Контакт

Економија

Ангеловска: Со ребалансот се поддржуваат мерки за поголеми плати

Објавено пред

Повеќе пари кај граѓаните и силна финансиска поддршка за бизнисот за отворање нови работни места и исплата на повисоки плати, се целите на ребалансот на буџетот за 2019 година што министерката за финансии, Нина Ангеловска, ги посочи пред пратениците на Пленарна седница во Собранието. Со ребалансот се алоцираат средства онаму каде што ќе има најголема ефикасност и каде што може да се постигнат поголеми ефекти.

„Од овој ребаланс за граѓаните обезбедуваме поддршка за поголеми плати за вработените во приватниот сектор, поголеми плати за вработените во јавната администрација, повеќе средства за поддршка на активните мерки за вработување за невработените граѓани и, конечно, за нешто помалку од три месеци првпат на граѓаните ќе им бидат вратени првите пари преку проектот МојДДВ. А ова не е единствената придобивка од овој проект, зашто преку МојДДВ граѓаните директно ја помагаат борбата за намалување на сивата економија“, истакна минисерката, која првпат пред пратениците брани ваков документ, откако е избрана на оваа функција.

Како што посочи министерката, поставените цели за 2019 година целосно се насочени во функција на постигнување на клучните приоритети на општеството: повисоки стапки на раст на економијата, зголемување на продуктивното вработување, подигнување на животниот стандард на населението, постигнување повисоко ниво на социјална правда и интензивирање на интеграциските процеси за ЕУ и НАТО. Притоа потсети дека веќе почна исплатата на зголемените за пет отсто плати во јавната администрација, во здравството, во образованието, во градинките, во полицијата, културата, одбраната и во другите дејности во јавната администрација.

Вкупните приходи со измените и дополнувањата на буџетот на Република Северна Македонија за 2019 година се планирани на ниво од 210,5 милијарди денари, додека вкупните расходи се утврдени на износ од 228,2 милијарди денари. Во овие рамки дефицитот останува непроменет во однос на планираниот со буџетот, односно е позициониран во износ од 17,7 милијарди денари, односно 2,5 отсто од БДП.

Ангеловска рече дека со измените е направена реалокација на средства помеѓу буџетските корисници, намалување на одредени позиции кај капиталните расходи на буџетските корисници кај кои е евидентирана забавена динамика на реализација, особено кај проекти финансирани со странски кредитни линии, ревидирање на приходите кои буџетските корисници ги остваруваат на сопствените сметки, намалување на каматните расходи за 924 милиони денари, согласно континуираните напори на Министерството за финансии за намалување на каматните стапки на задолжувањето, обезбедување средства за непречено функционирање на новоформираната Агенција за национална безбедност во износ од 99 милиони денари, обезбедување дополнителни средства во износ од 560 милиони денари (а во првата половина на годината со реалокации се обезбедени уште 355 милиони денари) како директна поддршка во земјоделството и справување со болеста африканска чума кај свињите. Понатаму, алоцирање средства во износ од 183 милиони денари за колекторски систем за заштита на Охридското Езеро, како поддршка на напорите на централната и локалната власт за исполнување на препораките од УНЕСКО, обезбедување дополнителни средства во износ од 244 милиони денари за правосудниот систем, односно судството и обвинителството, со цел јакнење на финансиската состојба и решавање на прашањето поврзано со исплатата на надоместоците на вработените во овој ресор, 200 милиони денари зголемување на државната помош во Фондот за иновации и Агенција за странски инвестиции и поттикнување на извозот, алоцирање  средства за откуп на акции за целосна државна сопственост на АД ГА- МА, средства за поврат на дел од данокот на додадена вредност кон физичките лица во износ од 300 милиони денари, дополнителни 200 милиони денари за активни политики и мерки како поддршка на вработувањето, во кои е вклучена и новата мерка за поддршка на младите во производството, субвенционирање на придонесите од задолжително социјално осигурување поради зголемување на плата во износ од 400 милиони денари, дополнителни средства за набавка на лекови за ретки болести и инсулин во износ од 193 милиони денари, како и алоцирање дополнителни средства во износ од 660 милиони денари во Фондот за здравствено осигурување со цел непречено остварување на право на здравствена заштита и боледувања, како и поголем трансфер од буџетот на Фондот за пензиско и здравствено осигурување од 815 милиони денари кон пензиските друштва од вториот пензиски столб, согласно месечните исплати за бројот на осигуреници, што во суштина го потврдува и трендот за зголемување на вработеноста.

Осврнувајќи се на реализацијата на вкупните расходи во буџетот од јануари до септември 2019 година, рече дека се реализираа во износ од 155,3 милијарди денари, што претставува 68 отсто во однос на годишно планираниот износ, односно раст од 8,1 отсто во однос на истиот период од минатата година.

Ангеловска рече дека редовно се сервисираа обврските на државата по основ на исполнување на правата за загарантирана социјална заштита на населението за чија намена се реализираа седум милијарди денари. Најголем дел од овие средства се парични надоместоци за социјална помош на граѓаните, права од областа на детската заштита, родителскиот додаток, како и други надоместоци за ранливите категории граѓани. За исплата на пензиите се наменија 42,1 милијарди денари, додека преку Агенцијата за вработување се реализираа средства во износ од 1,1 милијарда денари за исплата на паричен надоместок во случај на невработеност и 654 милиони денари за активни мерки за вработување.

За сервисирање на обврските по основ на камати се одвоени средства во износ од 6,5 милијарди денари, согласно амортизационите планови за домашно и надворешно задолжување, како и отплата на главницата за преземените обврски по кредити во износ од 10,2 милијарди денари.

Во периодот јануари-септември 2019 година остварен е дефицит на буџетот на Република Северна Македонија во висина од 8,1 милијарди денари или 1,2 отсто од проектираниот БДП за 2019 година.
Пред пратениците министерката зборувајќи за остварените макроекономски движења и проекции рече дека растот на економската активност продолжи со посилен интензитет споредено со растот во 2018 година и изнесува 3,6 отсто и дека растот е резултат на позитивните остварувања кај сите дејности.

„Континуираното забрзување на економскиот раст во текот на 2018 година, како и позитивните поместувања во првата половина од 2019 година изразени преку поинтензивен раст на инвестициите, силна поддршка на потрошувачката врз економскиот раст, континуиран силен раст на извозната активност, засилено кредитирање на приватниот сектор, раст на активноста во градежништвото и индустријата, претставуваат реална основа за остварување на проектираниот економски раст за 2019 година од 3,5 отсто“, рече Ангеловска.

За државниот долг на Република Северна Македонија рече дека на 30 јуни 2019 година изнесува 4.374,6 милиони евра, односно 38,4 отсто од БДП, додека јавниот долг изнесува 5.300,2 милиони евра, односно 46,6 отсто од БДП со што Република Северна Македонија е умерено задолжена земја. Таа додаде дека вкупните потреби за финансирање во 2019 година изнесуваат 34 милијарди денари и дека ќе се обезбедат преку комбинација на задолжување во странство и на домашниот пазар на државни хартии од вредност.

Економија

Царовска: Во дијалог со компаниите создаваме кадри барани на пазарот на трудот

Објавено пред

Министерството за образование и наука со воведени стипенидии за технички струки и со променета уписна политика го поттикнува создавањето на стручни профили коишто се потребни на пазарот на труд. Исто така, од јануари до март следната година, МОН заедно со Стопанската комора и со сите локални чинители ќе води социо-економски дијалог за потребите на реалниот сектор, за да се донесе одлука кои профили во која општина или средно училиште ќе се верификуваат, рече министерката за образование и наука, Мила Царовска, во панел-дискусијата на тема: „Следни чекори – Поголема вклученост на приватниот сектор во формалното и неформалното стручно обрaзование и обука, со фокус на практичната обука“, што денеска се одржа во Стопанската комора на Северна Македонија.

Министерката истакна дека МОН веќе работи на воспоставување нов концепт на средното стручно образование преку создавање на три регионални центри за средно стручно образование.

„Активно работиме на воспоставување на три регионални центри за средно стручно образование и обука во Куманово, Тетово и Охрид. Нашата тенденција ќе биде вакви ВЕТ-центри да отвориме во сите региони во државата. ВЕТ-центрите кои се воспоставуваат со поддршка на Европската делегација и со инвестиција од МОН и техничка и друг вид поддршка во делот на организација и верификување на профили и опрема, од Швајцарската развојна агенција, треба да почнат да служат како ресурсни центри во регионот не само да верификуваат кадри, туку истите тие профили да имаат влез во компаниите и компаниите да се вклучат во обука“, рече Царовска.

Царовска истакна дека сега имаме стручни училишта кои продуцираат кадар што не e потребен на пазарот на труд.

„Од оваа година ја променивме и политиката на стипендирање. Досега државата воопшто не стипендираше средни технички училишта. За првпат воведовме можност да ги стипендираме учениците од техничките училишта и гледаме дека не се навикнати да аплицираат. Понатаму и уписната политика ќе ја поврземе со стипендирањето и ќе имаме подобри резултати“, рече Царовска.

Министерката нагласи дека во моментот низ државата функционираат голем број на верификувани средни училишта со различни профили.

„Тие се опремени со кабинети, со инвестиција од МОН во последните три години“, рече Царовска.

Министерката напомена дека на кус рок, компаниите можат самите да доквалификуваат или преквалификуваат работници, преку мерката на Агенцијата за вработување со којашто можат да отворат тренинг центри.
Во панел-дискусијата учествуваа и Сибил Сутер Техада, амбасадорката на Швајцарија во Република Северна Македонија,Курт Витрих, тим лидер на Проектот [email protected]мк Билјана Пеева-Ѓуриќ, в.д. извршен директор на Стопанската комора на Македонија.

Прикажи повеќе...

Економија

Пад на индустриското производство и бројот на вработени

Објавено пред

Индустриското производство во октомври годинава бележи пад од 5,2 отсто во однос на октомври 2019, а од почетокот на годинава до октомври во однос на периодот јануари-октомври лани има пад од 11,3 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 1.5 %, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 6.2 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 3.7 %.

Намалувањето во секторот Преработувачка индустрија е резултат, пред сѐ, на намаленото производство во следните оддели: Производство на прехранбени производи, Производство на пијалаци, Производство на текстил, Производство на облека, Производство на други неметални минерални производи, Производство на фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, Производство на електрична опрема и Производство на машини и уреди, неспомeнати на друго место.

Според главните индустриски групи, производството во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 0.2 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.3 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 35.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 11.1 %, додека пораст бележи кај Капитални производи за 1.3%.

Индексот на индустриското производство во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 88.7.

Пад на бројот на вработени во индустријата, најмногу во преработувачката

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, изнесува 95.1. Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање од 0.9 %, во секторот Преработувачка индустрија опаѓање од 5.3 %, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 1.6 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во октомври 2020 година, во однос на октомври 2019 година, бележи опаѓање кај Енергија за 1.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 6.3 %, Капитални производи за 4.1 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 4.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 5.0 %.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – октомври 2020 година, во однос на периодот јануари – октомври 2019 година, изнесува 95.3.

Цените на индустриските производи со раст на годишно ниво од 1,2 отсто

Според податоците на Државниот завод за статистика, во октомври 2020 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се на исто месечно ниво и повисоки за 1.2 проценти на годишно ниво.

Во октомври 2020, во споредба со септември 2020, продажните цени на производителите на индустриски производи се пониски во групите Енергија за 0.6 отсто, Капитални производи за 0.1 проценти и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.1 отсто.

Во октомври 2020, во споредба со октомври 2019 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се повисоки во групите Енергија за 6.0 %, Трајни производи за широка потроошувачка за 3.7 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0.8 %.

 

 

 

 

Прикажи повеќе...

Економија

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

Објавено пред

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се на информации од Агенцијата за вработување.

Одговарајќи на новинарско прашање, Бектеши рече дека не верува оти враќањето на дијаспората го зголемува бројот на невработени, ниту, пак, досега имал увид во такви анализи.

„Според анализите што ги добивам јас и Владата, работни места што се изгубени во пандемијата се околу 15.000, согласно податоците на Агенцијата за вработување. Не сум видел анализи во насока на тоа дека дијаспората го зголемјува бројот, но имало наши сограѓани кои биле дел од сивата економија“, рече Бектеши по потпишувањето на Меморандумот за соработка помеќу СКЗМ и Министерството за економија.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија6 часа

Нови 336 заболени и 32 починати од Ковид-19 во земјава

Во последните 24 часа се направени 1181 тестирања, а регистрирани се 336 нови случаи на ковид-19 во: -Скопје 95 -Куманово...

Македонија9 часа

(Видео) Мицкоски: Утре блокади пред Владата и пред МНР

Ова се историски моменти. Ова се моменти кога се одлучува и за иднината на македонскиот народ, македонската нација и македонската...

Регион10 часа

Руската вакцина „спутник V“ ќе стигне во Србија до крајот на неделата

Првиот дел од руската вакцина „спутник V“ ќе пристигне во Србија до крајот на оваа недела, соопшти владината прес-служба на...

Македонија11 час

Групата за процена во ЦУК: Да се продолжи кризната состојба

Денеска, во Центарот за управување со кризи се одржа втора седница на групата за процена во ЦУК. Со седницата на...

Свет12 часа

Во Јапонија повеќе луѓе починале поради самоубиства отколку од Ковид-19

Експертите предупредуваат дека пандемијата би можела да доведе до криза на менталното здравје кај луѓето. Масовната невработеност, физичката дистанца и...

Македонија16 часа

Филипче: Состојбата во болниците се стабилизира, очекуваме повеќе исписи од приеми на болни

Министерот за здравство, Венко Филипче, утрово одржа состанок со директорите на ковид-центрите од клиниките во комплексот „Мајка Тереза“ на кој...

Македонија17 часа

Престануваат да важат мерките против загадувањето во Тетово, Куманово и Кавадарци

Мерките против загадувањето кои пред два дена беа воведени во Тетово, Куманово и Кавадарци, престануваат да важат, соопшти Владата. „Согласно...

Европа17 часа

Во поранешниот берлински аеродром наскоро ќе се вакцинираат по 4.000 луѓе дневно

Големиот натпис „Добре дојдовте“ сè уште виси пред берлинскиот аеродром Тегел, кој месецов беше затворен засекогаш. Но, наскоро се очекува...

Економија17 часа

За време на пандемијата 15.000 лица останале без работа

За време на пандемијата без работа останале околу 15.000 лица во Македонија, истакна министерот за економија, Крешник Бектеши, повикувајќи се...

Економија18 часа

Бензините и дизелот поскапуваат

Горивата од ноќеска на полноќ ќе поскапат за 1 и за 1,5 денар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика. Со денешната...

Македонија18 часа

Плевнелиев: Скопје да даде гаранции за реформи, Софија да се откаже од ветото

Oднecите меѓy Софија и Скопје треба итно да деескалираат со одлучен чекор направен од двете страни, вели поранешниот бугарски претседател...

Свет19 часа

Руската вакцина „Епиваккорона“ ќе биде пуштена во промет во декември

Вакцината „Епиваккорона“ против Ковид-19, изработена од Рускиот државен истражувачки центар за вирусологија и биотехнологија, може да биде пуштена во промет...

Македонија19 часа

Граѓански здруженија бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина

Четириесет и четири граѓански здруженија и иницијативи бараат закон со кој ќе се спречи изградба на хидроцентрали на Шар Планина....

Македонија20 часа

Дачиќ: Заев знае дека неговите изјави не се точни, но му треба согласност од Софија за ЕУ

Претседателот на српското Националното собрание, Ивица Дачиќ, оцени дека премиерот Зоран Заев не е политички незнајко и дека знае оти...

Регион20 часа

Во Словенија 51 починат од коронавирус и 428 нови случаи

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 428 нови случаи на коронавирус од 1.880 тестирани, а починале 51 лице....

Регион20 часа

„Франс прес“: Здравствените системи на Балканот се преоптоварени поради коронавирусот

Недоволниот број на кревети и лекари и масовниот пораст на инфекции со коронавирус ги доведоа болниците на Балканот на работ...

Македонија21 час

Воено-медицински персонал ќе се распореди во ковид-центрите на Клинички

Медицински персонал од Воено-медицинскиот центар, составен од дванаесет лекари и дваесет медицински сестри, од денеска се вклучува во работата на...

Регион22 часа

„Фајненшл тајмс“: Бугарија проблематична членка на ЕУ која тоне во коруција

Фондовите на ЕУ ја зголемија корупцијата во Бугарија. Тие пари особено се користат за директно или преку јавни набавки купување...

Регион22 часа

Во Црна Гора на лекар само со лична карта

Од денеска црногорските осигуреници ќе можат да ја користат новата лична карта како здравствена книшка. Директорот на Фондот за здравствено...

Свет22 часа

(Видео) Во Индонезија 2.800 лица евакуирани поради вулканска ерупција

Вулкан во источна Индонезија, кој избувна во неделата, исфрлајќи пепел на 4.000 метри, ги принуди локалните жители да се евакуираат....

Досие