Контакт

Економија

Анѓушев, Царовска и Адеми сообираа швајцарски искуства за дуалното образование

Објавено пред

Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Кочо Анѓушев, министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, и министерот за образование и наука, Арбр Адеми, во дводневна работна посета на Берн, собираа швајцарски искуства за стручно образование и обука.

За таа цел, денеска, на вториот ден од посетата, министрите остварија посета на Универзитетот за применети науки и средба со менаџментот на училиштето за обука и тренинг за потребите на индустријата, лоцирани во Берн. Како што информираат од владината прес-служба, работната посета на Швајцарија владината делегација ја заокружила со средба со Мартина Хирајама, државен секретар за образование, истражување и иновации.

На средбата се разговарало за придобивките од оваа посета и можностите за понатамошна соработка во насока на поддршка за имплементација на дуалното образование во образовниот систем на наштата земја.

„Нашата влада спроведува реформи во сите сфери вклучително и во унапредување на образовниот процес. Тоа е наша обврска, не само за исполнување на критериумите во ЕУ и НАТО, туку и должност кон нашите граѓани за подобар живот на сите. Моделот на дуално образование, кој во моментот се спроведува како пилот-проект, тежнееме да го имплементираме во стручното средно образование“, потенцирал вицепремиерот Анѓушев.

Министерот за образование и наука, Адеми, нагласил дека образованието е клучна алка во развојот на секоја личност.

„Целта ни е да направиме квалитетно образование почнувајќи од основното па до високото образование. Образовниот процес особено во средното образование мора да претпри измени, пред сè со зголемување на практичната работа за време на школувањето“, рекол министерот.

Министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, на средбата зборувала за целта што повеќе деца да се вклучат во предучилишно образование.

„Токму со реформата работиме на намалување на детската сиромаштијата и со детскиот и образовниот додаток им овозможуваме на децата да имаат еднаков старт во животот. Нашата цел е што повеќе деца да се вклучат во предучилишно образование, затоа што раниот детски развој е основата за понатамошниот образовен процес”, нагласила Царовска.

Државниот секретар за образование и иновации на Швајцарија, Мартина Хирајама, ја нагласила волјата на швајцарската влада за поддршка на реформите кои се спроведуваат во нашата земја.

Економија

Општина Гази Баба додели субвенции за набавка на печки на пелети

Објавено пред

Општина Гази Баба продолжува со доделување на субвенции за набавка на печки на пелети. И оваа година општината надоместува дел од трошоците при набавка на овој тип на грејните тела во висина од 70%, но не повеќе од 30.000 денари.

Според градоначалникот на општина Гази Баба, Борис Георгиевски пред присутните посочи дека со користењето на печките на пелети, а со тоа и незагадувачки материјали за греење, граѓаните директно придонесуваат за подобра животна средина.

„Според нашите истражувања, домашните ложишта кои користат загадувачки и несоодветни грејни материјали, се најголемите загадувачи на нашата околина.Токму затоа, оваа мерка општина Гази Баба и во иднина ќе ја реализира за што повеќе жители да можат да ја искористат и директно да влијаат за почиста средина, а со тоа да се подигне и свеста кај граѓаните за користење на еколошки огревни материјали“, рече Георгиевски.

За овие две години, општина Гази Баба додели вкупно 100 субвенции за набавка на печки на пелети.  Покрај оваа мерка, Владата ќе ги субвенционира граѓаните и за купување на инвертер клими со што дополнително ќе се придонесе до намалување на загаденоста како во град Скопје, така и во општините.
 

Прикажи повеќе...

Економија

Покана за доставување понуди за изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производи

Објавено пред

За потребите на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“, кој се реализира во рамките на „Програмата за прекугранична соработка на Република Северна Македонија – Република Албанија за 2014 и 2015“, а врз основа на договорот за грант, Центарот за управување со промени – ЦУП објавува:

Покана за доставување понуди 03/2019 за набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за промоција и продажба на производи од жените кориснички на програмата.

Центарот за управување со промени – ЦУП во рамките на проектот „Развој на микропретпријатија на жени во прекуграничната област“ има потреба од набавка на услуги за: изработка на онлајн-продавница за продажба на производи, која вклучува целосна подготовка на веб-апликацијата, фотографирање и собирање податоци за производи и содржини, како и промоција на онлајн-продавницата во пошироката јавност.

На повикот може да се пријават компании или здруженија на граѓани, но не и физички лица. Проценетата вредност на набавката изнесува 24.000,00 евра во денарска противвредност. Таа вклучува (1) изработка на веб-апликација, администрирање и тековно одржување на онлајн-продавницата, (2) теренски дел на собирање податоци и сликање на производите и полнење со содржини, како и (3) промоција на онлајн-продавницата во пошироката јавност. Услугата предвидена со набавката е неделива.

Краен рок на доставување на понудите е до 1.11.2019 година до 16 часот.

Подетален опис на услугите, условите за аплицирање, како и потребната документација, може да ги побарате на следниот линк: www.cup.org.mk во делот на објавени повици.

Прикажи повеќе...

Економија

Кинеската економија со најбавен раст во последните 27 години

Објавено пред

На азиските берзи денеска цените на акциите паднаа, а акционерите ги загрижи податокот за најбавен раст на кинеската економија во последните 27 години. Поради ова, договорот помеѓу Велика Британија и ЕУ за уреден брегзит падна во втор план.

МСЦИ-индексот на азиско-пацифичките акции, без јапонските, во 7 часот бил во минус речиси 0,2 отсто. На токиската берза „Никеи“ идексот зајакнал 0,3 отсто, а цените на акциите во Хонг Конг, Сингапур, Јужна Кореја, Австралија и во Шангај паднаа помеѓу 0,1 и 0,6 отсто.

Азиските акционери ги поколеба податокот дека кинескиот домашен бруто-производ во третото тримесечје пораснал 6 проценти во однос на истиот период лани, што е послаб раст од оној што го очекуваа аналитичарите и е најбавен во послените 27 години.

Тоа покажува дека американско-кинеската трговска војна предизвика слабеење и на домашната и на странската потрошувачка.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија10 часа

Хелсиншки бара казна за училиштето во Гостивар каде деца со војнички поздрав ја поддржаа офанзивата во Сирија

Хелсиншкиот комитет остро го осудува злоупотребувањето на учениците од гостиварското основно училиште Мустафа Кемал Ататурк за политички цели. На 17.10.2019...

Европа11 час

(Видео) Десетици илјади демонстранти на улиците во Барселона, студентите се судрија со полицијата

Десетици илјади поддржувачи на независноста на Каталонија протестираат во центарот на Барселона против пресудите на нивните водачи, барајќи отцепување од...

Македонија12 часа

Ципрас: Понекогаш европските вредности се посилни на Балканот, отколку во Европа

Поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас го осуди фактот дека лидерите на земјите-членки на ЕУ не успеаја да се постигнат согласност...

Култура12 часа

Министерството за култура го осуди вандализмот, бара да се заштити Аквадуктот

Министерството за култура енергично го осудува вандалскиот чин на оштетување на Аквадуктот, коj е дел од културно наследство, при што...

Македонија13 часа

(Видео) Интервју со Села: 18 години не одговарал ниеден функционер од ДУИ

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села, во интервју за „Макфакс“ рече дека не може да се оочекува ЕУ да...

Македонија13 часа

Влада: Во тек се консултации, Заев носи одлуки во интерес на граѓаните и државата

Во тек се интензивни консултации после заклучоците на Европскиот совет, премиерот Зоран Заев носи одлуки водејќи се исклучиво од интересите...

Македонија14 часа

Лидерската средба ќе се одржи в недела во вилата на Водно

На иницијатива на претседателот Стево Пендаровски, в недела – 20 октомври во кабинетот на претседателот во „Вилата Водно“, со почеток...

Европа15 часа

Макрон: Земјите од соседството на ЕУ не е нужно да бидат нејзини членки

Францускиот претседател, Емануел Макрон, во првото обраќање во јавноста откако стави вето за пристапните преговори за Северна Македонија и Албанија...

Македонија16 часа

Туск: Верувам дека ова е кратка криза, а не крај на проширувањето на ЕУ

По завршувањето на самитот на ЕУ во Брисел, претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, и претседателот на Европскиот совет, Доналд...

Македонија16 часа

Конте: Одлуката на ЕУ за Северна Македонија и Албанија е историска грешка

Италијанскиот премиер, Џузепе Конте, изјави дека одлуката на Европската Унија да не го отвори пристапниот процес за Северна Македонија и...

Македонија16 часа

(Видео) Пендаровски свика лидерска: Не е време за разочарување, туку за обединување

По одлуката на Советот на Европската Унија да не даде датум за почеток на преговорите за членство на нашата држава...

Јоханес Хан Јоханес Хан
Македонија16 часа

Хан: Одговорноста за овој неуспех не е на Северна Македонија, туку на ЕУ

Еврокомесарот за проширување, Јоханес Хан, вели дека одговорноста за одлуката да не им се додели датум за преговори на Северна...

Македонија17 часа

(Видео) Мицкоски: Предвремени парламентарни избори за да се надмине кризата

Одлуката за недобивање датум е пораз, но не пораз на народот, туку на политиките на Заев и оваа власт, навлезена...

Македонија17 часа

Димитров: ЕУ јасно да каже дали е отворена за европска иднина на Западен Балкан

Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, преку својот налог на „Tвитер“ побара од Европската Унија да биде директна со земјите...

Европа19 часа

Пучдемон им се предаде на белгиските власти

Поранешниот лидер на Каталонија, Карлес Пучдемон, им се предаде денеска на белгиските правосудни органи кога Шпанија издаде нов налог за...

Топ20 часа

Воз удри во автомобил во Прилеп, повредени четири лица

Четири лица се повредени во железничка несреќа што се случила во близина на меѓуградската автобуска станица во Прилеп. Според информациите на...

Свет21 час

Трамп во нова трговска офанзива, воведе царини на многубројни европски производи

Дополнителни царини во вредност од 7,5 милијарди американски долари за низа европски производи денеска воведоа САД, што претставува нова трговска...

Свет21 час

Eксплозии и пукање во Сирија еден ден по договорот за прекин на огнот

Експлозии на гранати и пукање во областа на градот Рас ел-Ајн во североисточна Сирија на само еден ден по договорот...

Европа23 часа

(Видео) Барселона во пламен, протестите излегоа од контрола

Илјадници луѓе синоќа излегоа на протест на улиците на Барселона, четврти ден по ред. Како што пренесуваат локалните медиуми, на...

Свет1 ден

Турција ги прекинува воените операции во Сирија

Американскиот потпретседател Мајк Пенс изјави дека постигнал договор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган за прекин на огнот во северна...

Досие