Контакт

Економија

Анѓушев тврди дека од 2018 година нема допирни точки со работењето на компанијата ЕДС

Објавено пред

Друштвото „Феро инвест“ ДОО Скопје и неговиот сопственик Кочо Анѓушев соопштија дека категорично ги отфрлаат лажните обвинувања од Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ, како невистинити и тендициозни со цел нарушување на угледот и честа на компанијата и нејзините сопственици.

На прес-конференција одржана на 15.1.2020 портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ изнесе обвинувања дека компанија блиска до Кочо Анѓушев добила тендер од Министерството за одбрана.

„Уште од 2018 година компанијата „Феро инвест“ ДОО Скопје и неговиот сопственик Кочо Анѓушев ги имаат продадено своите удели во компанијата ЕДС и им ја предале целосната контрола врз фирмата на новите сопственици во јавна и транспарентна постапка за која беа запознаени медиумите и пошироката јавност. Повеќе од 1,5 година Анѓушев нема никаков удел ниту во работењето ниту во одлучувањето во компанијата ЕДС. Доколку ВМРО-ДПМНЕ и портпаролот на партијата не понудат јавно извинување на ист начин на кој изнесуваат лажни обвинувања, ќе бидеме принудени да ги преземеме сите законски мерки со цел заштита на угледот на компанијата и нејзините сопственици“, се вели во соопштението.

Економија

Склучен меморандум за соработка помеѓу Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата

Објавено пред

Народната банка и Комисијата за заштита на конкуренцијата (КЗК) склучија меморандум за соработка насочен кон унапредување на размената на податоци и информации поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Како што беше истакнато на денешната средба на гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска и претседателот на КЗК, Владимир Наумовски, натамошното ефективно јакнење на конкуренцијата во оваа сфера би довело до подобри услови за корпоративниот сектор и за населението како корисници на банкарските услуги и производи, како и до проширување на лепезата производи што ги нудат банките, под конкурентски услови. Токму тоа е и основниот мотив за склучувањето на договорот со којшто попрецизно е дефинирана соработката помеѓу двете институции на ова поле.

Со меморандумот е регулирана размената на податоци и информации помеѓу двете институции при постапките коишто ги води КЗК, а коишто се поврзани со една или повеќе деловни банки, при изготвувањето анализи за нивото на конкуренцијата во банкарскиот сектор и при изготвувањето измени во подзаконската регулатива во надлежност на Народната банка.

Предвидено е да се одржува и годишен состанок на којшто претставници од двете институции детално ќе ги разгледуваат анализите поврзани со конкуренцијата во банкарскиот сектор и ќе разговараат за повеќе важни прашања, а доколку е потребно може да се одржуваат и повеќе состаноци годишно. Меморандумот содржи и одделни одредби коишто се однесуваат на едукација на вработените во Народната банка и во КЗК во областа на заштитата на конкуренцијата.

Кон завршницата на денешната средба, Ангеловска-Бежоска и Наумовски истакнаа дека натамошната соработка помеѓу Народната банка и КЗК ќе придонесе за постојано зајакнување на конкуренцијата во банкарскиот сектор.

Прикажи повеќе...

Економија

„Кока-Кола“ не се откажува од пластичните шишиња, вели дека луѓето ги сакаат

Објавено пред

„Кока-кола“ нема да ги исфрли пластичните шишиња за еднократна употреба бидејќи потрошувачите и натаму сакаат да ги користат.

„Потрошувачите ги сакаат пластичните шишиња бидејќи се практични, може да се затворат и лесни се“, изјавила Беа Перез, шефица за еколошка одржливост во компанијата, за Би-би-си.

Оваа компанија, која е еден од најголемите произведувачи на отпад, се обврза дека ќе ги рециклира сите пластични шишиња што ќе ги користи до 2030 година. Но, борците за заштита на животната средина тврдат дека многу шишиња и натаму завршуваат на депониите.

Овој гигант произведува речиси три милијарди тони пластична амбалажа годишно, што изнесува 200.000 шишиња во минута. Во 2019 година хуманитарната организација „Брејк фри фром пластик“ ја прогласи „Кока-кола“ за најголем загадувач меѓу брендовите.

Прикажи повеќе...

Економија

Со грант од ЕУ набавена современа опрема за царинската лабораторија

Објавено пред

Со грант-средства од Европската Унија, во износ од 372.650 евра преку ИПА-фондовите, набавени се софистицирана и модерна опрема и апарати за царинската лабораторија.

Набавени се инструменти и помошна опрема, главно хроматографски техники на кои се испитуваат обележувачи во црвена нафта и нафтени деривати, квалитетoт на нафтени деривати и содржина на сулфур, содржина на алкохол во алкохолни пијалаци и содржина на шеќери и масти во прехранбени производи.

Министерката за финансии, Нина Ангеловска, посочи дека со опремувањето на лабораторијата Царината ќе може да дава поефикасни услуги при заштитата на здравјето на граѓаните и животната средина, наплатата на давачките во буџетот и фер конкуренција на пазарот. Таа рече дека од храната на чиниите до горивата во резервоарите во возилата, сите тие стоки поминуваат низ царинската лабораторија.

„На пример, досега нафтените деривати се испитувале со класични методи, кои траеле подолго, користеле поголеми примероци и не давале комплетен состав. Сега со набавената софистицирана апаратура за покусо време, со помала количина примерок, се добива подетален хемиски состав. Голем дел од анализите на нафтените деривати досега е правен и преку надворешни лаборатории, со надворешна соработка, се распипшувале тендери за што биле потреби дополнителни трошоци и време. Сега тоа нема да биде случај, односно испитувањата ќе се вршат во оваа лабораторија“, вели Ангеловска.

Министерката посочи дека, освен во опрема во царинската лабораторија, се инвестирало и во човечкиот капитал, односно преку твининг-програма вработените се обучувале за новата опрема.

Евроамбасадорот Самуел Жбогар истакна дека новата опрема ќе придонесе за сигурноста и безбедноста на производите и здравјето на граѓаните и околината, ќе придонесе да се превенираат измами, како и ефикасна наплата на акцизите и царините.

„Оваа опрема, која е сместена во Институтот за хемија, покажува дека научните работници и јавните институции заедно може да работат и да придонесуваат за доброто на граѓаните и општеството во целина“, рече Жбогар.

Инаку, модернизирањето на царинската лабораторија е предвидено и со Стратешкиот план на Царинската управа 2018-2020.

„Крајна активност на модернизацијата на царинската лабораторија се активностите насочени кон исполнување на условите за акредитација на царинската лабораторија во согласност со ИСО 17025:2017, што треба да биде реализирано во текот на 2020 година“, рече директорот на Царинската управа, Ѓоко Танасоски.

Досега преку ИПА се склучени договори во износ од 8,8 милиони евра за поддршка на проекти во Царината, односно за јакнење на административните капацитети, софтвери и други проекти во насока на модернизација на Царината и усогласување со европската пракса и легислатива.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија57 минути

Раскината концесијата за Охридското Езеро, Димковски тврди дека концесионерот ги кршел законите

Владата донесе одлука за раскинување на договорот за концесија за Охридското Езеро со концесионерот „Летница-Белвица“. Причината за оваа одлука, како...

Македонија1 час

Костадинов: ВМРО-ДПМНЕ со 3.000 амандмани го блокира предлог-законот за отпис на камати

ВМРО-ДПМНЕ поднел 3.000 амандмани за предлог-законот за отпис на камати и репрограмирање на долгови и трошоци на јавните препријатија, за кој...

Топ2 часа

Измамник во Свети Николе изнудил 2.000 евра од жена, ја излажал дека е полицаец и ја спасува нејзината внука од затвор

Седумдесет и осумгодишна жена од Свети Николе пријавила дека била измамена за сума од 2.000 евра. Според пријавеното, вчера лицето...

Македонија2 часа

Микиќ: Нема потреба од паника за корона вирусот во Македонија

Информативните летоци ќе бидат превентивна мерка во Македонија да не се рашири смртоносниот корона вирус. Доктор Владимир Микиќ од Институтот...

Македонија3 часа

Уставниот суд нема да ја оценува уставноста на амнестијата на обвинетите за 27 април

Нема да се оценува уставноста на амнестијата со која некои од обвинетите за упадот во Собранието на 27 април се...

Македонија4 часа

Спасовски: Во земјата не се увезува штетен отпад

Техничкиот премиер, Оливер Спасовски, уверува дека во државата не се увезува штетен отпад за кој нема сертификати. Тој вели дека...

Македонија4 часа

Филипче: Чекаме препораки од СЗО за заштита од корона вирусот

Министерот за здравство, Венко Филипче, вели дека чекаат Светската здравствена организација да даде препораки за тоа што треба да се...

Македонија4 часа

(Видео) Крпен студентски живот: 61 денар за оброк дневно, еден килограм месо месечно

Просечно по 61 денар се издвојува дневно за оброк за станарите во студентските домови. На секој станар му следуваат по...

Свет5 часа

СЗО: Постои голема веројатност корона вирусот да се прошири и надвор од Кина

Светската здравствена организација (СЗО) соопшти дека постои голема веројатност новиот корона вирус да се прошири и во други делови на...

Свет5 часа

Сенатот на САД ги усвои правилата за постапката за импичмент на Трамп

По 13-часовна расправа, американскиот Сенат ги усвои правилата за водење на постапката за отповикување на претседателот Доналд Трамп вклучувајќи го...

Свет5 часа

Трамп: Имаме добар план за новиот корона вирус

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека САД имаат план за борба против корона вирусот, од коj во Кина загинаа деветмина,...

Регион6 часа

Протести на грчките острови поради преполните мигрантски кампови

Штрајкови и протести се одржаа на грчките острови Лезбос, Самос и Киос поради владиното справување со мигрантите што пристигнуваат од...

Свет7 часа

Саудиска Арабија негира дека го хакирала телефонот на Џеф Безос

Саудиска Арабија ги отфрли како апсурдни пишувањата на „Гардијан“ дека го хакирала телефонот на сопственикот на „Амазон“ и на „Вашингтон...

Свет9 часа

Путин го потпиша указот, Шојгу и Лавров и во новата руска влада

Рускиот претседател, Владимир Путин, синоќа потпиша указ за составот на новата влада предводена од премиерот Михаил Мишустин, при што ресорите...

Свет9 часа

Кина: Новиот вирус мутира, расте бројот на починати

Кинеската здравствена комисија соопшти дека 440 луѓе во 13 провинции биле заразени од новиот респираторен и смртоносен вирус од кои...

Македонија9 часа

Владата ги поништи одлуките на Мизрахи за в.д. директори на центри за социјална работа

Владата донесе одлука за поништување на решенијата за разрешување од должност и именување на вршители на должност директори во јавните...

Култура21 час

Владата ќе ги плати трошоците за патување на екипата на „Медена земја“ на „оскарите“

Владата ќе ги плати патните трошоци за патувањето на петчлената филмска екипа и за хероината на филмот „Медена земја“ Атиџе...

Свет21 час

Прв случај на мистериозниот вирус во САД

Официјални лица од здравствените власти го потврдија првиот случај на мистериозниот корона вирус во САД, кој уби шест луѓе во...

Спорт22 часа

Норвежаните во полуфинале по триумфот над Исланд (видео)

Норвешката ракометна репрезентација се приклучи на Хрватска и на Шпанија во полуфиналето на Европското првенство, откако во нордиската пресметка со...

Свет23 часа

Папата до учесниците на форумот во Давос: Луѓето, а не профитот, мора да бидат во центарот на политиката

Папата Франциско испрати писмена порака за да ги потсети делегатите на годинешниот Светски економски форум во Давос на моралната обврска...

Досие