Контакт

Економија

Арсовски: Европската комисија потврди дека економијата оди надолу

Објавено пред

Вчера пристигна уште една потврда од Европската комисија дека економијата секојдневно оди во надолна линија и пропаѓа, изјави на прес-конференција портпаролот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Европската комисија во есенскиот извештај објави ревидиран извештај каде што според нивните проекции ја намалија проценката за растот на БДП од 3.1 осто на 2.1 отсто, односно за цел 1 процент помалку. Иако релевантните институции во текот на првата половина на годината беа оптимисти дека годината ќе се заврши порастот на БДП над 3 отсто, ние бевме убедени уште тогаш и уште од почетокот на годината предупредувавме дека оваа неспособна влада на СДСМ ќе ја дотера економијата до крах и ќе ги донесе граѓаните и компаниите на работ на егзистенцијата“, рече Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ додаде дека лошите економски политики, непосветеноста на реалните економски политики од страна на Владата, лошата реализација на капиталните инвестиции, како и најавата на лошите реформи за даночниот систем, се само малку од причините за лошите резултати на полето на економијата до сега, но и оние кои  следат во наредниот период.

„Задолжувањата ги преминаа сите можни граници, а ниту еден проект не е реализиран. Република Македонија на крајот на годината ќе има убедливо најлош раст на БДП во регионот. За жал, сликата ќе биде иста како и минатата година, сите земји од регионот ќе се пред нас, а ние ќе сме убедливо на дното. Од земја која беше лидер во регионот во економска политика, сега се тркаламе на дното“, рече Арсовски.

Додаде дека некој мора да понесе одговорност за лошата економска ситуација во државата и побара од министерот за финансии, Драган Тевдовски, да поднесе оставка уште веднаш.

Економија

Банкнотата од 500 евра заминува во историјата

Објавено пред

Централните банки на Германија и Австрија само до крајот на неделава, односно до 26 април ќе издаваат банкнота од 500 евра. Преостанатите 17 централни банки во еврозоната го прекинаа печатењето на таа банкнота уште во јануари.

Европската централна банка во 2016 донела одлука во новата серија банкноти со зголемени безбедносни карактеристики повеќе да не биде и таа од 500 евра. Надлежните сметаат дека укинувањето на оваа банкнота ќе придонесе за сузбивање на тероризмот и работата на црно.

Претседателот на германската централна банка, Јоханес Берман, за весникот ,,Франкфуртер алгемајне цајтунг” изјави дека централните банки во Германија и Австрија досега издавале најмногу банкноти од 500 евра.

„Затоа беше донесена одлука тие последни да го престанат со издавањето. Голем логистички потфат е сите банкноти од 500 евра да се заменат со банкноти од 100 евра”, рече Берман.

Моментно уште во оптек се 509 милиони парчиња банкноти од 500 евра со номинална вредност од 256 милијарди евра.

Прикажи повеќе...

Избори 2019

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Објавено пред

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот на владејачката СДСМ, Стево Пендаровски, на социјалните мрежи напиша дека ова е горчлива победа, а резултатот треба да биде поука за сите. Тој истакна дека е дојдено време за одговорност на дел од функционерите од СДСМ како и пензионирање на голем дел од политичката елита на Албанците во државата.

-Горчлива победа. Резултатот поука за сите нас. Граѓаните знаат да наградат, а и да казнат. Посебна честитка до гласачите Албанци кои дадоа поддршка за Стево Пендаровски, како и за извонредниот резултат и поддршката што ја доби кандидатот Блерим Река! Граѓаните Албанци јасно демонстрираа дека е дојдено време од политичката сцена да се пензионира голем дел од политичката елита на Албанците во Република Северна Македонија!!!
Време е и за одговорност и на дел од функционери од нашата СДСМ, напиша Зекири на социјалните мрежи.

Вечерва и двете партии, СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ прогласија победа. Според последните резултати од ДИК, кандидатот Стево Пендаровски е во водство со 323.040 гласови пред Гордана Силјановска Давкова која од преброените гласови досега има освоено 318.535 гласа. Единствениот кандидат Албанец, поддржан од Алијансата на Албанците и Движењето Беса, Блерим Река, освои 79.787 или 10,58 отсто од запишаните гласачи.

Прикажи повеќе...

Економија

Компанијата „ФИАТ – Крајслер“ повлекува 300.000 возила во Северна Америка

Објавено пред

Фирмата „ФИАТ – Крајслер“ (ФАА) објави дека ќе повлече повеќе од 300.000 возила во Северна Америка поради неисправност на менувачот.

Повлекувањето се однесува на компактните автомобили „доџ дарт“ произведени од 2013 до 2016 година со автоматски менувач во шест брзини.

„Поради неисправност, кога возачот ќе се паркира или ќе префрли во друга брзина, може да се случи брзината да не се промени“, соопштија од ФИАТ.

Компанијата исто така порача дека не добиле информации за некоја несреќа или повреда, но ги советуваат сопствениците да го исклучат моторот и да ја подигнат рачната сопирачка пред да излезат од автомбилот.

Продавачите ќе го поправат дефектот без трошоци за сопственикот, а повлекувањето на автомобилите се очекува да почне на 31 мај.

Прикажи повеќе...

Најново

Свет16 минути

Евакуирана Сиднејската опера поради истекување на гас

Стотици луѓе се евакуирани денес од Сиднејската опера и околината поради истекување на гас, а раководството на куќата објави дека...

Регион58 минути

Убиецот на бугарската телевизиска новинарка осуден на 30 години затвор

Бугарскиот суд го осуди Северин Красимиров на 30 години затвор за силување и убиство на телевизиската новинарка Викторија Маринова. Телото...

Свет59 минути

(Видео) Базен на врвот на висококатница се излеа за време на земјотресот во Манила

Филипини вчера ги погоди силен земјотрес со интензитет од 6,3 степени според Рихтер, поради што се тресеа многу згради а...

Свет2 часа

Најмалку 11 жртви и 24 исчезнати во земјотресот во Филипини

Најмалку 11 лица загинаа, 24 исчезнати, а повеќе од 80 се повредени во земјотрес со јачина од 6,1 степен, кој...

Топ12 часа

(Видео) Дац му подари метла на Заев, премиерот возврати – чистка ќе има

Актерот Драган Спасов Дац на вечерашната трибина на СДСМ во Карпош му подари метла на премиерот Зоран Заев, порачувајќи му...

Европа15 часа

Курц ја осуди песната во која мигранти се споредуваат со стаорци

Aвстрискиот канцелар, Себастијан Курц, побара од помалиот партнер во владејачката коалиција, десничарската Партија на слободата на Австрија, да се дистанцира...

Избори 201916 часа

(Видео) Поништено гласањето на избирачко место во Ѓорче Петров, имало вишок гласачки ливчиња во кутијата

Три гласачки ливчиња повеќе во кутијата од бројот на гласачи нотира Државната изборна комисија во едно избирачко место во општина...

Свет17 часа

Кои се жртвите во Шри Ланка: Деца, познати готвачи, келнери, политичари…

Во терористичките напади во Шри Ланка загинаа најмалку 290 луѓе, а повеќе од 500 се повредени. Меѓу нив, повеќето луѓе...

Избори 201918 часа

ОБСЕ: Изборите беа добро спроведени, но потребна е реформа на изборното законодавство

Во првиот круг на претседателските избори гласачите беа во можност да се информираат пред да го направат својот избор помеѓу...

Македонија20 часа

(Видео) Николоски го наклеветил Вице Заев, но нема да му плати 30 илјади денари отштета

Судијката од Основниот суд Скопје 2, Кети Германова, заедно со двајца судии поротници, донесе пресуда со која утврди дека потпретседателот...

Избори 201920 часа

(Видео) Јанушев: Со постигнатите резултати ВМРО-ДПМНЕ би освоила 53 пратенички мандати, а СДСМ – 41

Вчера се потврди дека кај граѓаните има апатија поради криминалот, корупцијата и сиромаштијата, порача генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев,...

Избори 201921 час

(Видео) Пендаровски: Не сум изненаден од резултатот, ја разбрав пораката на граѓаните

Претседтелскиот кандидат Стево Пендаровски вели дека не е изненаден од резултатите од гласањето и дека ја разбрал пораката на граѓаните....

Избори 201922 часа

Река: Нема да тргуваме со гласовите

Од изборниот штаб на претседателскиот кандидат Блерим Река, по вчерашните повикувања и на двајцата кандидати, Силјановска и Пендаровски, кои се...

Свет23 часа

Локална исламистичка група одговорна за нападите во Шри Ланка

Владата на Шри Ланка објави дека зад оргнизираните напади на цркви и хотели на Велигден стои екстремистичката група Нешенел Товид...

Топ23 часа

Убиени татко и неговиот осумгодишен син во Слупчане

Татко и неговиот осумгодишен син се пронајдени мртви во автомобил во близина на кумановското село Слупчане. Според информациите од кумановското...

Избори 20191 ден

Дука нов градоначалник на Дебар, во Охрид и во Ново Село ќе има втор круг

Хекуран Дука, кандидатот на ДУИ за Дебар, победи на локалните предвремени избори што се одржаа вчера заедно со претседателските. Дука...

Свет1 ден

Ден на Земјата – што може секој поединец да направи за да ја заштитиме нашата планета?

Додека голем број граѓани од католичка вероисповед од Европа и светот го празнуваат првиот ден од Велигден, 22 Април исто...

Топ1 ден

Еден мотоциклист загина, а друг тешко повреден во сообраќајна несречќа на патот Скопје-Велес

Еден мотоциклист загина, а друг е тешко повреден во сообраќајна несреќа што се случила вчера на автопатот „Пријателство“, во атарот...

Вести1 ден

Бројот на жртви во терористичките напади во Шри Ланка се искачи на 290

Бројот на жртви во терористичките напади во цркви и хотели во Шри Ланка порасна на 290, а бројот на повредени...

Избори 20191 ден

Зекири: Горчлива победа, граѓаните знаат да наградат, а и да казнат

Пратеникот од СДСМ Мухамед Зекири, по завршување на првиот круг од претседателските избори на кои во тесно водство е кандидатот...

Досие