Контакт

Економија

Арсовска: Внимателно да се балансираат планираните даночни реформи

Објавено пред

Претседателката на Сојузот на стопански комори, Данела Арсовска, во панел-сесијата посветена на тема: „Развој на ЈИЕ: Инвестиции, трговија и перспективи“ во рамки на Самитот Македонија 2025 ја истакна важноста од баланс во економските реформи за да не забави економскиот раст.

„Целиот регион се соочува со истите предизвици и потреби, затоа конкурентноста е исклучително значајна за тоа која од економиите во регионот ќе се издвои како лидер во обезбедување поволни услови за привлекување домашни и странски инвестиции. Најтешката задача при спроведување на структурните економски реформи во Македонија конкретно е како да се спроведат политичките одлуки без да се наруши кревката економија и одржливоста на стопанството. Во овој момент клучно е внимателно да се балансираат планираните даночни реформи, а во исто време да се обезбеди напредок во клучните области каде имаме детектирани слабости, како обезбедување владеење на право, поквалитетни услови за живот и работа, како и подобрување на ефикасноста на администрација, која како сервис на приватниот сектор и граѓаните е во насока на овозможување раст на економијата“,  истакна Арсовска.

Арсовска на тематската панел-сесија дискутираше со Андреј Вробел од Велика Британија, Максимилијан Ламбертон, главен аналитичар на Економист од Велика Британија, Дубравка Негре, раководител на регионалната канцеларија на ЕИБ за Западен Балкан, Пиа Барбојч Јурашиевич,  директор на Империал Тобако, Словенија и Душко Крсмановиќ, директор за развој на CMS Law, Србија.

Економија

Најбогатите 26 милијардери во светот поседуваат богатство исто колку 3,8 милијарди луѓе

Објавено пред

Светските милијардери секојдневно се збогатуваат за дополнителни 2,5 милијарди долари. Бројката на милијардери во светот достигна  2.208, што е двојно повеќе отколку пред 10 години. Милијардерите денес се најбогати од кога било, според извештајот на „Оксфам интернешнл“, пренесе Си-ен-ен.

Годишниот извештај е објавен пред Светскиот економски форум во Давос, Швајцарија, што почнува утре, а кој ги спојува некои од најбогатите и највлијателни луѓе во светот. Извештајот од 106 страници треба да го привлече вниманието на растечкиот јаз меѓу богатите и сиромашните.

Заедничкото богатство на 26-те најбогати луѓе во светот минатата година достигнаа 1,4 трилиони долари – исто колку и вкупното богатство на 3,8 милијарди најсиромашни луѓе во светот.

Најголем дел од милијардерите се Американци, според листата на „Форбс“, која е искористена во извештајот на „Оксфам“. Меѓу нив се и основачот на „Амазон“ Џеф Безос, директорот на „Мајкрософт“ Бил Гејтс, сопственикот на компанијата „Беркшир Хетавеј“ и инвеститор Ворен Бафет, како и основачот на „Фејсбук“ Марк Закерберг, кои заедно вредат 357 милијарди долари, според „Форбс“.

Прикажи повеќе...

Економија

Египетски компании заинтересирани за увоз на македонско јаболко

Објавено пред

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, денеска се сретна со министерот за земјоделство на Египет, Абу Сетејт, со кој разговараше за унапредување и олеснување на трговската размена со земјоделски производи, зголемување на извозот на македонски земјоделски производи во Египет особено на македонското јаболко.

„Во последните неколку години египетски компании покажаа интерес за увоз на македонското јаболко, поради што на состанокот беше отворено и прашањето за изнаоѓање на начин за укинување на царинската стапка од 40 % за македонското јаболко која што го прави неконкурентно на пазарот во Египет, како и за увоз на земјоделски производи од Египет кои се атрактивни за пласман во Македонија“, соопштија од Министерството.

Министрите се договориле да започнат преговори во рамки на техничката работна група која ќе се формира согласно Протоколот за соработка во земјоделството. Николовски на 11 февруари ќе отпатува во посета на Каиро, во рамки на која што ќе се разговара и за други форми на соработка, особено во делот на науката и истражувањето, програми за обука во делот на наводнување и поврзување на комапниите од двете земји преку организирање Б2Б средби.

Состанокот се одржа во рамки на меѓународниот саем за земјоделство и храна „Зелена недела“ во Берлин.

Прикажи повеќе...

Економија

Тевдовски: Влезот во НАТО ќе биде катализатор на економскиот раст

Објавено пред

Влезот во НАТО ќе делува како катализатор на економскиот раст во Македонија, вели министерот за финансии Драган Тевдовски. Тој посочува дека стабилноста и меѓународната позиција кои ги добива земјата со членството, кај земјите кои пристапиле кон Алијансата резултирале со повисоки инвестиции, поголема економска активност, намалување на невработеноста и подгинување на животниот стандард.

„Значително забрзување на економскиот раст се забележува кај сите земји од регионот, по пристапувањето во Алијансата. Стабилноста и меѓународната позиција која ја обезбедува членството, придонесуваат за неколкукратно подобрување на повеќе економски показатели. Пред се, тоа се забележува кај странските директни инвестиции. На пример, по пристапувањето во НАТО во Бугарија трикратно се зголемија странските инвестиции, во Албанија двојно – вели Тевдовски.

Споре него, новите инвестиции, значат нови работни места, нова додадена вредност, зголемување на обемот на трговија и зголемена економска активност.

„На пример, по влезот во НАТО растот на БДП во Бугарија е зголемен од 2,8% на 6,7% во просек. Невработеноста кај земјите кои пристапија во НАТО во 2004 во просек е намалена од 11,4% на 6,3%. Сето тоа резултира со подигнување на животниот стандард, што се покажува и преку растот на номиналниот БДП per capita усогласен за паритетот на куповна моќ, кај овие земји“ вели Тевдовски.

Тој додаде дека изминатата недела кредитната агенција „Фич“, како и реномираниот фонд за управување со средства „Итон Венс“ посочија дека Македонија има напредок во евроатланските интеграции и дека местото и е во ЕУ и НАТО.

Прикажи повеќе...

Најново

Бегството на Груевски44 минути

(Видео) Телохранителите на Груевски сослушани за неговото бегство, роднините нема да се сослушуваат

Роднините на Груевски нема да бидат повикани да дадат исказ пред Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција за неговото...

Вести59 минути

(Видео) Трамп, Макрон и Меј го откажаа учеството на економскиот форум во Давос

Подготовките за Светскиот економски форум во Давос, кој ќе почне на 22 јануари и ќе трае до петок, 25 јануари,...

Гордана Јанкулоска, судење, Титаник Гордана Јанкулоска, судење, Титаник
Македонија1 час

Апелациските судии в понеделник ќе одлучуваат за затворската казна на Јанкулоска

В понеделник, на 28 јануари, во 9:30 минути, во Апелацискиот суд во Скопје треба да се одржи рочиштето за пресудата...

Свет1 час

Трамп за две години изнел 8.158 лажни или погрешни тврдења

Две години по преземањето на функцијата, американскиот претседател, Доналд Трамп, има изнесено 8.158 лажни или погрешни тврдења, покажува Алатката за...

Свет1 час

(Видео) Израел објави видео од ракетните напади врз Сирија

Израелската војска објави видео на кое се забележани воздушните напади врз Сирија. Цел на нападите биле иранските сили. During our...

Македонија2 часа

Груевски ја повлече тужбата за клевета за Заев со која првично бараше половина милион евра

Утре нема да се одржи судско рочиште за тужбата за клевета и навреда од бегалецот Никола Груевски против премиерот Зоран...

Регион3 часа

Повредени новинари на протестите во Атина: Нападот беше испланиран

Грчката државна телевизија ЕРТ соопшти дека непознати лица за време на вчерашните протеsти во Атина ја нападнале нејзината екипа, а...

Свет4 часа

(Видео) Супер волшебна месечина: Ретко целосно затемнување на небото во северната хемисфера

Илјадници луѓе на северната хемисфера се бореа со ниските температури за да го видат целосното затемнување на Месечината, феномен познат...

Свет4 часа

Поради снежна бура во САД откажани 5 000 летови

Поради снежната бура и последиците од естремно ниските температури што ги зафатија сојузните држави во централните и северноисточните делови на...

Свет6 часа

„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација

Папата Франциско лансираше нова дигитална платформа во своето традиционално неделно обраќање што ќе им овозможи на верниците да се молат...

Македонија19 часа

Со мерките за загаденоста, властите се борат со последиците наместо со проблемот

Над 150 деца во моментов се хоспитализирани на Детската клиника, а голем дел од нив се соочуваат со респираторни нарушувања...

Македонија21 час

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува распустот за сите ученици

Поради големото загадување на воздухот, се продолжува зимскиот распуст за сите ученици заклучно со вторник 22 јануари, соопшти Владата на...

Македонија21 час

„Никоб“: Обврската на вработените е да обезбедуваат, а не да напаѓаат новинари

Националната агенција за обезбедување „Никоб“ и годинава традиционално ја обезбедуваше манифестацијата на положување на Светиот Крст во водите на Вардар....

Спорт22 часа

Македонија се намачи, но го победи Чиле

Македонија официјално го заврши настапот на Светското првенство во ракомет во Германија и Данска со пласман на 15. место, откако...

Македонија24 часа

Бесплатен јавен превоз, поскап паркинг и запирање на градежните работи поради загадувањето

Наместо градоначалникот на Град Скопје Петре Шилегов, на прес-конференција денеска се појави неговиот портпарол Ваљон Салиху кој ги соопшти чекорите...

Свет1 ден

Британците го молат принцот Филип да ја врати возачката дозвола

Војводата од Единбург е забележан како вози нов „Ленд Ровер“, два дена откако учествуваше во сообраќајна несреќа на пат во...

Свет1 ден

(Видео) Ужас во француски ски-центар, две лица изгореа во пожар во хотел

Најмалку две лица загинаа а повеќе се повредени во пожар кој изби во хотел рано утрово, во ски ресортот Куршевел...

Свет1 ден

(Видео) Силен земјотрес во Чиле, двајца загинати и илјадници без струја

Силен земјотрес со интензитет од 6,7 степени по Рихтер го погоди средишниот и северниот дел на Чиле. Најмалку две лица...

Свет1 ден

Трамп понуди договор за миграција во замена за блокадата на Владата

Американскиот претседател Доналд Трамп предложи договор за миграција во кој за финансирање на ѕидот на границата со Мексико, тој нуди...

Економија1 ден

СДСМ: Кон средината на годината ќе се воведе поврат на ДДВ за физички лица

Владата предводена од СДСМ во претстојната 2019 година продолжува да ги спроведува зацртаните мерки што се во интерес на граѓаните,...

Досие