Контакт

Економија

Анѓушев: Коментарите за продажба на ЕДС што се врзуваат во политички контекст се неосновани и неточни

Објавено пред

Процесот на продажбата на компанијата ЕДС, иако станува збор за 100 % приватна компанија, беше извршен потполно транспарентно, при што јавноста беше правовремено известувана за продажбата уште oд самиот почеток, реагираа преку соопштение од Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, на денешната прес-конференција на портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„На процесот на продажба претходеше проценка на компанијата извршена од три реномирани меѓународни ревизорски куќи (Ernst & Young, Baker Tilly, Grant Thornton), по што беше формирана цената за продажба. Сите коментари за продажба на ЕДС што се врзуваат во политички контекст се апсолутно неосновани и неточни, односно истите претставуваат потполни невистини“, се наведува во соопштението од Кабинетот на Анѓушев.

Во однос на средствата што се исплатени за купопродажба на компанијата, ВМРО-ДПМНЕ повторно креира произволни тврдења, кои се далеку од вистината, се вели во соопштението и се додава „дека 90% од компанијата ЕДС беше лична сопственост на Кочо Анѓушев, додека останатите 10% беа во сопственост на групацијата ‘Фероинвест’. Согласно со позитивните законски прописи кога се продава удел во компанија што е во лична сопственост на физичко лице, купопродажната цена се префрла на лицето кое е сопственик на уделот“.

Од Кабинетот на Анѓушев велат дека очигледен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ, наместо со идеи, со гола политика и лажни конструкции да се обиде да го наруши угледот и да се обиде да ги контаминира политиките на Владата.

Економија

(Видео) Две компании во конкуренција за универзален снабдувач за електрична енергија

Објавено пред

Комисијата за спроведување на постапката за избор на универзален снабдувач, со која претседава академикот проф д-р Глигор Каневче, денес, по истекот на рокот за поднесување апликации на јавниот повик, веднаш по 15 часот, изврши јавно отворање на доставените понуди во согласност со тендерската документација.

Комисијата констатира дека има доставено две понуди, првата од група на понудувачи составена од „ЕВН Македонија“ АД Скопје и „ЕВН електроснабдување“ и втората понуда од „ЕЛЕМ трејд“ ДООЕЛ, при што е утврдено дека двете понуди се доставени во согласност со тендерската документација и го исполнија првичниот услов да бидат отворени.

Во согласност со тендерската документација беа прочитани следните елементи на понудите, понудена бруто-маржа и доставена банкарска гаранција. По отварањето на двете понуди, претседателот на Комисијата констатира дека и во двете понуди е доставена валидна оригинална банкарска гаранција, а понудената бруто-маржа наведена во понуда доставена од група понудувачи, составена од „ЕВН Македонија“ АД Скопје и „ЕВН електроснабдување“, е 14,4 отсто, додека понудената бруто-маржа наведена во понудата на „ЕЛЕМ трејд“ ДООЕЛ е 14,9 отсто.

Претседателот на Комисијата објасни дека сега следува фаза на евалуација на понудите, односно процена на нивната економско-финансиска способност, како и на техничката способност во согласност со критериумите наведени во тендерската документација. По завршување на евалуацијата, процес што максимално може да трае до 86 дена доколку компаниите ги исполнуваат условите, ќе бидат поканети да учествуваат на електронска аукција по принцип на негативно наддавање на понудената маржа, а почетна маржа ќе биде пониско понудената маржа од двете понуди. Понудувачот што на електронската аукција ќе понуди најниска маржа, ќе биде избран за најповолен и ќе биде поканет да го потпише договорот за универзален снабдувач со електрична енергија.

Комисијата изјави дека посветено ќе се работи пред крајниот рок да биде завршена евалуацијата и да се заокружи процесот на избор на универзален снабдувач.

Овластените претставници на компаниите што аплицирале на јавниот повик немаа забелешки на постапката.

Прикажи повеќе...

Економија

(Видео) Заев: Индикаторите покажуваат надеж и перспектива за економскиот раст

Објавено пред

Сите индикатори покажуваат дека има огромна перспектива и надеж за економскиот раст и развој. Секако, тоа е возможно со развој на бизнис-секторот, на приватните иницијативи, и тука ги темелиме сите наши надежи, истакна премиерот Зоран Заев на настан посветен на промоција на „Белата книга 2018“ во организација на Советот на странските инвеститори при Стопанската комора на Македонија.

На заедничката панел-дискусија претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев, претседателот на Советот на странските инвеститори и претседател на УО на „ЕВН Македонија“, Штефан Петер, и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, дискутираа за актуелни економски теми и за предизвиците со кои се соочува македонската економија.

Премиерот Заев одговара на прашања што се однесуваа на остварените економски резултати во 2018 и очекувањата во 2019, на проблемот со недостиг на квалификувана работна сила, за структурните реформи во образовниот систем и пазарот на труд, како и на прашања поврзани со важната улога на регионалната соработка во процесот на интеграција на земјите од Западен Балкан во ЕУ.

„Третиот квартал завршува со пораст на извозот од 16,4 отсто, индустриското производство расте 5,2 отсто, а финалната потрошувачка 5 отсто како резултат на порастот на платите. Сите овие параметри се одличен индикатор дека сме на добар пат“, рече премиерот Заев.

Тој нагласи дека при креирањето на политиките и носењето на легислативата и законите треба да се земаат во обѕир барањата на бизнис-заедницата.

„Правиме едно правично поставување на казните и ја воведуваме опомената пред казната. Стопанството нè учеше дека треба инспекторите да работат со компаниите. Многу често грешките не се намерни и мора да укажуваме на нив со одреден рок на коригирање за санкциите да не бидат за полнење на буџетот. Тоа не го сакаме. Нашата алатка е да поттикнуваме да расте профитабилноста на компаниите, а со тоа ќе растат и приходите во буџетот“, истакна премиерот Заев и додаде дека важен елемент е борбата со сивата економија за што бележиме добри резултати со пораст на приходите од даноци и социјални придонеси од 15 до 24 отсто пораст во октомври 2018 во споредба со октомври 2017.

На дискусијата по повод промоцијата на публикацијата „Бела книга 2018“ посебно внимание се посвети на структурните реформи во образованието и пазарот на трудот, кои треба да го решат проблемот со недостигот на квалификувана работна сила, на кој посочуваат бизнис-заедницата и странските инвеститори во Република Македонија.

„Фокусот мора да биде и во средното и во високото образование. Вчера го донесовме Законот за практиканството во Владата на Република Македонија и го пуштивме. Алатка повеќе со која ќе овозможиме директно студентите да имаат своја практична едукација додека студираат да може да работат и заработуваат и да бидат подготвени за пазарот на трудот. „Кромберг и Шуберт“, „Дрекселмаер“ и ЕВН веќе прават метчинг-програми. Тоа е малку и треба уште повеќе да работиме во тој правец за да може да ги подготвиме младите со практично искуство“, нагласи премиерот Заев.

Осврнувајќи се на отворените перспективи за развој на економијата, премиерот Заев рече дека нашите тридецениски аспирации за членство во ЕУ и НАТО полека се заокружуваат и изрази очекување дека парламентот ќе ја заврши својата задача со што ќе се испрати сериозна охрабрувачка порака за странските и домашните инвеститори за членството на Република Македонија во ЕУ и НАТО, што ќе обезбеди траен мир, стабилност, сигурност и безбедност како важен предуслов за нови инвестиции и развој на економијата.

Публикацијата „Бела книга 2018“ претставува концепт на приоритети на економските политики од перспектива на странските инвеститори, кој нуди и предлози за олеснување на работењето во специфични области со цел да се стимулира подинамично инвестирање на странски капитал во земјата.

Прикажи повеќе...

Економија

„Пежо“ со предновогодишни понуди за своите клиенти

Објавено пред

Во очекување на новата година, „Пежо“ има предновогодишни понуди за сите клиенти. „За нови почетоци, нови емоции и нови авантури, добредојдени се во салоните на ‘Еуроимпекс’ сите љубители на Брендот“, велат од компанијата.

Клиентите можат да изберат помеѓу „пежо 208“, 308, 301, 2008 како и „пежо – Partner Tepee“ по неодоливи цени. Сè што треба да се направи е да се обратат во еден од двата продажни салони на „Еуроимпекс“ – генералиот увозник на „Пежо“ или кај овластената дилерска мрежа во Скопје, Тетово, Штип и Гевгелија, каде ќе бидат целосно запознаени со понудите – моделите, техничките карактеристики, моторите, цените како и богатата опрема со која располагаат моделите на „Пежо“, наведуваат оттаму.

За време на оваа предновогодишна понуда на клиентите им е овозможено и бесплатно тест возење на моделите на „Пежо“, кое можат уште веднаш да го закажат и на веб-страницата на „Пежо“.

„Еуроимпекс“- генерален увозник на „Пежо“ за Македонија, Србија, Црна Гора, Косово и Албанија, повикува на брза реакција од страна на сите заинтересирани бидејќи при оваа понуда количините се ограничени.

(ПР Текст)

Прикажи повеќе...

Најново

Европа9 часа

Тереза Меј останува премиерка, го преживеа гласањето недоверба

Со 200 гласа „за“ наспроти 117 „против“ британската премиерка, Тереза Меј, вечерва го преживеа гласањето недоверба. На Меј ѝ е сигурна...

Европа9 часа

Уапсени најблиските на терористот од Стразбур, се претпоставува дека тој е во Германија

Германската полиција е во лов на двајца браќа, Чекат и Сами Шериф, по придружувањето на операцијата на француските колеги, кои...

Македонија11 час

Мицкоски до Заев: Избeри време, место и медиум, ќе дојдам таму каде што ти сакаш

Пред повеќе од 6 месеци, точно овде на платото пред Владата на Република Македонија, на 2 јуни, ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата...

Свет11 час

Три години затвор за поранешниот адвокат на Трамп

Поранешниот адвокат на американскиот претседател, Доналд Трамп, е осуден на казна затвор од 36 месеци. Мајкл Коен, адвокатот што изјави...

Бегството на Груевски12 часа

Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија

Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од...

Бегството на Груевски15 часа

(Видео) Груевски лоциран од новинари во скап унгарски ресторан

Екипа на унгарскиот портал „24.ху“ го лоцираше бегалецот Никола Груевски во Будимпешта како руча во познат и скап унгарски ресторан....

Македонија19 часа

(Видео)Рамчиловиќ: Најдовме правна формулација и јасна дистинкција меѓу насилниците и организаторите во предлогот за амнестија

Работната група за помирување го подготви предлогот за законско решение за амнестија за 27 април. Обвинетите ќе потпишат изјава дека...

Македонија19 часа

(Видео) Власта ќе бара 80 пратеници за продолжен мандат за СЈО

Министерката за правда, Рената Треневска-Дескоска, изјави дека двата предлог-закона за специјалното јавно обвинителство и за Јавното обвинителство се достапни за...

Македонија20 часа

Обвинителството нема да го гони сопственикот на менувачницата што уби двајца крадци

Обвинителстото ја отфрли кривичната пријава против сопственикот на менувачницата во Кисела Вода кој лани уби две лица при обид за...

Македонија20 часа

Непознато лице до Јанакиески: 500 евра дневно ни одат за честење неопределени по кафулиња

Во една од СМС-комуникациите помеѓу поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески со непознато лице направена на 3 април...

Бегството на Груевски20 часа

(Видео) Рускоска: Синоќа ја видов фотографијата со Груевски, ќе видиме кој ја сликал и од каде потекнува

Шефицата на Обвинителството за организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, рече дека синоќа ја видела фотографијата со Груевски од Будимпешта....

Топ20 часа

Мајка моли да се пронајде нејзиниот син, исчезнал пред два дена во Скопје

Дваесет и шестгодишно момче исчезнало во Скопје, откако пред два дена заминало од дома, по што не се вратило. Семејството...

Топ20 часа

Експлозивна направа, куршуми, оружје и дрога пронајдени во неколку куќи во Скопје

Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје во текот на вчерашниот ден по издадени наредби од Основен суд Скопје 1...

Македонија22 часа

Стара градска ќе го намалува бројот на пациенти, нов обид за реновирање

Старата градска болница, односно ЈЗУ Универзитетска клиника по хируршки болести „Св. Наум Охридски“, ќе го намалува бројот на пациенти оти...

Европа22 часа

Терористички напад во Стразбур – убиени најмалку четири, а ранети 12 лица

Четири лица загинаа, а 12 се повредени во нападот во Стразбур, за кој надлежните сметаат дека е терористички чин. Напаѓачот...

Македонија24 часа

Посебен сообраќаен режим за време на протестот на ВМРО-ДПМНЕ

Министерството за внатрешни работи информира дека поради протестот што го најави ВМРО-ДПМНЕ ќе има посебен сообраќаен режим на дел од...

Свет1 ден

(Видео) Бразил: Вооружен маж пукал во верници во катедрала – шестмина мртви

Вооружен маж пукал во верници во катедрала во близина на Сао Пауло на југот на Бразил, при што убил пет...

Бегството на Груевски2 дена

На интернет се шири фотографија од Груевски и Трајковски во Будимпешта

Фотографија на која се гледа експремиерот Никола Груевски, сега унгарски азилант, како се шета низ Будимпешта, се прошири на социјалните...

Крвав четврток2 дена

Села: Претседателите на партиите што не присуствуваа на 27 април, најверојатно, се и организатори

„Некој знаел дека ќе се случи она што се случи на 27 април и не беше присутен. Немаше друга причина...

Крвав четврток2 дена

Припадничка на собраниското обезбедување: Ѓошевски даде наредба да се отворат вратите од собата за видеонадзор

Судењето за крвавиот четврток, по паузата, продолжи со сведочење на Милунка Јовановска, вработена во МВР, која на 27 април била...

Досие