Контакт

Економија

Ангеловска: Се одложува данокот на доход од депозити и капитална добивка за 2023

Објавено пред

Се одложува оданочувањето на доходот на камати од депозити и на доходот од капитална добивка од хартии од вредност, кои требаше да стапат на сила на почетокот на 2020 година, за три години подоцна, односно за 2023 година. Исто така, освен одлагањето се предлага намалување на даночните стапки, односно од 15 на 10 проценти за депозитите и стапки од 0 до 15 отсто кај капиталната добивка, во зависност од време на поседување на хартиите од вредност.

Ова ќе биде предвидено со измените на Законот за данок на личен доход кои ќе ги предложи Министерството за финансии врз основа на сеопфатни анализи. Министерката за финансии, Нина Ангеловска истакна дека значаен исчекор е и дека решението кое ќе стапи на сила од 2023 година, е познато на јавноста уште сега.

Кај оданочувањето на капиталната добивка од хартии од вредност, Анегловска рече дека ќе се направи системско решение со кое висината на даночната стапка ќе зависи од периодот кој инвеститорот ќе ги поседува хартиите од вредност. Оние кои се долгорочни инвеститори ќе бидат ослободени од плаќање на овој данок.

„Ќе се воведат 2 даночни стапки зависно од периодот на поседување на хартиите од вредност односно, стапка од 15% за сите оние кои шпекулативно тргуваат на пазарите на капитал и со уделите, односно истите ги држат кај себе до 1 година. Инвеститорите кои ги држат хартиите од вредност од 1 до 10 години ќе се оданочуваат со стапка од 10%. Ослободени од овој данок ќе бидат долгорочните инвеститори кои хартиите од вредност и уделите издадени од инвестициски фонд ги чуваат повеќе од 10 години од денот на продажбата, но и хартиите од вредност стекнати од иницијална јавна понуда, со цел охрабрување на компаниите за првично отварање кон јавноста преку издавање на акции по пат на иницијална јавна понуда“, рече Ангеловска.

Таа посочи дека Комисијата за хартии од вредност и Македонската берза доставиле до Министерството за финансии компаративна анализа и проценка на ефектите од имплементација на моменталното законско решение, кои се навистина незначителни.

„Во услови кога полека се враќа довербата на граѓаните во македонскиот пазар на хартии од вредност и физичките лица се се’ повеќе присутни на пазарот, она што најмалку сакаме е дестимулативно да влијаеме врз истиот. Особено важна работа е обврската која се спремни да ја преземат сите инволвирани страни – Македонска берза, Комисијата за хартии од вредност, Централниот депозитар на хартии од вредност, да се ангажираат во градењето на електронски-поврзан систем со кој спроведувањето на одредбите од Законот нема да биде оставен на товар и волја на граѓаните, а данокот автоматски ќе биде пресметан и уплатен во Буџетот“, рече Ангеловска.

Се предлага и намалување на даночната стапка кај доходот од камата од депозити на 10%, наместо тековните 15%, за да се изедначи со третманот кој што ќе го имаат граѓаните кои своите заштеди ги пласираат долгорочно на пазарот на капитал.

„Ремоделираното решение кое ќе го предложиме предвидува елиминирање на ослободувањето што е предвидено во моменталното законско решение, за плаќање на данок на доход од камати над 15.000 денари. Со тргнувањето на ослободувањето, прво значително ќе се поедностави администрацијата на данокот, а второ, ќе се обезбеди изедначен третман на заштедите со долгорочното инвестирање на пазарите на капитал“, рече Ангеловска.

За данокот на доход на депозити, Ангеловска реше дека причината поради која се предлага одлагање е пред се’ резултат на потребата од нормативно доуредување, во делот на обврската за известување од страна на банките и штедилниците, како и поедноставување на администрирањето на данокот преку предностите кои ги овозможува технологијата.

Економија

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Објавено пред

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска поддршка, истакна пратеничката на СДСМ, Марија Георгиевска.

Предлог – законот се однесува на финансиска поддршка за работодавачите погодени од Кивид-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година.

„Компаниите што имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен додека кај оние компании со намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува максимални 21.776 денари по вработен. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а како рефрентен период, во Законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар“. појасни Георгиевска.

Компаниите што аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Оние компании што користат финансиска поддршка, бројот на вработени нема да смеат да го намалуваат два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

За да се спречат какви било злоупотреби предвидени се и заштитни механизми, во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделена превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Прикажи повеќе...

Економија

„Рајанер“ и „Изиџет“ ќе им ги вратат парите на патниците за откажаните летови во Италија

Објавено пред

Италијанскиот регулатор за авиосообраќај соопшти дека успеал да убеди четири нискобуџетни авиокомпании, вклучувајќи ги и ирската „Рајанер“ и британскиот „Изиџет“, да им понудат на патниците за откажани летовите да им ги вратат парите наместо да им нудат ваучери.

Италијанскиот регулатор за заштита на конкуренцијата AGCM објави дека ја прекинува истрагата против „Рајанер“, „Изиџет“, „Вуелинг“ и „Блу панорама“, бидејќи ги исполниле нејзините барања.

Покрај можноста за враќање на средствата, четирите авиокомпании ќе обезбедат бесплатен пристап до нивните кориснички услуги и ќе го зголемат бројот на работници во службите за корисници.

AGCM започна постапка против превозниците кон крајот на септември.

Прикажи повеќе...

Економија

Фирмите погодени од кризата ќе добијат помош и за октомври, ноември и декември

Објавено пред

Предлог-законот за финансиска поддршка на работодавачите погодени од КОВИД-19 кризата за исплата на платите за октомври, ноември и декември 2020 година, предложен од Министерството за финансии, вчера беше усвоен од страна на Владата и истиот ќе биде доставен на усвојување до Собранието. Работодавачите ќе можат да аплицираат за финансиска поддршка до 21.776 денари по вработен, до 7-ми во месецот за претходниот месец, а корисници можат да бидат фирмите кои имаат најмалку 30% пад на приходи во референтниот период од април до октомври 2020 година, спроедено со истиот период минатата година.

Министерството за финансии соопшти дека со оваа мерка ќе се поддржат работните места, платите на вработените, а ќе се инјектираат околу 70 милиони евра во стопанството и ликвидносно ќе се поддржат компаниите.

„Со новиот предлог-закон мерката е уште потаргетирана, односно на фирмите потешко погодени од кризата, предвидено е да им се исплаќа повисока финансиска поддршка. Имено, кај фирмите кои имаат намален приход од 30% до 40%, ќе добијат финансиска поддршка до 14.500 денари по вработен; за намален приход од 40,01% до 50% предвидени се до 15.955 денари по вработен; за намален приход од 50,01% до 60% до 17.410 денари по вработен; за намален приход од 60,01% до 70%, до 18.865 денари по вработен; за намален приход од 70,01% до 80%, до 20.320 денари по вработен и за намален приход од над 80% износот на финансиска поддршката за исплата на плати ќе изнесува до 21.776 денари по вработен. Во однос на подоброто таргетирање – со предлог законот е утврдено дека не се опфатени фирми кои оствариле поголем профит од 10 милиони евра кумулативно во последните три години“, се наведува во соопштението.

Како рефрентен период во законот се зема финансискиот резултат на фирмите од април до октомври, ноември и декември 2020 година и се споредува со истиот период лани. Во случај фирмата да е регистрирана по септември 2019 година, се зема датумот од запишување во Централен регистар.

Фирмите кои аплицираат за мерката не можат да исплатуваат дивиденда и награда за деловна успешност или друг вид годишна награда до денот на исплата на платата за декември 2020 година.

Во однос на работниците, фирмите кои аплицираат за финансиска поддршка можат да имаат најмногу 10% од вработените со месечна нето-плата од над 120.000 денари. Фирмите не можат да аплицираат за финансиска поддршка за плата за вработен кој во јуни, јули, август и септември остварил нето плата повисока од 39.900 денари за секој месец одделно на полно или неполно работно време. Исто така, мерката нема да може да се користи за вработени за кои се користи мерката „Македонија вработува“, како и за вработени кои се ангажирани за дополнително работење.

Работодавачите кои користат финансиска поддршка, бројот на вработени нема да смеат да го намалуваат два месеци по завршувањето на месецот за кој е користена финансиската поддршка, заклучно со месец февруари 2021 година, освен во случај на пензионирање, откажување на договорот за вработување од страна на работникот, спогодбено преземање на работникот, откажување на договорот за вработување без отказен рок од страна на работодавачот поради кршење на работниот ред и дисциплина или работните обврски и слично.

Предвидени се и заштитни механизми во предлог-законот, за да платата стигне во целост до работникот. Имено, во случај работодавачот да исплати помала плата на работникот од сумата која му е доделени превидени се глоби до 10 илјади евра, во зависност од големината на правниот субјект.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет2 часа

Американските компании продолжуваат со тестирање на вакцината против Ковид-19

Фармацевтската компанија „Астра Зенека“ ќе продолжи со клиничките испитувања на својата експериментална вакцина против Ковид-19 во САД, откако доби одобрение...

Македонија3 часа

Филипче најави проширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот

Прширување на болничките капацитети и надополнување на кадарот најави министерот за здравство Венко Филипче, кој денеска ги посети болниците во...

Македонија4 часа

Почина Амди Бајрам

Поради кардиоваскуларни проблеми, почина Амди Бајрам, експратеникот и претседател на Сојуз на Ромите. Тој починал на приватна клиника во Скопје....

Економија5 часа

(Видео) Компаниите кои се потешко погодени од кризата ќе добијат поголема финансиска поддршка

Со измените на Законот за поддршка на исплата на плати, компаниите кои се потешко погодени од кризата, ќе добијат поголема финансиска...

Регион6 часа

Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун

Поради зголемувањето на ширењето на Ковид-19, Грција воведе дополнителни мерки, вклучително и полициски час во Атина и Солун. Мерките стапуваат...

Македонија7 часа

Георгиевски во Софија: Историската комисија има направено големо поместување

Претседателот на ВМРО-Народна партија, Љубчо Георгиевски при својата посета во соседна Бугарија оствари средби со министерката за надворешни работи, Екатерина...

Свет7 часа

СЗО работи на насоки за употреба на Ремдесивир

Светската здравствена организација објави дека работи на развој на упатства за употребата на лекот Ремдесивир за третман на пациенти со...

Македонија8 часа

Активни 6.861 случаи на заразени со коронавирус во земјата

Во моментов бројот на активни случаи со коронавирус во земјата изнесува 6.861 лице, откако вчера потврдени 518 новозаразени, 200 оздравени...

Македонија8 часа

Ноќва почнува зимското сметање на времето

Со поместување на часовникот за еден час наназад, од ноќва почнува зимското сметање на времето, со што времето во 3...

Македонија21 час

Филипче: Лабораториите за тестирање работат во три смени

Министерот за здравство доц. д-р Венко Филипче информира дека силниот есенски бран ги оптерети лабораториите за тестирање, но се работи...

Македонија21 час

518 нови случаи на Ковид-19 во земјава, починаа девет лица

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2367 тестирања, а регистрирани се 518 нови случаи на...

Регион22 часа

Бугарскиот премиер во самоизолација

Бугарскиот премиер Бојко Борисов е во самоизолација по контактот со заменик министерот за градежништво, Николај Нанков, кој беше позитивен на...

Македонија22 часа

(Видео) Северна Македонија и САД потпишаа меморандум за безбедност на 5G технологии

Премиерот Зоран Заев и потсекретарот за економски раст, енергија и животна средина во Владата на САД, Кеит Крач, потпишаа меморандум...

Македонија23 часа

(Видео) Заев – Хоти: Ако има потреба повторно ќе се воведат ПЦР тестови на граница

Северна Македонија и Косово традиционално позитивниот политички дијалог наскоро ќе го потврдат со прва заедничка седница меѓу Владите на двете...

Македонија24 часа

Мицкоски: Ако Заев се откаже од Гоце Делчев и јазикот, идната влада на ВМРО ќе ја поништи одлуката

Претседател на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски, на денешниот протест, како што наведуваат, против „мафијата, за правда и слобода“, нагласи дека доколу...

Топ1 ден

Тепачка со ножеви и пиштоли меѓу две семејства во Кондово, двајца завршиле во болница

Две лица се повредени во тепачка меѓу две семејства во Кондово, во која биле употребени нож и пиштол. Како што...

Македонија1 ден

Свадба со 200 гости во Арачиново, полицијата најави пријави

Државниот пазарен инспекторат и полицијата растурија свадба во Арачиново со 200 гости и најавија кривични пријави за непочитување на мерките...

Регион1 ден

Во Словенија 1.656 нови случаи на коронавирус – се затвораат рестораните, хотелите, трговските центри

Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.656 нови случаи на коронавирус, нешто помалку од претходниот ден. Бројот на...

Македонија1 ден

(Видео) Георгиевски за „Бгнес“: Сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува

И покрај „длабоката држава“ во Македонија, ние сакаме зближување со Бугарија, Гоце Делчев нè обединува, вели лидерот на ВМРО-Народна партија,...

Свет1 ден

Истражување: Лекувањето на Ковид-19 со крвна плазма дава слаби резултати

Употребата на таканаречената конвалесцентна плазма или антитела од крвта на пациенти кои оздравеле од Ковид-19 како потенцијален третман за хоспитализирани...

Досие