Контакт

Економија

Ангеловска на средба со текстилците и претставници на чевларската индустрија

Објавено пред

Преку креирање дигитална платформа се планира да се зголеми конкурентноста и да се отвори можноста за пласирање на финални производи од текстилните компании и чевларската индустрија во земјава до странски пазари, изјави министерката за финансии Нина Ангеловска по работната средба за иницијативата „Модернизација и нови пазари“ од третиот сет мерки, со претставници од текстилната, чевларската индустрија, МАСИТ, УСАИД, БЕП (Business Ecosystem Project), Асоцијација за е-трговија и Старт уп Македонија за реализација на оваа идеја.

Како што беше истакнато на состанокот, кој се одржа во Министерството за финансии, скоро 80% од текстилното производство во земјава е лон производство. Чевларските работилници пак, како што посочија претставниците, најголем број се мали компании. Преку мултисекторски пристап може да се отклучи потенцијалот, претприемнчикото размислување, користење на нови технологии и пласман на квалитетни домашни текстилни производи и чевли.

„Од претставниците на компаниите беше поздравена идејата за формирање на дигитална платформа (marketplace). Се планира истата да се формира како независна, во која ќе можат да пристапат сите заинтересирани компании од текстилната и чевларската индустрија. Министерство за финансии заедно со Царинска управа ќе работат да ги олеснат сите административни пречки и да го олеснат патот за сите компании“, соопшти Министерството за финансии.

Економија

Сеидбата на ориз е во завршна фаза, откупната цена оваа година највисока

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, заедно со градоначалникот на Општина Кочани Николчо Илијев, извршија увид во теренските активности на неколку локации на територија на Општина Кочани.

Кочани е град претпознатлив по производството на оризова арпа од која се добива бел ориз како бренд надалеку познат во светот по својот квалитет. Од оваа земјоделска култура опстојуваат 3 500 земјоделски семејства во Кочанскиот регион.

Во Програмата за 2020 година, беа зголемени субвенциите по обработлива површина со задолжително користење на сертифициран семенски материјал од 12 000 денари на 25 000 денари а за оние производители на ориз без задолжителна употереба на сертифициран семенски материјал, субвенциите беа зголемени од 6000 денари на 18 000 денари.

„Во моментов, сидбата на оризот е во завршна фаза и опфака површина од околу 3200 хектари. Од годинешната жетва се очекува да се добие вкупно производство на оризова арпа од 16.398 тони. Откупот на оризова арпа и бел ориз се одвива непречено и моментално за разлика од минатите години, просечната откупна цена бележи значителен пораст и се движи од 25-30 ден/кг оризова арпа и од 50-65 денари за килограм бел ориз во зависност од тоа дали се работи за крупни или ситни сорти. Политиката на субвенционирање со одвојувањето на оризот од останатите житни култури, ја вракаат оваа култура на нивото од пред дваесетина години кога беше главна земјоделска култура и препознатлив бренд за Кочанскиот регион“, изјави министерот Димковски.

На подрачјето на Кочани моментално има 10 субјекти регистрирани откупувачи на оризова арпа кои се запишани во регистерот на откупувачи на земјоделски производи кој се води во МЗШВ согласно член 31 од Законот за земјоделство и рурален развој. Министерот и градоначалникот, денеска беа во посета на компанијата Даниво ДООЕЛ, која е една од најголемите производители на оризова арпа во нашата држава. Даниво ДООЕЛ чија дејност е производство и преработка на ориз и други житарици како и свежа вишна, годишно откупува 5 милиони килограми оризова арпа и е еден од најголемите откупувачи во нашата држава. Благодарение на оваа компанија, белиот македонски ориз стигнува на нашите пазари но и на странските, со што се промовира квалитетот на нашиот ориз.

Министерот Димковски изјави дека за непречено и квалитетно производство на ориз, потребно е стабилно наводнување на земјоделските површини. За таа цел, во 2020 година, на подрачјето на делување на Брегалница Кочани, исчистени се земјени и бетонски канали, речни корита за што е користена постоечката механизација. Во овој период машински се исчистени 150 километри земјени канали, 20 километри бетонски канали, исчистено е речното корито на река Брегалница во должина од 2,5 километри. Рачно се исчистени 50 километри главни и споредни бетонски канали за наводнување. Министерот Димковски и градоначалникот Илијев извршија увид и констатираа дека водата за наводнување на оризовите површини пуштена е секаде, но поради сушниот период од почетокот на годинава, потребно е рационално користење со цел успешно завршување на сезоната.

Градоначалникот на Општина Кочани, Николчо Илијев изјави дека општината секогаш ќе дава поддршка за развојните инвестиции на оваа Влада и воедно апелираше да се користат мерките коишто значат развој за земјоделското производство, особено за производството на кочанскиот ориз.

Во текот на денешниот ден, министерот Димковски и градоначалникот Илијев, извршија увид и во градежните активности на ХС Оризарска река кој е составен од повеќе потсистеми, кои претставуваат независни градежни целини и кои ќе се реализират во повеќе фази. Првата фаза е завршена и во тек се градежни активности од втората фаза – изградба на хидројазел Речани (брана Речани со придружни објекти, опточен тунел со возводен зафат, преливен орган и темелен испуст). Изведувачките активности се во тек и согласно договорот истите треба да бидат завршени до 2024 година. Оваа капитална инвестиција ќе овозможи снабдување со вода за пиење, наводнување на земјоделски површини во Кочанско Поле од околу 1,500 хектари како и производство на електрична енергија преку изградба на две хидроцентрали.

Кочанското поле каде се произведува македонскиот ориз, е една од целите за развој на земјоделството и токму затоа инвестираме во различни сегменти, а редовното снабдување со вода за пиење и наводнување е клучен фактор за постигнување на нашата развојна цел. Ниеден регион не е запоставен. Капиталните инвестиции секаде се во тек, чекор по чекор до остварување на целта.

Прикажи повеќе...

Економија

За една година, целосна реконструкција на патниот правец од Фариш кон Прилеп

Објавено пред

Mинистерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, денеска извршија увид во градежните работи за рехабилитација на регионалниот пат Раец – Фариш.

Станува збор за инвестицијата со вредност од 1,5 милион евра.

Според министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, градежните работи се одвиваат со засилено темпо и се очекува рехабилитацијата на патот и мостовите на патниот правец Фариш – Дреново да биде завршена во текот на следниот месец.

„Оваа делница е од големо значење за Прилеп, Битола, Ресен и за целиот централен дел на земјата“, изјави Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, истакна дека за речиси една година целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патниот правец од Фариш кон Прилеп.

„Секаде каде што се две ленти, ќе има изградба на трета лента. Тендерот за реконструкција на патниот правец Фариш – Прилеп е завршен и набргу ќе поче да се работи. За рок од една година, целосно ќе биде рехабилитиран и реконструиран патот од тука до Прилеп и по целата должина ќе биде со три ленти. Во тек е изградбата на експресниот пат Градско – Дреново, за десетина дена го објавуваме новиот тендер за доизградба на експресниот пат од Фариш до Дреново и веднаш потоа ќе почнат градежните работи“, изјави директорот Китанов.

 

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Царовска во Конче: Многу места во земјата имаат туристички потенцијал, затоа инвестираме во локален развој

Објавено пред

Увид во градежните работи на потпроектот за подобрување на пристапноста и атрактивноста на сончевата езерска населба Мантово и околината, денеска направија вицепремиерката за економски прашања Мила Царовска, министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, и заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, кои во придружба на градоначалникот Благој Илиев ја посетија општината Конче.

Сончевата езерска населба Мантово е потпроект, кој е во завршна фаза и е во вредност од 295 илјади евра, а е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност. Тој се спроведува со финансиски средства на Владата и Европската Унија и во соработка со канцеларијата на Светската банка.

По извршениот увид во градежните работи, вицепремиерката за економски прашања посочи дека се реализираат инвестиции со кои се поттикнува локалниот економски развој и со кои се овозможува развој на сите региони и општини во земјата. Таа додаде дека природните убавини се вистински предизвик за туристите, при што нагласи дека земјава има голем број мали места со голем туристички потенцијал, кои треба да се промовираат и да им се понудат и на домашните и на странските гости.

„Во оваа ситуација во која се наоѓаме како држава, а во која се наоѓа и целиот свет, кога сме насочени да работиме во посебни услови поради здравствената криза, ќе можеме годинава да се свртиме кон домашните атрактивни туристички места и на тој начин да им дадеме значење. Сметам дека патот што е направен и уредувањето на просторот преку финаниската поддршка обезбедена со проектот даваат поинаква и поубава слика за оваа туристичка локација и ќе придонесе кон привлекување поголем број домашни и странски туристи“, потенцира Царовска.

Министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, нагласи дека овој проект е продолжение на активностите што беа почнати од Министерството за локална самоуправа, а кои се дел од прекугранична соработка, преку ИПА-програмата со Бугарија и Грција.

Заменик-министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески, напомена дека во изминатите три години преку државниот буџет и со финансиски средства од странските донатори за локален и регионален развој се инвестирани над 100 милиони евра.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа56 минути

Австрискиот претседател го прекршил полицискиот час, полицијата го нашла во ресторан по полноќ

Австрискиот претседател, Александер Ван дер Белен, се извини денеска откако полицијата во друштво на неговата сопруга Дорис Шмидауер, по полноќ...

Европа2 часа

На миса во Франкфурт се заразиле 107 лица

Најмалку 107 лица се заразиле со коронавирус на миса на Баптистичката црква во Франкфурт, објави денеска локалниот министер за здравство....

Свет7 часа

„Њујорк Тајмс“ на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19

Весникот Њујорк Тајмс на насловната страница ги објави имињата на починатите од Ковид-19. Вообичаени текстови, фотографии и цртежи се заменети...

Македонија8 часа

Нови 37 случаи на коронавирус во земјава, нема починати

Во последните 24 часа направени се 508 тестирања, а регистрирани се 37 нови случаи на коронавирус и тоа: – Скопје...

Спорт8 часа

Мечот Ливерпул-Атлетико е „одговорен“ за 41 починат од коронавирусот

Анализата на податоците на Британската здравствена служба (НХС) открива дека мечот од осминафиналето од Лигата на шампионите на Ливерпул против...

Свет8 часа

Десетдневна жалост поради жртвите на коронавирусот во Шпанија

Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека во јули ќе се отворат граници за странските туристи и најави дека ќе се...

Македонија8 часа

Филипче: Иван е добар, следува најважниот период од неговото закрепнување

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче, утрово во Клиниката за Државна Кардиохирургија го посети пациентот на кого му беше...

Регион10 часа

Хрватска од идната недела ја отвора летната туристичка сезона

Откако хрватскиот министер за туризам го претстави планот за отворање на летната туристичка сезона, во кој се предвидува дека до...

Европа11 час

Португалски град ќе ги тестира сите жители за коронавирус

Крајбрежниот град Каскаис во близина на Лисабон планира да биде првиот во Португалија којшто ќе ги тестира сите 200 000...

Спорт11 час

Тајсон: Сите ќе бидете шокирани од името на мојот прв противник (видео)

Мајк Тајсон тврди дека договорот за неговиот камбек во боксерскиот ринг ќе се потпише следната недела и додава дека мистериозниот...

Регион12 часа

Бугарски новинар пронајден мртов во езерото Варна

Бугарскиот новинар Георги Александров бил пронајден мртов, удавен во езерото Варна во езерскиот канал близу Аспарухово, додека работел на сторија...

Свет23 часа

И Амазонската дождовна шума погодена од коронавирусот

И, Амазонската дождовна шума, значајна за балансирање на климата во светот и борбата против климатските промени, страда од пандемија на...

Спорт24 часа

Маса: Знам, но нема да откријам во каква состојба е Шумахер

Фелипе Маса поранешниот тимски колега на Михаел Шумахер тврди дека има информации за состојбата во која се наоѓа легендарниот возач...

Европа24 часа

(Видео) Поради коронавирусот илјадници Шпанци излегоа на улиците

Илјадници демонстранти излегоа на улиците на Шпанија на повик на десничарската партија Вокс, барајќи оставка на владата на премиерот Педро...

Топ1 ден

Од две возила со автоматски пушки пукано кон скопјанец во населбата Бутел

Скопјанец пријавил дека попладнево од две возила биле испукани стотина куршуми кон него. Престрелката се случила во скопски Бутел 2....

Македонија1 ден

Васил Огњановски: Му благодарам на семејството што спаси три животи, од кои едниот е татко ми

„Операцијата се направи. Полека го будат. Очекувањата се големи. Еднаш докторите го спасија, го вратија меѓу живите, сега тоа го...

Македонија1 ден

Филипче: Бевме немоќни да го спасиме Иван – сега тој доби шанса за втор живот

„Сите ние, а и самиот пациент Иван Огњановски бевме свесни дека тој ги живее последните недели од својот живот, бидејќи...

Свет1 ден

(Видео) Американската морнарица претстави моќно ласерско оружје кое може да уништи авион во лет

Американската морнарица успешно тестираше ново оружје на воен брод. Станува збор за високо-енергетски ласер што може да сруши борбен авион...

Свет1 ден

СЗО: Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата, најпогоден е Бразил

Јужна Америка е нов епицентар на пандемијата на Ковид-19, при што Бразил е најзагрозен, соопшти денеска Светската здравствена организација (СЗО)....

Македонија1 ден

Од Ковид-19 почина пациент од Скопје, регистрирани 20 новозаразени

Во изминатите 24 часа направени се 744 тестирања, а регистрирани се 20 нови случаи на Ковид-19 од кои 16 се...

Досие