ја убил својата 23-годишна љубовница кога полицијата го фатила како под дејство на алкохол се...

Свет20 часа

Неколку земји го осудија пучот против Моралес, Мексико му нуди и азил

Претседателот на Венцуела, Николас Мадуро и шефот на мексиканската дипломатија Марсело Ебрард го осудија пучот против боливискиот претседател Ево Моралес....

Свет21 час

(Видео) Вонредна состојба во Австралија поради пожарите во кои загинаа три лица

Властите во австралиските држави Квинсленд и Нов Јужен Велс прогласија вонредна состојба поради пожарите кои избија за време на викендот,...

Македонија21 час

Пендаровски во посета на Франција, утре ќе разговара со Макрон

Претседателот Стево Пендаровски од денеска до 13 ноември ќе престојува во Франција каде што ќе учествува на Парискиот мировен форум,...

Европа1 ден

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во ЕУ

Бугарите и Хрватите се најнезадоволни граѓани во Европската Унија, покажа најновото истражување на Евростат. Просечната општа оценка на квалитетот на...

Свет1 ден

Демонстранти во Боливија запалија куќи на политичари

Претседателот на Народното собрание на Боливија, Виктор Борда, поднесе оставка откако демонстранти ја запалија неговата куќа. „Поднесувам оставка на местото...

Економија1 ден

Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани

Градот Дубровник воведува петгодишна забрана за отворање нови ресторани, потврди градоначалникот, Мато Франковиќ. По ограничувањето на бројот на крузери во...

Досие