Контакт

Економија

Ангеловска: Подготвени сме за најлошото сценарио за буџетот, работиме да се случи најдоброто

Објавено пред

Многу е тешко за економските аналитичари, вклучително и за меѓународните финансиски институции, да ги предвидат случувањата за време на кризата со епидемијата на коронавирусот. Ова се должи на самиот карактер на кризата, затоа и нашите сценарија постојано се обновуваат, па така од секое сценарио имаме повеќе верзии, рече министерката за финансии, Нина Ангеловска, на прес-конференција во Владата.

„Главно имаме 3 основни сценарија: поволно, неповолно и најнеповолно. Кај сите сценарија најголемиот пад на даноците се очекува во вториот квартал, од 40 до 65 отсто во однос на претходната година, а претпоставките за третиот и четвртиот квартал се разликуваат во согласност со тоа кога би почнал периодот на економско заздравување и стабилизација.

Колкава ќе биде таканаречената дупка (деновиве исто така многу зборувана во јавноста) во буџетот, односно колку ќе се зголемат потребите за финансирање, зависи од тоа кое од овие сценарија ќе биде реалност.

Кај првото сценарио – поволното – предвиден е пад од 20 отсто на вкупната приходна страна на консолидиран буџет во однос на планот. Тоа би значело намалување на приходите за речиси 700 милиони евра, односно тоа значи дека исто толку би се зголемиле дефицитот и потребите за финансирање.

Кај второто сценарио – неповолното – падот на буџетските приходи би изнесувал речиси 30 отсто, со што потребите би се зголемиле приближно 1 милијарда евра.

И кај третото – најнеповолното – доколку приходите паднат 40 отсто, дополнителните потреби би биле речиси 1,3 милијарда евра“, објасни министерката.

Според неа, важно е да сме подготвени и за најлошото сценарио, а секако да преземаме мерки и да повлекуваме соодветни чекори за да се случи најдоброто. Таа истакна дека за секое од овие сценарија Владата подготвува и сценарија за финансирање. Непредвидливоста и ранливоста на пазарите на капитал, како што вели Ангеловска, носи голем предизвик и при креирање на овие сценарија.

„Како што информиравме, во тек е постапка за обезбедување средства од Меѓународниот монетарен фонд, Светската банка и инструментот премостување до обврзница. Постапките се во тек и се очекува до мај да ги обезбедиме овие средства. Како ќе излеземе од корона-кризата, зависи од сите нас. Ако сите се однесуваме одговорно и дисциплинирано, здравствената криза ќе заврши побргу, а со тоа и здравствените мерки, кои ја оспоруваат и запираат економската активност“, заклучи министерката Ангеловска.

Економија

(Видео) Петров: Со третиот пакет ја стимулираме приватната потрошувачка и ја помагаме домашната економија

Објавено пред

Во последните 3 месеци не само на нас, туку и на целиот свет ни се случува најголемата криза. Од почетокот на здравствено – економската криза предизвикана од КОВИД – 19, СДСМ застана зад ставот дека најважно е брзи и навремени мерки. Па согласно тоа, стоејќи зад ставот дека заедно сме во целата оваа ситуација, започнаа разговорите со компаниите, работодавачите, банките, изјави потпретседателот на СДСМ, Коста Петров, на онлајн дискусијата „Нова развојна македонска економија“.

„ Првиот сет економски мерки беа насочени кон компаниите кои беа први на удар односно транспортот, туризмот, угостителство. Вториот сет економски мерки беа насочени кон микро мали и средни компании, се со цел да се сочуваат повеќе работни места. Третиот економски пакет е поразличен од првите два, фокус е трансформација на македонската економија“ истакна Петров.

Потпретседателот Петров се осврна и на реализацијата на мерките со кои се обезбедуваат домашни платежни картички и ваучери за туризам со што ќе се зајакне приватната потрошувачка во наредниот период.

„ Платежни картички од 9.000 денари добиваат сите невработени лица активни баратели на работа и примателите на гарантирана минимална помош, по 3.000 денари ќе добијат младите лица и вработени со месечна примања до 15.000 денари. Најважно е што нема да има аплицирање, туку граѓаните директно ќе ги добиваат овие картички и ќе ги искористат. Преку оваа мерка им помагаме на граѓаните, но и помагаме и на домашната економија“, заклучи Петров.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Мицкоски: Катастрофата во здравството се пресликува и во економијата

Објавено пред

Катастрофата во здравството, се пресликува и во економијата. Таму работите се подеднакво драматични, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Тој кажа дека на почетокот на годината изработен е план и динамика за наплата даноците и тогаш Управата за јавни приходи во првите 5 месеци почнувајќи од 1 јануари, а завршувајќи со 31 мај испланирала дека ќе наплати речиси 38,5 милијарди денари, а реализацијата за истиот период е 29 милијарди денари.

Според Мицкоски, ова значи дека потфрлањето од почетниот план кој што го планирала УЈП на почетокот на годината е цели 25 проценти, а не како што тоа го кажувал ресорниот министер.

„Понатаму само во месец мај на почетокот на годината УЈП предвидело дека ќе наплати 7,577 милијарди денари, а успеало да наплати нешто помалку од 4,5 милијарди денари. Што значи дека потфрлањето е повеќе од 3 милијарди денари само за месец мај“, кажа тој.

Мицкоски рече дека во мај кога бил донесен ребалансот било планирано УЈП да собере нешто повеќе од 6,5 милијарди денари, а, како што кажа, успеале да соберат под 4,5 милијарди денари.

„Или во месецот кога е правен ребалансот на буџетот потфрлањето, неспособноста и некадарноста на раководните лица во УЈП и министерството за финансии е толку големо што и тука прават грешка од повеќе од 2 милијарди денари“, кажа тој.

Според Мицкоски, индустриското производство се движи во амбис.

„Индустриското производство во 4 месец од годината има намалување за цели 33,5 проценти, а она што учествува најмногу во градењето и модирањето на индустриското производство е практично преработувачката индустрија. Таа има пад од цели 40 проценти. Истовремено бројот на вработените во индустријата во месец април е намален за 5,1 процент, а од почетокот на годината бројот на работниците во индустријата е намален за цели 4 проценти“, кажа тој.

Според него, последниот индикатор кој кажува дека состојбата во економијата е алармантна е полнењето на буџетот во првите пет месеци.

„Имено, како стојат тука работите, капиталните инвестиции оние кои што апелираме од почетокот на годината да бидат робусни, интензивни бидејќи само на тој начин може да го одржиме реалниот сектор здрав, се катастрофални. Односно нивното ниво не надминува 60-тина милиони евра во првите пет месеци. Тоа е за некаде околу 18.5% од планот кој што е предвиден со ребалансот на буџетот“, рече Мицкоски.

Прикажи повеќе...

Економија

„Ер Србија“ ги обнови летовите до Њујорк

Објавено пред

Српската национална авиокомпанија „Ер Србија“ денеска ќе ги обнови комерцијалните патнички летови за Њујорк.

Авионот на „Ер Србија“ од белградскиот аеродром „Никола Тесла“ попладнево ќе полета до аеродромот „Џон Ф. Кенеди“.

Српската авиокомпанија претходно објави дека ќе го зголеми бројот на прекуокеански летови на двапати неделно, од 13 јуни.

Прикажи повеќе...

Најново

Европа7 часа

(Видео) Полицаец соборен од коњ на протестите во Лондон

Британската полиција и демонстрантите се судрија вечерва во близина на резиденцијата на британскиот премиер во Лондон, за време на протестите...

Европа7 часа

(Видео) Хаос во Хамбург – полицијата со водени топови против демонстрантите

Полицијата во германскиот град Хамбург употреби бибер спреј против демонстрантите и распореди водени топови откако протестите во знак на поддршка...

Свет10 часа

Големи протести против расизмот се шират во светот

Илјадници демонстранти излегоа на улиците во Европа и Австралија, како и стотина во Токио и Сеул, за да ги поддржат...

Македонија13 часа

Два смртни случаи и 125 нови случаи на Ковид-19 во Македонија

Во последните 24 часа се потврдени два смртни случаи и 125 новозаболени од коронавирус во Македонија, соопшти Министерството за здравство. Направени...

Македонија14 часа

Филипче: Медиумите да престанат да изнесуваат непроверени информации за бројот на заболени од Ковид-19

Министерот за здравство, Венко Филипче, упати молба до медиумите да престанат да изнесуваат шпекулативни и непроверени информации околу бројот на заболени...

Македонија16 часа

НАкС: Со одлуката на Владата повеќе нема правна дилема за спроведување на изборите на УКИМ

Со одлуката на Владата  да се стават во мирување сите активности за избор на органи на управување повеќе нема правна...

Регион16 часа

Вучиќ: Нема среќно решение за Косово

Српскиот претседател, Александар Вучиќ, изјави денеска дека кога станува збор за Косово, нема среќно решение за Србија и дека, какво...

Свет17 часа

Минеаполис им забрани на полицајците да применуваат сила со задушување при апсење

Градското собрание на Минеаполис донесе одлука за забрана за задушување на лице за време на полициско апсење. Одлуката доаѓа по...

Свет19 часа

(Видео) Џастин Трудо клекна на колена во знак на поддршка на демонстрантите

Премиерот на Канада, Џастин Трудо, клекна на колена во знак на солидарност со демонстрантите на вчерашниот протест против расизмот што...

Свет19 часа

(Видео) Трамп: Ова е прекрасен ден за Флојд

Претседателот на САД, Доналд Трамп, за време на конференцијата за економското закрепнување на Америка, зборуваше и за протестите по убиството...

Спорт20 часа

Брендот Џордан ќе донира 100 милиони долари за борбата против расизмот

Брендот „Џордан“ во наредните 10 години, поради убиството на Џорџ Флојд и новонастанатата ситуација во САД, ќе донира 100.000.000 долари,...

Македонија1 ден

Влада: 30 милиони денари за здруженија и фондации за справување со корона кризата

Владата на денешната седница ја разгледа и усвои Програмата за финансирање на програмските активности на здруженијата и фондациите за мерки...

Свет1 ден

СЗО: Секој треба да носи маска на јавен простор

Светската здравствена организација ги ажурираше своите насоки во борбата против Ковид-19 и сега препорачува дека секој треба да носи маска...

Македонија1 ден

Не се планираат рестрикции од понеделник и покрај бројките на новозаболени

Не се планираат никакви рестриктивни мерки од понеделник и покрај големите бројки на новозаболени од коронавирус. Министерот за здравство Венко...

Македонија1 ден

Заболени 11 здравствени работници од ГОБ „8 Септември“

Единаесет здравствени работници од ГОБ „8 Септември“ се заболени од коронавирусот. Дополнително, новозаболени има и од Гинеколошко-акушерската клиника, соопшти министерот...

Македонија1 ден

Филипче: 90 отсто од новозаболените се асимптоматски, кластерите се под контрола

Ситуацијата е под контрола, убедува министерот за здравство Венко Филипче откако денеска земјава го достигна пикот според новозаразени. Тој не...

Македонија2 дена

Регистрирани 180 случаи на коронавирус, 109 се од Скопје

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1272 тестирања, а регистрирани се 180 нови случаи на...

Македонија2 дена

Петровска: Пронајдени се снимките од кафеаната каде што беше Мицкоски

Одземен е уредот за снимање од кафеаната каде што седел лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кога инспектори беа спречени да...

Македонија2 дена

Заев до Ахмети: Ако ДУИ условува со позицијата премиер, нема да биде дел од идната Влада

Доколку ДУИ има услов за коалиција за Влада, тогаш ДУИ нема да биде дел од идната Влада, порача на „Фејсбук“...

Македонија2 дена

Коронавирусот се врати во Дебар, заразена e жена која била во контакт и со медицински персонал

Градоначалникот на Дебар, Хекуран Дука, вели дека во градот се појавил еден нов случај на жител заразен со коорнавирус. Тој...

Досие