Контакт

Економија

Анѓушев: Ги решивме наследените проблеми, се интензивира изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Објавено пред

Предлог законот за дополнување на Законот за реализација на инфраструктурни проекти за изградба на патната делница Миладиновци – Штип и патната делница Кичево – Охрид денеска пред новинарите го образложија вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески и директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов.

На средбата присуствуваа и професори од Градежниот факултет кои учествувале во надминувањето на настанатите состојби при процесот на изградба на автопатот Кичево-Охрид.

Вицепремиерот за економски прашања, Кочо Анѓушев, на средбата ја образложи потребата од донесување на предлог измени на Законот, се со цел да се забрза динамиката на изградба на автопатската делница Кичево – Охрид.

Анѓушев потенцираше дека биле наследени огромни проблеми поврзани со непостоење на девет клучки во самиот проект, непостоење на алтернативни патишта, потоа огромен проблем со геомеханичките карактеристики на тунелот и проблеми со косините на трасата, за што се потребни дополнителни финансиски средства за доизградба на оваа автопатска делница.

Исто така тој информираше и дека финансиските средства што ЈП за државни патишта ги исплаќало кон Изведувачот по однос на градежни материјали биле многу повисоки во споредба со реалните пазарни цени.

„Кога денес би требало да се потпишува таков договор, јас лично не би учествувал во таков договор, но морам да кажам дека Владата и сите ние бевме исправени пред една ситуација кога проектот веќе беше започнат. Државата имаше земено одредени обврски и овој проект мора да се продолжи. Денеска во Владата направивме анекс на тој договор што ќе го предложиме во Парламентот, каде што се надеваме дека пратениците ќе го поддржат и со тоа ќе се деблокира градењето на овој автопат во прва фаза со сите дополнителните работи, многу поекономично и по цени далеку пониски од тие што претходно биле номинирани. Со домаќински пристап ќе заштедиме сериозни средства за државата, притоа проектот ќе биде имплементиран и нормално, на крајот државата нема да ја донесеме во ситуација на финансиски потешкотии“, рече вицепремиерот за економски прашања.

Министерот за транспорт и врски, Горан Сугарески, изјави дека донесувањето на анекс на основниот договор е повеќе од потребен се со цел да се забрза изградбата на овој капитален проект, а од друга страна да се овозможат редовни исплати на подизведувачите на овој проект за извршените градежни работи.

„Денеска зборуваме за решение на проблемот. Во самиот предлог на Законот ослободуваме 205 милиони по сите ставки. Ова е значајно за да може да се продолжи со изградбата, а од друга страна да се овозможи нормално плаќање кон домашните подизведувачи. Веќе за еден месец ќе имаме и нов анекс со кој точно ќе ги утврдиме дополнителните средства по сите ставки и една финална сума на средства потребни за доизградба на автопатот”, изјави Сугарески.

Директорот на ЈП за државни патишта, Зоран Китанов, најави дека со донесување на овие измени на законот, во наредните месеци ќе се забрза изградбата на автопатот и притоа ќе се изврши препроектирање на сите елементи кои недостасуваат во проектот.

Економија

Бабовски: Земјоделците ги добија „зелените картички“, наточено е гориво од 14,5 милиони денари

Објавено пред

За помалку од еден месец земјоделците ги добија „зелените картички“, со што досега е наточено гориво во вредност од 14,5 милиони денари. Ова го изјави денеска директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Николче Бабовски, кој беше во посета на Подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во Кавадарци, каде што ги подели картичките за „зелена нафта” на земјоделците од овој регион.

Во Кавадарци вкупно се поделија 5.974 картички за зелена нафта, со вкупен износ од околу 15 милиони денари.

„Овие картички поделени во Кавадарци се еден добар износ на средства кој ќе дојде кај земјоделците, и кога се очекува да почне бербата на грозјето за земјоделската механизација оваа сума ќе биде добредојдена за земјоделците. Со оваа мерка директно влијаеме врз намалување на трошоците во земјоделството и го правиме поисплатливо. Денеска во Кавадарци сме на крајот на процесот на доставување на изработени картички, и тоа се случува за многу краток рок за 20-тина дена. Голем дел од земјоделците во земјава веќе ги користат зелените картички. Според последните информации од економскиот оператор, за само 20-тина дена веќе се искористени 14,5 милиони денари односно за толкава сума е наточено гориво“, изјави директорот на Платежната агенција, Бабовски.

Со денешното доделување  картички финишира целиот процес на достава на картичките за субвенционирано гориво за земјоделска механизација до земјоделците. Од министерството информираат дека иако рокот бил 60 дена, целата процедура се завршила порано за речиси еден месец. Досега се поделени 50.465 картички со вкупна вредност од 128 милиони денари. Во следниот период ќе се доделат и картичките на преостанатите земјоделци кои треба да ги подмират обврските кон државата.

Мерката за субвенционирана нафта, за првпат се воведува од оваа година со цел да се олесни производството на земјоделците. Оваа мерка се очекува да придонесе за значително намалување на производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Бидејќи се работи за нова мерка, за почеток државата најави дека ќе покрива 30 отсто од трошоците што земјоделците ги имаат за набавка на гориво за механизацијата, со можност овој процент во следните години да расте и до 50 отсто.

Прикажи повеќе...

Економија

Германскиот автомобилски гигант го менува логото

Објавено пред

Германскиот автомобилски гигант „Фолксваген“ го претстави новото лого со кое сака да се изгради имиџ на компанија ангажирана за заштита на животната средина и да се огради од скандалите со фалсификување податоци за издувните гасови на дизел-возилата од 2015 година.

„Компанијата е на пат кон мобилност, без емисија на штетни гасови“, рече менаџерот на брендот, Ралф Брандстаетер, додавајќи дека со новото лого сакаат повторно да изградат добра репутација за компанијата.

Тој рече дека целта на германскиот производител на автомобили е да стане светски лидер во е-мобилност и да продаде еден милион електрични возила годишно до 2025 година.

Прикажи повеќе...

Економија

Продолжува реализацијата на проектот „Купи куќа, купи стан“

Објавено пред

Градежната комора на Македонија го поддржува проектoт „Купи куќа, купи стан“ од самиот почеток на неговата промоција и смета дека со новите услови дополнително ќе се влијае на  стимулирање на продажба на нови станови за млади луѓе.

Дополнително, се поддржува порастот на градежниот сектор во делот високоградба преку градење нови станбени единици, задржување на постојните и генерирање нови вработувања, а сето тоа ќе влијае врз пораст на целокупната економија, беше истакнато на денешната прес-конференција во Сојузот на стопанските комори на Македонија.

Претседателот на Градежната комора на Македонија, Ивица Јаќимовски, истакна дека со овој проект бенифити имаат и компаниите преку зголемената продажба на изградени висококвалитетни и енергетски ефикасни станови, младите луѓе што со многу поволни услови ќе може да дојдат до нов стан, локалните самоуправи, но и централната власт.

„Градежната комора на Македонија, која е единствената комора што го обединува градежниот сектор, го поддржува проектот ‘Купи куќа, купи стан’ бидејќи тој е во заеднички интерес на сите, а пред сè на граѓаните кои полесно ќе се одлучат да инвестираат во својата иднина и да останат да живеат и работат во Македонија. Покрај тоа, овој проект ќе придонесе и за развој на руралните општини, каде што цената за изградба на објекти во високоградба за квадратен метар е значително пониска во однос на централното градско подрачје. Тоа ќе придонесе и за развој на другите стопански гранки во нашата земја, како и со директни инвестиции за развој на општините“, истакна Јаќимовски.

Министерството за финансии изготви прирачник за проектот „Купи куќа, купи стан“, кој е поставен на веб-страницата на Министерството. Од таму велат дека за неполни три месеци по стапувањето во сила на новите услови, интересот кај граѓаните е голем, а причина за тоа се намалените каматни стапки, новиот модел „Купи стан за млади“, како и дополнителната едногодишна субвенција на месечната рата за секое новородено или посвоено дете.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија13 часа

(Видео) УЈП во затворот го извести Јовановски за финансиската контрола на неговата невладина

Инспектори на УЈП влегоа во затворот во Шуто Оризари за да го известат притворениот Бојан Јовановски, претседател на невладината Меѓународен...

Македонија15 часа

Советот на јавните обвинители го доби извештајот за „Рекет“, се чека седница за Јанева

Обвинителството за организиран криминал до Сoветот на јавните обвинители го достави извештајот за преземени активности и дејства во предистражната и...

Македонија16 часа

(Видео) Стефанова: Немам намера да конкурирам за шеф на СЈО

„Од самиот почеток се оградував од Јанева. Денеска гледаме расчистување со криминалот и треба да се гордееме на тоа. Не...

Македонија17 часа

17 здруженија ѝ порачуваат на Владата итно да се спречи најавениот масакр на животни

„Животните не се предмети за да се уништуваат, туку свесни интелигентни суштества и потребно е само малку разум и совест...

Македонија17 часа

Никој не се појави на судењето за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ

Судијката Даниела Алексовска-Стојановска го одложи првото рочиште за предметот на СЈО „Талир 2“ за незаконската градба на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ....

Свет19 часа

Додека Амазонија гори, Болсонаро го нападна светот: „Не мешајте се во внатрешни работи“

Во екот на зголемена меѓународна критика за пожарите што беснеат во Амазонија, бразилскиот претседател Жаир Болсонаро изјави дека е можно...

Македонија19 часа

Заев денеска ќе ги достави до Собранието предлозите за нови министри

Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев, денеска се очекува да ги достави до Собранието предлозите за испразнетите министерски места...

Регион19 часа

(Видео) Се заглави рингишпил во Биоград, пожарникарите еден и пол час ги спасувале децата

Поради дефект, се заглави рингишпилот „Скај флаер“ во Биоград во Далмација по што пожарникарите еден и пол час ги спасувале...

Свет19 часа

Навални излезе од притвор

Портпаролката на Алексеј Навални, Кира Јармиш, на „Твитер“ соопшти дека рускиот опозициски лидер по 30 дена, излегол од притвор откако...

Свет21 час

Туристите честа цел на крадците во Барселона, само годинава имало над 5.000 насилни грабежи

Од почетокот на годинава имало 5.331 насилен грабеж во Барселона, што е 30 проценти повеќе во однос на истиот период...

Македонија1 ден

Заев: Ова се мачни и тешки случаи, но секој што се огрешил треба да одговара

Горди сме дека како власт овозможивме услови независниот правосуден систем да работи и да го врати владеењето на правото, изјави...

Македонија1 ден

Жалбата на Јанева одбиена од судот, обвинителката останува во притвор

Кривичен совет од тројца судии ѝ ја одбил жалбата на специјалната јавна обвинителка Катица Јанева за определениот 30-дневен притвор, потврдија...

Европа1 ден

Макрон: Нема време за нов договор, Британија ќе стане вазал на САД

Францускиот претседател Емануел Макрон непопустливо му порача на британскиот премиер Борис Џонсон дека нема доволно време да се преговара за...

Топ2 дена

2019 е најцрна година на патиштата во земјата – за шест месеци загинале 70 лица

Декларативни заложби, намален интизитет на активности и реформи, никакви суштински и системски промени. Искршени возила, семејства што живеат во трагедии...

Топ2 дена

(Видео) Очевидци раскажуваат: Возачот се обиде да го изгасне пожарот во автобусот, но огнот бргу се ширеше

Двокатниот автобус со број 5 на ЈСП, кој гореше во близината на Oпштината Ѓорче Петров, се запалил пред автосервис. Возачот...

Македонија2 дена

Фатиме Фетаи: Секој што згрешил мора да одговара

„Никој не е недопирлив“, вели обвинителката Фатиме Фетаи по проширувањето на истрагата за случајот „Рекет“ и приведувањето на шефицaта на...

Македонија2 дена

(Видео) Се запали автобус на ЈСП во Ѓорче Петров, нема повредени патници

Автобус на ЈСП со број 5 утрово се запали во близина на Општината Ѓорче Петров. Од ЈСП информираат дека при...

Македонија2 дена

СДСМ: Правната држава функционира, законите важат за сите

Правната држава функционира, а законите важат за сите еднакво, коментира СДСМ преку соопштение кога вчера беше приведена специјалната обвинителка во...

Свет2 дена

Во Тексас извршена смртна казна, осуденикот тврдел дека е невин

Во Тексас е извршена смртна казна над Лери Сверинген (48), кој беше осуден на смртна казна во 2000 година за...

Македонија2 дена

„Ла Верита“: Катица Јанева е осудена да стане громобран за сите судии и политичари вклучени во системот за изнуда

Италијанскиот весник „Ла Верита“ најавува дополнителни докази кои потврдуваат директна контрола од страна на државниот врв врз активностите за изнудувањето...

Досие